За новопечени домаќинки: Еве како да се спаси пресолена манџа

Секому, веројатно, му се случило барем еднаш да пресоли јадење, па тоа да мора да биде фрлено… Сепак, има неколку трикови, коишто може да го спасат оброкот.

Морков, кромид или компир

Ако манџата, супата, сосот или чорбата е пресолена, во садот се додава еден цел кромид, морков или излупен компир кој ќе ја собере вишокот сол.

Јаболко

Според умешноста на искусните готвачки – нашите баби, и јаболкото може да послуж за истото тоа. Само што, кон крајот на готвењето, овошјето се вади и се фрла.

Вода

Може да се додаде и вода, а ако потоа јадењето треба да се згусне, ставете малку згуснувач или скроб, или пак, бешамел-сос.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.