Ламбе настапи на пpoтecтот пред Влада и го запали францускиот предлог: “Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка”

Познатиот македонски пејач Ламбе Алабаковски кој неодамна беше лишен од слобода, па ослободен за подметнување на пожар во таканаречениот културен центар Ванчо Михаилов во Битола, вечерва настапи на протестот пред Владата на Република Македонија, на кој што исто така имаше и говор пред насобраните Македонци кои што веќе трет ден по ред протестираат против францускиот предлог.

Инаку, на Алабаковски првично му беше определен ефективен притвор, но под притисок на јавноста судот ја менуваше одлуката на два пати, односно беше пуштен во домашен притвор, па пуштен да се брани од слобода односно му беа определени мерки за претпазливост.

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог.

Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие штетни договори за Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.