Германската влада исполни едно од главните ветувања – минимумот ќе биде поголем. Но, дебатата во парламентот во петокот веднаш го отвори прашањето дали тоа е доволно за нормален живот поради високите цени.
Законската минимална саатница во Германија од 1 октомври ќе изнесува 12 евра, одлучи Бундестагот со гласовите на владејачката коалиција на Социјалдемократите, Зелените и Либералите и Левицата.
Членовите на Конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ/ЦСУ) беа воздржани, како и членовите на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).
Во моментов минимумот во Германија е 9,82 евра на час бруто. Таа сума на 1 јули треба да се зголеми на 10,45 евра. Во исто време, минималната плата за кратки, таканаречени мини работни места се зголемува од 450 на 520 евра.
Предлог-законот се базираше на тоа што во моментот околу 6,2 милиони вработени работат за саатница помала од 12 евра.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски експресно реагираше на социјалните мрежи откако беше опожарен културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.
Непознати сторители го запалиле влезот на културниот центар, при што изгорела плочката која го пишува името на објектот.
„Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија.
Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите“, напиша Пендаровски.
Живееме во време кога нормалниот живот станува луксуз. За повеќе од нормалното не може ни да се помисли во време кога живеачката станува сè поскапа, а семејниот буџет сè потенок. Ќе кажат кризата е увезена, но неспособноста на тие кои ја водат земјата е автентична, затоа и инфлацијата е двоцифрeна, затоа струјата е поскапена, затоа половина милион луѓе живеат во сиромаштија во нашата земја, и 90 илјади луѓе и овој месец работеа, но не земаа плата, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Неговото обраќање го пренесуваме во продолжение:
Неважни се бројките со кои се фали Владата кога сè погласен е крикот на оние кои не можaт да си ја платат струјата, на оние за кои маслото за јадење станува луксуз, скапите бензини недостапни, трпезите празни, а иднината за која сме сонувале – недостапна.
И продолжувањето по таа патека значи сигурна пропаст без можност за поправка, точка од која нема враќање, губење на Македонија и која така веќе ја има сè помалку. И сигурно ви е позната максимата дека како што е сега, никогаш не било порано, но секој еден човек на нашата Македонија длабоко во себе знае дека се доближуваме до точката која доколку се продолжи со истото, навистина нема да има поправка ниту промена за иднината за која сонуваме, ја заслужуваме, и за која се бориме.
Не постои ниту најмала надеж дека со оваа Влада може да биде барем нешто подобро, тие се веќе во шестата година од своето владеење кое донесе живот на национална катастрофа, во секое поле, во секој сегмент.
Пет години на загубена надеж, на изневерени очекувања, разочарувања и национални предавства. И ова што го констатираме не е простодушна партиска порака, туку човечко обраќање на човекот до вас, кој ви се обраќа вам, слободните луѓе на нашата Македонија.
Ова обраќање е во име на ВМРО-ДПМНЕ, но во својата суштина е надпартиско, обединувачко, неполитичко, со чиста емоција, јасна порака која треба да ечи дека дојде часот, дека молкот во овие времиња не е опција, дека е премногу, а границите на разумот се надминати.
Премногу е затоа што со оваа Влада животот вреди најмалку, премногу е од несреќи во кои загубените животи се само статистика, без одговорност од кој било, било да е Ласкарци, модуларната болница во Тетово, или автобуската несреќа во Бугарија.
Премногу е затоа што 10.000 наши пријатели, нечии браќа и сестри, роднини, познаници, соседи го загубија животот поради короната. Премногу е затоа што здравствениот систем не е во распаѓање, туку е распаднат.
Премногу е поради неплатената мака на земјоделците, чесните работници, поради плачот на мајките кои се делат од своите чеда што одат по белиот свет, поради неправедно осудените, упропастените судбини, поради животот во кој љубовта кон нашата Македонија се претставува за грев, и тоа од страна на оние кои нема светост по која не посегнаа, нема идентитетско прашање кое не го проблематизираа.
