Ви треба добро сместување за едно поинакво уникатно искуство? Ова е најдобрата платформа за таа намена

Кајак.мк е платформа која се занимава со промоција на туризмот во Македонија.

Поточно се работи за комбинација, платформа на која што има добар спој од новинарство и туризам, и преку приказните кои се раскажуваат од областа на туризмот, го прават кајак.мк одлична комбинација на медиум и промотор.

Идејата на овој проект кој успешно функционира веќе две години, е да се докаже дека кај нас има луѓе кои што навистина вредат и кои треба да го добијат заслуженото внимание.

Платформата „Кајак.мк“ има одлични совети за патување кои може да ви бидат од огромна корист за нова авантура.

Доколку сè уште размислувате каде да појдете за престојниот викенд, на летен одмор, или на неколку дена да посетите некое уникатно место, наш совет е да ја посетите платформата „Кајак.мк“ каде секојдневно се споделуваат нови уникатни сместувања, кои дел од нив се отцепени од јавноста, далеку од градските средини, а има и такви кои се наоѓаат во планински предели каде нема друго објект во соседството.

Покрај сместувањата кои се огласени на платформата, неодамна „Кајак.мк“ лансираше нова категорија именувана како „Гастромонија“ која има цел да ги собере сите уникатни места и семејства кои нудат вкусни гастрономски приказни.

Денеска Кајак.мк е повеќе од платформа. Кајак.мк е движење со кое се идентификуваат дигиталните номади, авантуристите, гурманите и луѓето кои се во постојана потрага по нешто ново и уникатно.

Посетете ја платформата веднаш и уживајте во откривањето на Македонија, верувајте ќе се изненадите какви се места има во нашата преубава држава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.