дома блог страница 1554

Држава на седативи: Само до 14ч. денеска препишани 11.000 рецепти за Диазепам

Докторот специјалист Ненад Лазаров, кој утрово објави дека само до 08:30ч. биле препишани дури 1100 кутии Диазепам, попладнево напиша нов статус на својот ФБ профил.

Според информацијата, Лазаров вели дека до 14:00ч. биле издадени над 11.000 кутии со Диазепам….

Иста инфрмација докторот објави и вчера, кога според бројките биле препишани над 9.400 рецепти за истиот лек.

Николовски: Kpиза е, ама обезбедивме сѐ што може да се обезбеди

Оваа година ќе мора да ја менуваме свеста, ќе менуваме сѐ во земјоделието и ќе мора да го правиме она што го бара пазарот. Ако сме најусогласена земја со заедничката европска политика, ќе мора тоа и на дело да го покажеме, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во обраќањето на настан по повод 1 јуни Светски ден на млекото, што се одржа во дворот на компанијата „Бимилк“ во Битола.

– Криза е, ама обезбедивме сѐ што може да се обезбеди. Единствена земја во регионот во која вештачко ѓубриво се субвенционира со 40 отсто, поддршката за зелена нафта сега, со ребалансот ќе се измени до 100 проценти . Интервентен фонд не постои во ниедна друга земја, а ние оваа година имаме 15 милиони евра плус за интервентниот фонд. Тоа е обврска и за сите сточари и за сите земјоделци, да се усогласиме и заедно да ги менуваме работите и да се приклучиме на сите трендови, изјави Николовски, порачувајќи им на присутните млекопроизводители да не се грижат за исплатата на субвенциите, бидејќи се обезбедени 500 милиони денари за да им се исплатат средства за сите фази.

Во своето обраќање Николовски ги потенцираше сите мерки кои Министерството ги превзема за поддршка на млекопроизводителите и сточарите со посебен осврт на новиот модел на субвенционирање.

– Од оваа година почнува пилот проект за авансно субвенционирање најпрво во овоштарството а од 2023 за сите земјоделци, со кое ќе се овозможи 90 дена по аплицирањето земјоделците да добијат 30 отсто од сумата, а останатите 70 проценти ќе ги добиваат како и досега. Со ова ќе започне исплата на субвенциите од оваа за оваа година, нема да чекате до следната година за да ги добиете субвенциите, рече Николовски.

Тој потсети дека Министерството презеде низа мерки за поддршка на сточарите, како што е новата Програма за директни плаќања ги зголемивме субвенциите во сточарството.

– Ја зголемивме поддршката за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло и исто така ја зголемивме и субвенцијата кај обележани грла овци од 1000 на 1200 денари. Оваа година за прв пат воведовме дополнителна субвенција за квалитет на млеко. Производителите на кравјо млеко кои произведуваат млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко исто така ја зголемивме од 4,5 денари по литар на 5,5 денари по литар млеко. На овој начин се стимулираат производителите на млеко да произведуваат квалитетно млеко, што ќе влијае на зголемување на откупната цена на млекото, додаде министерот.

Тој потенцира дека во услови на економска криза, преку Интервентиот фонд е воведена интервентна субвенција во износ од 5,5 денари за кравјо млеко произведено и предадено во преработувачки капацитети во периодот од јануари до април 2022 година, со која на млекопороизводителите им се помага полесно да ја надминат економската криза.

– Како еден од главните параметри за успешност во производството на млеко и млечните производи е избирање на вистинските млечни раси. Ова е година на историски највисока набавка на високопедигрирани грла добиток, со висок генетски потенцијал. Сточниот фонд ќе се обнови со високомлечни раси. Со тоа ќе имаме и зголемено производство на млеко. Потпишани се договори со 103 баратели кои ќе бидат поддржани со вкупна сума од над 253 милиони денари со кои сточарите ќе можат да набават вкупно 3842 грла високопедигриран добиток. За сточарите е особено важно да имаат доволно сточна храна. За таа цел, во подготовка се и нови јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште над 3 ха, од кои едниот ќе биде наменет за одгледување на сточна храна, истакна Николовски.

Воедно, министерот Николовски упати честитки до компанијата „Бимилк“ по повод јубилејот, 70 години од нивното постоење.

Изложбата “Празна галерија” на уметникот Методи Исков од Прилеп од петок во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”

На 3 јуни 2022 / петок/ од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела од Методи Исков. Изложбата насловена „Празна галерија“ ќе понуди скулптури и слики, а е поддржана од Министерството за култура.

За изложбата „ПРАЗНА ГАЛЕРИЈА“

Поглавје 1
Дали ја препознаваме уметноста?

Делото “Празна галерија” претставува инсталација со репродукции на скулптурите кои се одбрани земајќи го во предвид периодот на создавање во време во кое уметноста можеби не се сметала за “комплицирана”. Истата ги поставува прашањата: Дали фигуративноста е повеќе препознатлива за пошироката публика? Дали несообразното толкување на ликовните перцепции и интерпретации на уметничкото творештво го продлабочуваат нарушениот однос помеѓу поединецот/посетител и уметникот? Каков е односот помеѓу публиката и уметникот во современието и нејзиното разбирање на уметничките дела? Дали на уметноста гледаме како на мал отвор без притоа да стигнеме до нејзината суштина?

Поглавје 2
Која е цената на уметноста?

