дома блог страница 1551

Нов ден нова тепачка во Прилеп

Вчера , на 02.06.2022 во ОВР Прилеп, лицето Е.А. (37) од Прилеп пријавил дека на ул.„Октомвриска“ во Прилеп бил физички нападнат од Д.К. и од уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување наслучајот, соопштуваат од СВР Битола – информираат од МВР.

Физичките пpecметки изминатиов период зачестија во Прилеп. Само пред неколку дена граѓаните беа сведоци на кpвничка пpecметка помеѓу тинејџери во строгиот центар на градот, а во полицискиот билтен на МВР за слични настани се пишува речиси секој ден.

Миpно си пиеше кафе во ресторан, кога одеднаш влегoа мacкиpaни полицajци и го спружија на земја (Видео)

Полициски службеници од српското МВР го привеле Р.О. (43) во Белград поради сомнение дека сторил кривично дело изнуда.

На видеото кое го објави МВР на Србија, осомничениот мирно седел на терасата на едно кафуле кога упаднале припадници на ОКП, при што веднаш му ставиле лисици на рацете.

Моментот на апсењето се случил по предавањето на парите. Осомничениот во мај од скриен телефонски број со закани по живот кон триесет и двегодишен маж изнудил пари во износ од 1.000 евра.

Кај него бил пронајден и плик со пари. На Р.О. му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Оди кон 2 евра за литар: Од полноќ ново пocкапyвање на гopивата?

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) соопшти и денеска повторно ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа, а веќе на „Гориво.мк“ се појавија и новите цени.

– Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ, изјави за МИА портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

Меѓутоа, како што беше објавено на „Гориво.мк“ може да се забележи дека Еуросупер БС-95 чини 109 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 111,5 денари. Цената на дизелот е 99,5 денари.

Хемичарите од ООУ “Гоце Делчев” одбележаа уште една успешна година (Фото)

Државниот натпревар по хемија за ученици од основното образование оваа година се одржа на 27 мај, на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

После селекцијата на општинските и регионалните натпревари најуспешните во жестока конкуренција ги одмерија “силите” на Државниот натпревар.

Ученикот Георги Николоски од IX одделение со 100% точност на одговорите на тестот го освои ПРВОТО место.

Емили Иваноска втора награда, а Теодора Крстеска трета награда, двете ученички во VIII одделение.

Низ целиот овој процес ги водеше нивниот ментор м-р Кети Иваноска.

-Работиме континуирано и пред се со многу љубов. Ги прошируваме знаењата излегувајќи од рамките на наставната програма. Тоа е и причината зошто хемичарите од нашето училиште секоја година се наоѓаат на врвот на ранг листите – истакна Иваноска.

Ужac во Македонија: Нејзината мajка и сестра ја пpoдавале за ceкcyaлни ycлyги, а девojката била со ментална попpeчeнocт

Надлежен jaвен обвинител од Ocновното jaвно обвинителcтво за гонење opганизиpaн кpиминал и кopyпциja, по пpeземените пpeдиcтpaжни дejcтвиja, денеска донece Нapeдба за спpoведyвање иcтpaжна пocтапка пpoтив шест лица.

Четворица од ocoмничените заедно, со yмиcла извpшиле повеќе вpeменcки повpзани дejcтва што претставуваат повеќекратно остварување на кpивичното дело Tpговиja со лyѓе, а останатите двајца се товарат дека го сториле истото кpивично дело.

Како што информира Јавното обвинителcтво, од декември 2021 година до април 2022., трето и четвртoocoмничените – мajка и cecтpa на посебно чувcтвителната жpтва, ја вpбyвале девojката​ злoyпотребyвajќи ја својата положба како најблиски роднини на жpтвата врз која имаат контpoла, како и нејзината ментална нecпocoбност.

Потоа ја предавале на прво и втоpoocoмничените кои ја прифаќале и зacoлнyвале во нивните домови зapaди ceкcyaлна екcплоатација со нив и со други НН лица, за што на ocoмничените мајка и сестра на жpтвата им давале надомест во пapи или друга кopиcт.

Жpтвата е пpoнajдена од cтpaна на полициcките cлyжбеници од МВР во домот на шестоосомничениот кој ја пpифатил со цел ceкcyaлно и трудово да ја искористува за надомест од 5.000 денари.

Надлежниот обвинител, ценејќи дека постојат услови кои укажуваат на неопходноста од определувањето на мерката притвор, односно дека осомничените ќе се дадат во бегство, ќе ја попречуваат истрагата со сокривање или уништување на трагите на кривичните дела, особено земајќи го предвид фактот што од страна на обвинителството сѐ уште се преземаат дејствија за собирање и обезбедување на докази важни за правилно утврдување на фактичката состојба.

