дома блог страница 1541

Мицкоски: “Јасно кажувам! Ако има договор со Бугарија кој е штетен и предавнички идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува”

Oвој договор кој го прави и ако го направи СДСМ кој ќе биде асиметричен, анационален и кој директно ќе задира во идентитетот на мојот народ и на Македонија немам намера во иднина кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи Владата да го почитувам, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Прво е билатерален Договор и никогаш нема да се помирам со фактот тој договор да влезе во преговарачката рамка затоа што тоа е дополнителна алатка на Бугарија да не ветуеизира кога сака и како сака“, кажа Мицкоски.

Мицкоски како второ посочи дека имаше тврдењата дека нема отворени прашања меѓу Бугарија и Македонија и запраша како можеше 2008-та година кога требаше Бугарија да влезе во Европската Унија да има изјава дека немаат отворени прашања со соседите? Како можеше кога Македонија влегуваше во НАТО, Владата на Борисов да каже дека нема отворени прашања со Бугарја? Како можеше кога Макрон стави вето поради методологијата, Бугарија никаде да ја нема и да кажува дека има отворени прашања?

Мицкоски потенцираше дека Генчовска кажа дека секоја недела се обраќа во Парламентот во Бугарија и ги информира пратениците за преговорите. Ние и кажавме дека со сила ги молиме претениците да доаѓаат, тие не доаѓаат.

„Ако влезе во таа преговарачка рамка овој билатерален Договор односно меѓусоседскиот договор, тогаш некој кој ќе биде на местото на Генчовска, на местото на Петков кога ќе му потреба може секогаш да каже дека оваа комисија за историски факти односно комисијата за историја не е ефикасна и вие го кочите договорот и ќе ве блокираме“, рече Мицкоски.

Сите детали за одронот на патот Росоман – Прилеп

Од 05:55 часот рег. пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот. Според информациите кои ги добивме од СВР Кавадарци, се работи за голем одрон на патот помеѓу Росоман и Прилеп кај месноста „Трите ленти“ . Изведувачот на новиот пат работи со механизација на расчистување на патот. Претпоставка е дека сообраќајот ќе биде во прекин 5-6 часа.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека и во текот на денешниот ден, како резултат на очекуваните локални интензивни врнежи, можни се локални појави на течење на вода низ градските улици (доколку таму се сконцентрирани врнежите), локални појави на брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, како и можни појави на свлечишта и одрон.

„Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во текот на денешниот ден“, додаваат оттаму.

Повеќе детали и информации во кој правец ќе се движи актуелната ситуација на регионалниот пат Росоман- Прилеп ќе следат во текот на денот.

(Видео) Како да фатило библиско невреме: Поројниот дожд пpeдизвика поплава и одрон на Плетвар

Утрово на социјалните мрежи беа објавени видеа од Плетвар. Поради одрони и поплава сообраќајот на патот е целосно во прекин.

Според видеото на патот има огромна количина вода, а се предупредува граѓаните никако да не се обидуваат да возат по патниот правец.

За сега нема информации кога ќе биде расчистен патот и кога ќе се нормализира сообраќајот.

„Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот“, информираат од АМСМ.

Засега не е познато кога и дали во текот на денот ќе се регулира сообраќајот на овој патен правец.

Сеќавање на прилепската актерска легенда: 7 години без Џумерко (Видео)

На 69-годишна возраст на 11 јуни во 2015 година, почина познатиот театарски и филмски актер Благоја Спиркоски – Џумерко.

Одиграл повеќе улоги, а најпознат ќе остане по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“.

Беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање. Џумерко имал огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.

Беше носител на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-година.

Џумерко е роден во во Прилеп, во 1946 година.

Поради одрон затворен за сообраќај патот Росоман-Прилеп

Од 05:55 часот рег. пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот – инфрормираат од АМСМ.

Засега нема ново соопштение кога сообраќајот ќе почне да се одвива по нормални услови.

Мицкоски: СДСМ неповратно тоне и никаков дефокус од ценовните шокови со монтирани процеси нема да ги спаси од народниот cyд