И со секој ден сè подалеку од ЕУ, сè повеќе криминал, корупција и тендери. Дојдоа со голема надеж и ветувања за напредок кон ЕУ, наместо тоа нема европска вредност која не ја погазија, а испорачаа рекет, договори во четири очи, фабрики со марихуани. И кога ќе ви кажат можат подобро, тие можат само полошо.
И затоа велиме во еден глас ПРЕМНОГУ Е. Време е за промени. А, промената сме сите ние, секој од нас ја носи силата на промените, слободна индивидуа со свој став, своја верба, надеж за иднината која мора да ја донесеме.
Сега е тоа време кога треба да се застане на вистинската страна, и да се заборават сите поделби помали од заедничката цел тоа е Македонија, иднина, и надеж за добар живот. Тие се подготвени на сè само за да ја задржат власта која ја гледаат само низ призма на привилегии, но нивната подготвеност не е поголема од нашата решителност и борба за преземање на контрола над нашите животи и извлекување на нашата Македонија од катастрофата во која сè подлабоко навлегува.
Ова се историски времиња, да не ја пропуштиме оваа шанса за вистинска пресвртница и спас на државата од сигурна пропаст. Постојат такви моменти кога е потребна одлучност и непоколеблива борба за вредностите во кои верувате. Постојат такви времиња кога е важно, вистински важно на која страна сте биле.
Замислете ако не беа комитите, и Илинденската епопеја, зарем ќе се изродеа партизаните кои ја продолжија битката на своите предци. Ако не беше тогаш решителноста на АСНОМ, ќе се дојдеше ли до независна Македонија? Ако не беше тој 8-ми Септември и силината на народот и неговата свесност, ќе имавме ли своја држава? Одговорите ги знаете. Како што сега знаеме дека не смееме да ја пропуштиме оваа шанса за спас на Македонија и победа на вредностите во кои веруваме и иднината што ја заслужуваме.
Повикуваме на обединување, здружување на секоја иднивидуа, машко и женско, христијани, муслимани, атеисти, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати, ова е твоја битка за нашата Македонија, за твојата и иднината на твоите деца. И кога каузата и влогот се големи, тоа значи дека нема да биде нити брза, ниту лесна таа битка, но нашата цел е праведна и со сигурност можеме да кажеме дека ќе победиме, ќе победиме заедно, силно, за големи чекори напред, за иднина која е светла, напредна, и која носи сигурност. Затоа ќе се излие таа енергија низ улиците, маалата, градовите и селата.
Почетокот на крајот вели дека тргнуваме за рушење на владата која е именител на сите наши колективни порази и неуспеси.
Стануваме на нозе, еден до друг, заедно, против владата затоа што ПРЕМНОГУ Е! ПРОТЕСТОТ Е ЗА ПРОМЕНИ.
Заедно, здружено, одлучно, за нашата Македонија.
Ве поканувам, почетокот на протестот за промени започнува 18.06.2022 во 20 часот, пред Влада на Република Македонија.
Во Општина Прилеп во тек е имплементацијата на проектот „Означување на културни и природни знаменитости во руралните средини во Пелагонискиот регион“ кој се реализира преку Центарот за развој на Пелаонискиот плански регион во партнерство со Општина Прилеп.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјодејството и руралниот развој(АФПЗРР).
Во изминатите денови поставени се 36 патоказни знаци за означување на природни и културни знаменитости во руралните подрачја на Општина Прилеп.
Следува поставување на 75 информативни табли за означување на природни и културни знаменитости во рурални средини – информираат од општината.
Во 10 часот денеска во средните училишта низ земјава започна полагањето по првиот екстерeн испит – Мајчин јазик и литература од државната матура за учебната 2021/2022 година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за тестот по македонски јазик се пријавени 11.060, за албански јазик 4.308 и за турски јазик 313 матуранти.
