дома блог страница 1540

(Видео) И по Зоки, Таче: Да се насмееме на сметка на Македонија

Некои работи не се промениле.

Кога шегата е на “македонска сметка”, тогаш е најсмешна. Барем за нашите премиери.

– Еди, разбираш Македонски?
– Не, само малку Бугарски. Македонскиот е нов јазик.

И секако, во нормални услови ова не би требало да заврши со кисела насмевка на премиерот, но сепак станува збор за Зоран Заев или Ковачевски….или сеедно:

Нова анкета на МЦМС: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведе истражување на јавното мислење на тема: „100 дена Влада“. Истражувањето ја опфати генералната перцепција на граѓаните за работата на новата реформска Влада во првите 100 дена, но исто така и за работењето на министрите и исполнувањето на очекувањата или разочараноста на граѓаните во одделните области како што се правда, здравство, образование, економија итн. Таму каде што е возможно, направени се споредби со податоците од претходни истражувања, или споредба со претходната година па читателот може да види како растела или опаѓала поддршката.

Покрај ова, направена е и проверка на довербата на граѓаните во Владата како и јавното мислење за политичката стабилност на државата. Истражувањето дава осврт на јавното мислење за насоката во која се движи земјата, кој е најважниот проблем со кој се соочуваме, кои се очекувањата за економијата во следниот период и кој е најдобриот пат за земјата во иднина. Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект.

ВМРО ДПМНЕ со досега најголема предност пред СДСМ откако оваа агенција врши мерења на рејтингот. ВМРО ДПМНЕ има 20.7%, а СДСМ 14.6.

Според податоците од истражувањето:

– Владата во првите 100 дена не ги исполнила очекувањата на мнозинството граѓани 65,1%. Речиси една четвртина од граѓаните (23%) целосно се разочарани од сите подрачја, додека пак незначително малцинство од 4,7% не се разочарани од ниту едно подрачје.

– Граѓаните се разочарани во областа на економија (13,9%), здравство (10,6%), надворешните работи и дипломатија (8,5%) и правда (8,2%).

– Мнозинството граѓани (63,7%) немаат доверба во владата. Околу половина граѓани (51,8%) веруваат дека земјата се движи во погрешна насока.

– Најважните проблеми со кои се соочува земјата се сиромаштијата и невработеноста (30%) и корупцијата и криминалот (25,9%). Во низата на проблеми со кои се соочува земјата потоа следуваат економската ситуација (13,9%) и иселувањето на младите (13,5%).

– Мнозинство граѓани (55,1%) веруваат дека економијата ќе се влоши во следните две години.

https://mcms.mk/mk/vesti-i-javnost/vesti/2386-vladata-ne-gi-ispolnila-ocekuvanjata-na-mnozinstvoto-gragani.html

М-Проспект во периодот од 03.05.2022 до 13.05.2022 спроведе телефонско истражување (CATI) со цел испитување на јавното мислење за довербата во Владата, ставови за работата на Владата во првите 100 дена.
Анкетата е спроведена на национално репрезентативен примерок од 1.005 испитаници. Примерокот е двофазен стратификуван, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење. Анкетираните се лица над 18 години, граѓани на Република Северна Македонија. Анкетата се спроведуваше на македонски и албански јазик. За да се исполни критериумот за случаен избор користен е методот

Сите резултати се подложни на статистичка грешка од ±3,1% со прифатливо ниво доверба.

(Урнебесно видео) Бурек со сирење, затоа што национализмот е беден во 21 век

Фудбалските репрезентации на Црна Гора и Босна и Херцеговина синоќа во Подгорица го одиграа мечот од третото коло на Лигата на нации.

На стадионот „Под Горица“ владееше одлична атмосфера, а двете репрезентации имаа голема поддршка од трибините.

Црногорците со симпатична провокација удрија по она што е „свето“ за Босанците и Херцеговците, бурекот. Од трибината на која се наоѓаат најжестоките приврзаници на црногорската репрезентација се слушаше „Бурек со сирење“.

Maлолетници од Битола фатени со ќеси со мapиxyaна

По документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

На 11.06.2022 во 23.30 во Битола на паркингот на трговски центар, од страна на полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода Н.Б.(18) од с.Буково, битолско и двајца малолетници од Битола. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со мapиxyaна.

(Видео) Чекај да видам што е ова…

Премиерот Ковачевски за време на првата заедничка литургија меѓу вселенскиот патријарх Ваертоломеј и Аргиепископот г.г. Стефан во Фанар, Истанбул…

СДСМ: Рама е мајтапџија (Видео)

СДСМ го правда премиерот Ковачевски….