Сведоци сме на драматично тешки времиња за граѓаните и за Македонија. Најголемата закана по сигурноста и секојдневието на семејствата е токму растечката инфлација, ценовните шокови кои се случуваат на дневно ниво. Бензините кои пораснаа за двојно повеќе, струјата која повторно и одново ќе ја покачуваат. Растечките цени на сите производи по маркетите. Паричниците на семејствата се празни, исто како што се намалува драматично и куповната моќ на населението. И она што фрапира во целата оваа криза е отсуството на слух од страна на владата на СДСМ и ДУИ. Тие ги одбија нашите предлози во Собранието владата да се откаже од дел од акцизата на горивата и да ја примени повластената ставка на ДДВ за дел од производите во маркетите. И денес секој еден човек кој реди гориво по бензинските, и купува скапа храна по маркетите треба да знае дека за тоа е виновна оваа влада на СДСМ и ДУИ, ова денеска преку прес-конференција го истакна Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ да менаџира со целата криза преставува најголемата закана за сигурноста на секое семејство во Македонија. И во вакви едни околности на власта на СДСМ и ДУИ и треба дефокусирање на вниманието од животот во ценовни шокови и енормна инфлација и зголемена сиромаштија. И затоа во моментот се случуваат два паралелни процеси. Едниот е посипување на лаги, наметнување на систем на лажни обвинувања, сеење на пердуви кон опозицијата, кон ВМРО-ДПМНЕ и мене лично, а целта на сето ова е јавноста да се занимава со лагите наместо со ценовните шокови и катастрофата во којашто живееме. И за оваа цел власта тоа го прави директно, а и индиректно преку разни спотери, нејзини полуги и платени механизми. Тука главната цел сум јас лично и ВМРО-ДПМНЕ. Јас нема да бркам лажни пердуви, да се борам со нивните лаги затоа што тоа го прават цели 5 години, и јавноста добро може да процени против што се борам и која е намената на таквите постапки. И кога државата ми пропаѓа немам намера да губам време за нивните спинови и измислици. Вториот процес е дефокусирање на јавноста преку судски процеси и политички прогон како што го гледаме преку случајот Талир 2. И тука да бидеме на чисто, мојот став и понатаму е и родената сестра ако се огреши пред законот треба да одговара, но не преку политички монтирани процеси и окторирани и партизирани обвинители и судии. И немам дилеми дека треба да има апсолутна правда, безусловно почитување на законите и Уставот. Но, сето тоа треба да биде низ правна процедура, вели Мицкоски.

Тој додава дека сакам да ја искористам оваа можност ги пренесам до јавноста правните факти за случајот Талир 2 кој за жал нити обвинителството, а нити партизираното и корумпирано судство и судија ги земаа во предвид.

Самата објава на оваа пресуда наликуваше на се освен на она што треба да биде, а тоа е процесно дејствие. Истата наликуваше на ПОЛИТИЧКИ ПРОЦЕС во режија на СДСМ, ДУИ, обвинителите и судиите. После завршните зборови, веднаш следниот ден, дури и не можеа да ги прочитаат стенограмите од завршните зборови, пресудата беше веќе напишана и следеше само да биде соопштена на јавноста.
Истечен е рокот за да се води било каква постапка за овој предмет. Овој кривичен предмет на почетокот мора да напоменеме дека е поднесен незаконито од неовластен тужител, надвор од рокот од 18 месеци, од страна на сега осуденета со правосилна пресуда за рекет, поранешната СЈО Катица Јанева, односно обвинението е поднесено по истек на 16 месеци од овој рок. За ваквите процесни дејствија Врховниот суд веќе има заземено став дека истите се незаконити и практично водени од неовластен тужител.
ВМРО-ДПМНЕ во овој предмет не е обвинет, односно не е странка во постапката, а со пресудата се одзема имотот на ВМРО-ДПМНЕ, со што се повредува уставно загарантираното право на сопственост, без да при тоа се сослуша претставникот на политичката партија согласно одредбите од законот за кривичната постапка. Дури и во 1949 кога политички се отсекувале глави на политички неистомисленици и со еден или два сведоци се испраќале на Голи Оток или затворите на поранешната држава имало можност да биде сослушано лицето и странката. Во случајот воопшто не бевме сослушани, немавме право да си го кажеме нашето мислење и аргументи.
Кривичниот суд надвор од негови надлежности поништи Договор кој ВМРО-ДПМНЕ го склучила со правното лице АД Бетон Скопје, при што го конфискуваше исклучиво делот кој е сопственост на партијата. Во најмала рака е нелогично како овој договор е незаконит само за ВМРО-ДПМНЕ и се конфискува имотот кој го стекнала партијата, а е законит партнерот во тој договор и не му е имотот конфискуван.
Уште една нелогичност е дека предмет на конфискација е исклучиво објектот сопственост на партијата, а не и земјиштето на кое објектот е изграден.
ВМРО-ДПМНЕ на предметната локација имаше објект познат помеѓу своите членови и граѓаните во Македонија како „Жолтата зграда“ кој за никого не е спорно дека припаѓаше на партијата. Се поставува прашањето што со тој објект? Со ваквата пресуда ВМРО-ДПМНЕ е двапати незаконито оштетен, еднаш за новиот објект и еднаш за стариот објект неспорен за никого дека припаѓаше на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако во вештиот наод на одбраната во оваа постапка се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ во предметниот период имала и други приходи од членарини и од буџетот кои биле доволни за да се купат останатите партиски простории лоцирани низ Македонија, судот по барање на обвинителството без да обезбеди супер вештачење донесе одлука за конфискација на истите. И повторно сакам да потенцирам да биде запишано и јасно. ВМРО ДПМНЕ НЕ Е ИМОТОТ НА ПАРТИЈАТА, ВМРО ДПМНЕ Е НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ, ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, И ЗАТОА ОВАА КОНСТРУКЦИЈА НЕМА ДА ЈА ОСТВАРИ ЦЕЛТА ЗА КОЈА ШТО Е ИЗМИСЛЕНА.
Како обвинителството и судот утврдија дека предметниот Договор е незаконит затоа што бил несразмерен? Затоа што согласно Законот за процена на имот и Методологијата за изготвување на проценки, за идна градба, односно идна недвижност не може да се изготви проценка на пазарната вредност на истата. Ова е факт кој го знаат сите проценители и професионалци од областа. Од каде знаат колкава ќе е вредноста на објектот на партнерот во договорот? Можеби ќе биде милијарда евра, па делот кој го отстапуваат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде едноцифрен број на проценти. Од каде знаат колкава ќе биде вредноста, може ли некој да даде таква проценка на идна недвижност, тоа е спротивно на законот.
Доколку правното лице незаконито на тендери, преку финансиски криминали се богатело, зошто обвинителството до сега не отвори ниту една кривична постапка за истото? Значи оваа претпоставка недокажана и нема ниту еден материјален доказ, се се сведува на озборување, полувистина и муабети кажани по ходници. Затоа повторно напоменуваме, партијата во оваа постапка не е обвинета. Но за приватното лице и неговиот имот нема никаква постапка нити пак решение за конфискација на било што.
Судот утврдил дека БЕТОН е ОШТЕТЕН, а сопственикот на БЕТОН на последното рочиште пред да се објави пресудата, пред судот изјави дека договорот што го склучила неговата компанијата со ВМРО-ДПМНЕ за нив бил исплатлив.
-Ние на сето ова ќе вложиме жалба откако писмено ќе ја добиеме пресудата пред Апелациониот суд, не очекуваме дека нешто може во ова партизирано и октороирано обвинителство и судство да се измени, но ние ќе ги искористиме сите правни механизми кои ни стојат на располагање, а ќе ја разгледаме и опцијата да отвориме постапка и пред судот во Стразбур и правдата ќе биде докажана. Еден новинар неодамна ме праша која е причината за судската одлука за Талир? Одговорот е следен. Вистинската причина се тонењето на рејтингот на власта на СДСМ и ДУИ, убедливото водство на ВМРО-ДПМНЕ на сите анкети и зголемената доверба и нашата борба за 60 пратеници да не зависиме од условувања. Ние ќе продолжиме со нашата борба уште помотивирани, и уште поконцентрирани. Единствениот начин за победа над сиромаштијата, стопирање на инфлацијата, економијата да ни оди напред е смена на оваа власт. Затоа што премногу е. Затоа го повикувам секој еден граѓанин да се спротивстави и да се бориме за смена на власта на СДСМ и ДУИ. Гласно да го кажеме незадоволството. Ве повикувам сите вие кои сте незадоволни од сето ова денешно, тешко и мачно секојдневие, кога едвај крај со крај крпите за да го поминете месецот, да ни се приклучите на 18 јуни во 20 часот пред владата на Република Македонија. Тоа е моментот и нема време повеќе за молчење, време е за реформи, време Македонија да оди напред, рече Мицкоски.