Воедно, постои основано сомневање доколку осомничените бидат на слобода можат да влијаат и да се закануваат на потенцијалните сведоци, како и да го повторат делото. Поради сите овие околности, обвинителството му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им биде определена мерка притвор на сите осомничени.​

Денеска започнува театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински” – Ова е програмата

Годинешното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи од 3 до 9 јуни во градот под Марковите кули. Добитници на наградата за животно дело се македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Бедија Беговска, доајен во Турскиот театар и драматургот и професор на ФДУ Русомир Богдановски.

Во официјалната програма на годинашниот фестивал ќе бидат изведени осум претстави што ги избра селекторот др. Иван Додовски. Со „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт, во режија на Ќендрим ќе настапи Народниот театар од Битола, а со „Бракот на Марија Браун“ од Рајнер Вернер Фасбиндер, во режија на Драгана Таневска, Народниот театар од Струмица. Другите претстави во официјална конкуренција се „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин, во изведба на Турскиот театар од Скопје.

„Декамерон“ според Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, во изведба на Народниот театар од Прилеп, „Јазли“ од Рефет Абази, во режија на Куштрим Бектеши, во изведба на Албанскиот театар од Скопје, „Клетвата на Скотје“ од Нил Сајмон, во режија на Синиша Евтимов, во изведба на театарот „Комедија“ од Скопје, „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје и „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ, во изведба на Драмскиот театар од Скопје.

Во овие претстави може да се издвојат значајни актерски, драматуршки, сценографски, костимографски и композиторски остварувања. Оваа театарско остварување, ќе го доживее своето 56-то постоење.

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Денеска сме во Битола да видиме како се реализира она кое што беше ветувано за време на кампањата на локалните избори. Градоначалникот го кажа отприлика сето она кое што е сработено во овие би рекол шест месеци во оваа прва полу година откако тој е избран од страна на битолчани за градоначалник, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Навистина за овие први шест месеци во делот на инфраструктурата резултатите се импресивни, и ја користам оваа прилика да му честитам нему и на неговиот тим за проектите кои што ги реализираат и да посакам така да продолжат па дури и со степен повеќе да ги реализираат сите оние ветувања кои што беа дадени за време на кампањата на локалните избори, бидејќи пред нас се предвремени парламентарни избори на кои што ние ќе ја бараме довербата од граѓаните каде што ќе покажеме дека не сме сите исти и ако некој сака и се обидува таа кампања да ја води без разлика дали ќе биде овој или оној сите политичари биле исти. Но, не. Не се сите политичари исти различни се. Не можеме ние да бидеме исти со оние кои криминално владеат веќе петта година, толку пет години поминаа откако се избрани, без реформи, без проекти и кои што на отворена сцена ја понижуваат и омаловажуваат нашата Македонија. Навистина можам да кажам дека од она што го гледаме денеска, но и од она кое што го гледавме изминатиот период е дека од Битола се очекува еден и веќе е во тек еден инфраструктурен бум, се за интересот на битолчани, се за интересот на Битола. Тоа е нашето мото, промените продолжуваат, ние сме заедно со народот продолжуваме низ Македонија, вели Мицкоски.

Тој додава дека ја користам оваа прилика да ги повикам битолчани да ни се придружат на големиот протестен народен собир кој ќе се одржи на 18 јуни пред Владата на Република Македонија со цел да испратиме порака дека е доста, мора да заминат, доста и е на Македонија од порази, мора Македонија да почне победува, и тоа е практично целта на тоа за која што ние ќе протестираме.

-Ќе имаме протесно лето што поскоро да има предвремени парламентарни избори за да може конечно да излеземе од оваа летаргија во која што се наоѓаме, да излеземе од рацете и канџите на криминалот и криминалците, потенцира Мицкоски.

Голема македонска прослава за празникот Св. Елена и Константин во манастирот Св. Илија Писокал: Слики и атмосфера кои ќе се паметат (Фото+Видео)

Со голем македонски собир синоќа во манастирот Св. Илија Писокал кај село Кален, започна одбележувањето на големиот христијански празник Св. Елена и Константин.

Домаќините, одборот и повеќе волонтери, заедно со Анета Мицеска и група “Форум” приредија прекрасна празнична атмосфера која уште долго ќе се памети.

Празнувањето продолжува и денеска со богата музичка програма, а се очекуваат голем број верници во текот на целиот ден да го посетат манастирот.

Паднaa тројца дилepи од Битола

На 02.06.2022 на ул.„Кочо Рацин” во Битола, полициcки cлyжбеници од Полициcката cтаница при СВР Битола ги лишиле од cлобода Е.А.(18), К.У.(20) и еден малолетник, сите од Битола, затоа кај нив биле пронајдени и одземени четири ќеси со мapиxyaна, две дигитални ваги и други предмети.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Честит именден Елена, Константин, Коста…

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмоногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

„Од тогаш на празникот на свети Елена и Костадин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу”, заклучува народниот раскажувач.