-Денеска ВМРО-ДПМНЕ се обиде да извртува иронична изјава на премиерот на Албанија, чиј сарказам е познат во јавноста и се однесува на блокадата на Република Бугарија и односот кон процесот на проширување на ЕУ, реагира владејачката СДСМ за барањето оставка од страна на опозициската партија, откако беше објавена снимка на која Рама се шегува и го претставува премиерот Димитар Ковачевски како премиер на западна Бугарија.

-Неговиот сарказам и иронија се јавни и познати, но, не се и никогаш не биле насочени кон нашата земја, напротив. И за време на Самитот на Опен Балкан и претходно, Рама е ироничен за блокадата на Бугарија за нашата земја, којашто ја блокира и Албанија. Ставовите на премиерот Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, за нашите позиции и во однос на ЕУ, се добро познати на јавноста, стои во реакцијата на партијата.

Ќе стане ли реалност? Наскоро воз од Скопје и Битола до Солун, Лептокарија, Платамона?

Македонски железници Транспорт АД Скопје им предлага на Грчките железници да се воведат возови на релација Скопје-Солун со можност во летниот период за продолжување до Платамона, како и за железничка врска Битола-Солун преку Лерин.

Тие проекти се претставени при минатонеделната посета што ја оствари менаџерски тим од МЖ Транспорт во Грчките железници, од каде, според директорот на патнички сообраќај во МЖ Транспорт ад Скопје, Сашa Јовановски, рекле дека за такво нешто ќе се разговара во февруари или март следната година кога би се доекипирале со машиновозачи, кои им се дефицитарни.

– Отидов со понуда во Грција да воведеме воз Скопје – Солун, со можност во летниот период да се продолжи до Платамона. Ако прифатат Грчките железници во тој случај би се поврзале со нашите туристички агенции и би понудиле цена по договор, изјави за МИА Јовановски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Пуштен за сообраќај патот Росоман – Прилеп

Регионалниот пат Росоман – Прилеп кај место викано „Трите ленти“ е отворен за сообраќај, соопшти АМСМ.

Претходно, поради голем одрон на патот, сообраќајот беше во прекин. Изведувачот на новиот пат работеше со механизација на расчистување на патот.

На теренот работеа екипите и механизацијата на компанијата „Синохидро“ за да се расчисти уништениот дел.

Како што објаснија претходно од ЈП за државни патишта поплавена е девијацијата на патот Градско – Прилеп во делот каде се изведуваат градежните работи кај Фаришката клисура каде „Синохидро“ изведува градежни работи на експресниот пат, односно каде се пробиваат тунелите.

На трет ден Духовден во Св. Никола во прилепско Загорани – Одборот ги кани сите добронамерници и верници

На ден 14.06.2022 (Вторник) ДУХОВДЕН 3 ден, по повод денот на ОСВЕТУВАЊЕТО на манастирот Св.Никола с.Загорани ќе се одржи утринска богослужба од 07.00 часот!

Со овој чин, а во чест на денот на осветувањето, доколку има заинтересираност сакаме да воведиме уште една слава на манастирот.

Се покануваат сите верници кои сакаат да присуствуваат на богослужбата кога воедно можат и да се пријават за догодина за ДОМАЌИНИ и да се отпочни со втора манастирска слава.

Со почит,
Црковен одбор
Манастир Свети Никола С.Загорани

Мицкоски: “Јасно кажувам! Ако има договор со Бугарија кој е штетен и предавнички идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува”

Oвој договор кој го прави и ако го направи СДСМ кој ќе биде асиметричен, анационален и кој директно ќе задира во идентитетот на мојот народ и на Македонија немам намера во иднина кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи Владата да го почитувам, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Прво е билатерален Договор и никогаш нема да се помирам со фактот тој договор да влезе во преговарачката рамка затоа што тоа е дополнителна алатка на Бугарија да не ветуеизира кога сака и како сака“, кажа Мицкоски.

Мицкоски како второ посочи дека имаше тврдењата дека нема отворени прашања меѓу Бугарија и Македонија и запраша како можеше 2008-та година кога требаше Бугарија да влезе во Европската Унија да има изјава дека немаат отворени прашања со соседите? Како можеше кога Македонија влегуваше во НАТО, Владата на Борисов да каже дека нема отворени прашања со Бугарја? Како можеше кога Макрон стави вето поради методологијата, Бугарија никаде да ја нема и да кажува дека има отворени прашања?

Мицкоски потенцираше дека Генчовска кажа дека секоја недела се обраќа во Парламентот во Бугарија и ги информира пратениците за преговорите. Ние и кажавме дека со сила ги молиме претениците да доаѓаат, тие не доаѓаат.

„Ако влезе во таа преговарачка рамка овој билатерален Договор односно меѓусоседскиот договор, тогаш некој кој ќе биде на местото на Генчовска, на местото на Петков кога ќе му потреба може секогаш да каже дека оваа комисија за историски факти односно комисијата за историја не е ефикасна и вие го кочите договорот и ќе ве блокираме“, рече Мицкоски.