Вработените во супермаркетот биле шокиpaни од тоа што го пpoнашле во кутиите со банани (Фото)

Чешката полициja заплени голема пратка kokaин во банани кои биле доставени до неколку супермаркети, соопшти полициjaта, а државната телевизија објави дека се работи за половина тон дpoга вредна околу 64 милиони долapи.

Полицијата објави фотографија на Твитер и соопшти дека кокаинот спакуван во „коцки“ го пронашле работниците во супермаркетите, пренесе Ројтерс.

Им фали уште Ламбе и се да биде комплет: Слушнете ја прекрасната изведба на “Ја излези Ѓурѓо” од “Некст тајм” и Лозано (Видео)

“Некст тајм” неодамна го промовираа својот албум насловен како “Majка”, а во него се најде и една поинаква преработка на песната “Ја излези Ѓурѓо”, која е снимена заедно со Влатко Лозаноски.

Уживајте:

Стојанче Ангелов направи увид на дупка: За нас во ЦУК секогаш важи правилото “Сејфти фрст” (Видео)

Во текот на вчерашниот ден во доцните попладневни часови до Центарот за управување со кризи стигна пријава од загрижен граѓанин којшто не извести дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево во првиот дел од мостот постои голема дупка што претставува опасност за безбедноста на возилата што се движат по овој мост, информираат од ЦУК.

-Од страна на ЦУК е веднаш известено ЈП Улици и патишта Скопје, Општина Кисела Вода, Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Од страна на ЈП Улици и патишта доцна синоќа дупката е обележена. Оваа дупка претставува опасност самата по себе доколку некое тешко товарно возило или автобус згазне врз неа. Но, истата оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност, се вели во соопштението.

Инаку, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов од лице место го процени ризикот за безбедноста на минувачите.

-Како што истакнавме во повеќе наврати, за нас во ЦУК на прво место секогаш е безбедноста на граѓаните. ЦУК ги повикува сите граѓани, кои ќе забележат било каква опасност што може да го загрози нивниот живот или здравје, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 112, а понатаму ние ќе ги превземе сите неопходни дејства, додаваат од ЦУК.

(Фото) Прилепчани со прч одат на гости во Скопје?

За добар прч ако треба ќе платиш и од Прилеп да ти го донесат….