Поставката на Празна галерија – поглавје 2 се состои од скулптури и слики поставени во однос на маркет производи (редимејд) кои взаемно се поврзани со лента на која е испишано “гратис”. Оваа инсталација од портрет на античка скулптура/слика и до нејзе поставено производ (редимејд) Прашање кое си го поставувам себеси, но воедно и на публиката. Дали се сведуваме на материјалноста така што културата и уметноста стануваат “ефтини”?
Со оваа скулптура сакам да го доловам концептот на тоа колку ја цениме и вреднуваме уметноста односно дали уметноста е толку евтина што може да ја купиме и во маркет па и во некои случаеви да ја добиеме како гратис.
Оваа инсталација од портрет на античка скулптура и до нејзе поставеното сончогледово масло кое меѓусебно се поврзани со лента на која е испишано „гратис“ е композиција која сметам дека го доловува моментот на маркет, а со поставеноста во ликовна галерија концептот добива сериозна перспектива.

Поглавје 3
Кога уметничкото дело е комплетно завршено?

БИОГРАФИЈА

Методи Исков е роден на 24.05.1990 година во Штип. Во 2009 година завршува Гимназија во Прилеп, јазично – уметничко подрачје. Во 2014 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, во класата на проф. Станко Павлески.

Покрај индивидуалните уметнички ангажмани, важен дел од неговото работно искуство е изработка на скулптури вклучени во урбанистички план на град Скопје, учевство при изработка на палета мозаици, од кои можат да се истакнат мозаиците во Црквата Св.”Констанин и Елена” – Скопје, мозаик поставен в базиликата на Св. “Благовештение” во Незарет – Израел со ликот на “Пресвета Богородица”, мозаиците на Црквата Св. “Петка” – Прилеп, итн. Повеќе мурали во градот Прилеп, од кои може да се истакне муралот во Градската Библиотека “Борка Талески” – Прилеп, уметничко уредување на Етно Крушево и многу други.

Учевствувал на повеќе групни изложби во Македонија и досега реализирал една самостојна изложба со наслов “Празна галерија” во 2018 година.

Од групните изложби може да се истакне Биенале на млади уметници 2021 година кое се одржа во Музеј на современата уметност Скопје. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп од 2011 година, кога во 2020 година станува претседател на ДЛУП.

Камион заглавил во тунелот после Плетвар (Фото)

На Инстаграм профилот на Роберто Навали, објавено е дека синоќа товарен камион се заглавил во тунелот после Плетвар.

Од видеото може да се види дека на камионот од непознати причини му се заглавила приколката, па истиот се отстранувал со помош на багер.

УТРЕ Е СПАСОВДЕН: 40 дена по Велигден оваа работа никако не смеете да ја направите според народните вepyвања

Верниците утре на 2 јуни го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година. На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

Maлолетник со тешки повpeди донeceн во прилепската болница откако паднал од тpaктop

На 31.05.2022 околу 16.30 часот во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на регионалниот пат Ропотово-Чашка, кај место викано Иљачица, малолетник од с.Црнилиште, општина Долнени, yпpaвyвajќи тpaктop без регистарски ознаки, изгyбил контpoла и паднал, при што се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во болницата во Прилеп. Увид извршила екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Гимназијалката Софија Гешоска трето место на Државниот натпревар по биологија

Во организација на Друштвото на биолози, на 14.05.2022 година во просториите на Природно – математичкиот факултет се одржа Државниот натпревар по биологија.

Ученичката од гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп, Софија Гешоска, од III-7 клас, во конкуренција на 84 натпреварувачи, на државниот натпревар го освои третото место. Ментор на Гешоска е професорката по биологија Софија Крстеска.

Софија Гешоска до успехот стигна преку освоените втори места на општинскиот и на регионалниот натпревар по биологија. Таа е одличен ученик и во континуитет освојува медали на натпреварите по природните науки. Успешна беше на државните натпревари по хемија, минатата година, по биологија минатата година го освои второто место и оваа година по географија го освои првото место.

Вистински пример за вреден и исполнителен гимназијалец.

Нова одлука: Pегулаторна ве чести со уште по 3 денари на литар – знаaт дека можеме и повеќе

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 % во однос на одлуката од 31.05.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,584%, кај дизелот за 4,856%, кај екстра лесното масло за 4,514% и кај мазутот зголемувањето е за 1,099%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.

Од 2.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 107,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 109,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 95,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,467%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Ништо не е готово? Од полноќ нови цени на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа.

– Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ, изјави портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари.

Со вчерашното зголемување на цените на горивата, Еуросупер БС-95 и дизелот поскапеа за девет денари, а Еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар е поскапо и Екстра лесното масло за домаќинство. Литар Еуросупер БС-95 чини 104 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 106,5 денари. Новата цена на дизелот е 95 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 93 денари.

Од денеска започна реконструкцијата на дел од плоштадот во Прилеп: Од општината бараат разбирање и трпеливост од дуќанџиите

Денес, 01.06.2022, започна реконструкцијата на кракот од улицата „Борка Талески“, односно дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ на потегот од споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“ – информираат од општина Прилеп.

-Со оглед на градежните активности кои ќе се одвиваат следниот период на ова место, Општина Прилеп ги замолува граѓаните и дуќанџиите кои делуваат во тој дел на чаршијата за поголемо трпение и претпазливост во нивното движење таму каде што ќе се одвиваат градежните активности.

Исто така, имајќи предвид дека комплетно ќе се реконструира и водоводната мрежа сакаме да ги известиме граѓаните дека во одредени делови ќе има прекин на водоснабдувањето поради градежните зафати.

Овој проект е од големо значење за општина Прилеп, како и за враќање на сјајот на прилепската чаршија – стои во соопштението од општина Прилеп.