За полагање на матурата, која е услов за запишување на факултет, годинава се пријавиле 15.899 ученици кои завршуваат средно образование. Од нив, 7.135 се од гимназии, 8.504 од стручни и 260 од уметнички училишта.
Полагањето на вториот екстерен испит ќе биде на 13 јуни од 10 часот. Тој е по избор на учениците, а и оваа година најмногу се пријавиле за тестот по англиски јазик – 14.320 кандидати. Математика ќе полагаат 1.231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.
Резултатите треба да бидат објавени најдоцна 30 дена од полагањето на вториот екстерен испит. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија. Тестот по мајчин јазик (македонски, албански или турски) ќе биде на 10 август, а на 12 август испитот по изборниот предмет: математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија или естетика.
Покрај екстерни, матурантите имаат и два интерни испита и една проектна задача. Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година полагаат државна матура како и минатогодишната генерација, која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. На барање на минатогодишните матуранти да им бидат олеснети условите поради пандемиската година, бројот на екстерни испити беше намален од три на два односно третиот екстерен беше спуштен на ранг на интерен испит.
Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. На крајот на 2019/2020 првпат не беше организирана поради ковид-19.
Матурата во јуни 2021 ја полагаа околу 15.300 ученици. Средната оценка од двата екстерни испита лани беше 3,61 и подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше 3,48.
Културниот центар во Битола “Иван Михајлов” само што објави дека се опожарени нивните простории.
Во раните утрински часови беше опожарен објектот на Културен центар “Иван Михайлов” – Битоля. Очекуваме институциите во нај брз можен рок целосно да го расветлат случајот и сторителите да ги извадат пред лицето на правдата!!, пишува во нивната објава на Фејсбук.
Отворањето на центарот долго време ја брануваше јавноста, а бугарската државна делегација во Битола беше дочекана од голем број граѓани кои изразија револт против отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.
Со претставата “Народен непријател” од Македонскиот Народен театар, вечерва започна 56. издание на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп.
Фестивалот ќе трае до 9. јуни, а на програмата се осум претстави. Најновото издание на театарските игри во Прилеп започна со доделување на признанијата за животно дело на актерката Бедија Беговска, доајен во Турскиот театар и драматургот и професор на ФДУ Русомир Богдановски.
Со „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт, во режија на Ќендрим ќе настапи Народниот театар од Битола, а со „Бракот на Марија Браун“ од Рајнер Вернер Фасбиндер, во режија на Драгана Таневска, Народниот театар од Струмица. Другите претстави во официјална конкуренција се „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин, во изведба на Турскиот театар од Скопје.
„Декамерон“ според Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, во изведба на Народниот театар од Прилеп, „Јазли“ од Рефет Абази, во режија на Куштрим Бектеши, во изведба на Албанскиот театар од Скопје, „Клетвата на Скотје“ од Нил Сајмон, во режија на Синиша Евтимов, во изведба на театарот „Комедија“ од Скопје, „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје и „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ, во изведба на Драмскиот театар од Скопје.
Во овие претстави може да се издвојат значајни актерски, драматуршки, сценографски, костимографски и композиторски остварувања. Оваа театарско остварување, ќе го доживее своето 56-то постоење.
Масовната тепачка помеѓу тинејџери минатиот викенд и редицата други слични настани во изминатите викенди, веројатно е причината за ваквата урнебесна споредба на Прилеп со Мордор.
Излезете, уживајте во убава музика, кој каква сака, дружете се, конзумирајте одговорно алкохол и најважно…внимавајте да не наидите на некоја “орка или гоблин”…
Фотографијата која веројатно ќе насмее многумина е дело на број еден тапанарот од Прилеп, Илија Мирчески.
Ниту една иновација не поминува во Прилеп, ниту кога истата е платена и со неколку илјади евра. Белким некогаш ќе се врати она старото турско по сто стапа, па неранимајкото кој очигледно нема грам домашно воспитување, ќе научи вишокот на енергија другпат да ја троши на вистинско место.