дома блог страница 1542

(Фото) Прилепчани со прч одат на гости во Скопје?

За добар прч ако треба ќе платиш и од Прилеп да ти го донесат….

Манчевски: Три пати си одев и се враќав во Македонија, додека синови на функционери добија повеќе пари отколку јас за сите мои филмови

Со видео порака насловена „Непотизам и економија“, снимена за меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“, познатиот македонски режисер Милчо Манчевски проговори за економските состојби во Македонија, одливот на мозоци од земјата и личното патешествие за поддршка од Македонија за неговите филмови кои секаде низ светот ја промовираа земјата.

Во 1978 бев првенец на генерација и сирак. Бев најдобар студент во мојата генерација. Моите родители починаа кога бев дете. Сакав да правам филмови но ги немав потребните врски за филмска кариера. Обично децата на етаблирани филмаџии и децата на политичари имаат шанса да учат во филмска школа или да бидат финансирани од државата“ – објаснува Манчевски и вели дека тој не добил стипендија, а добил син на познат кинематограф.

Понатаму, зборувајќи за непотизмот, Манчевски вели „Сите мои филмови добија помалку пари од македонската влада отколку синовите на македонски режисери, на шефови на полицијата, на поранешни портпароли на владата“.

Тој неговото видео обраќање го наслови како „Непотизам и економија“, а зборува за неговите патешествија како да добие финансии за неговите филмови „Пред дождот“ (7% учество од македонскиот филмски фонд) и „Прашина“ (5%). Тоа се многу помалку пари од она што го добиваа синовите на, на пример познат македонски режисер или синот на поранешен шеф на полицијата или синот на поранешен владин портпарол, вели Манчевски во своето видео обраќање.

Се испиjaнила, па врзала едно од децата во вреќа за кревет: Уaпceна негователка од Домот за деца и доенчиња во Битола

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола за време на работа во алкохолизирана состојба врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет, а другите ги запоставила, констатирал Народниот правобранител, постапувајќи по предмет по сопствена иницијатива по непосреден увид во установата.

Омбудсманот соопшти дека во разговор со директорот и правникот на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола, како и увид во целокупната документација изготвена по повод настанот, наводите се потврдени, констатирано е дека вработената била во алкохолизирана состојба и дека едно од децата било во вреќа за спиење, која била врзана за кревет, со што детето било оневозможено да се движи. Следствено, од страна на раководството на установата превземени се соодветни дејствија и отпочнати се постапки кон вработената, поради таквото постапување.

Според Народниот правобранител, кој како орган посебно води грижа за заштита на правата на децата како ранлива група, со ваквиот однос на вработената се повредени повеќе членови од ратификуваните меѓународни конвенции.

-Имено според член 3 од Конвенцијата за правата на детето, е наведено дека во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, а државите потписнички се обврзуваат на детето да му обезбедат таква заштита и грижа кои се неипходни за неговата благосостојба, а исто така се грижат сите институции, служби и установи кои се грижат за заштита на децата да бидат во согласност со стандардите што ги имаат утврдено надлежните органи, особено во областа на сигурноста и здравјето, бројот и достојноста на персоналот, како истручниот надзор. Понатаму, членот 7 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, наложува при преземањето на сите акции во однос на децата со попреченост, како примарна грижа да се зема предвид најдобриот интерес на детето, а членот 15 обврзува државите потписнички да преземат ефективни законски, административни, судски или други мерки за да се спречи лицата со попреченост, на еднаква основа со другите, да бидат изложени на тортура или суров, нечовечки или понижувачки третман или казна, појаснуваат од кај Народниот правобранител.

Омбудсманот, се наведува во соопштението, очекува од надлежното Министерство да преземе мерки за најстрого санкционирање на ваквиот однос на вработената, при што укажува дека особено треба да се зајакнат критериумите, но и да се води грижа за начинот на селекција на лицата кои се вработуваат во установи и други форми на згрижување на деца и деца/лица со попреченост и апелира редовно да се контролира и мониторира квалитетот на услугата која ја даваат вработените во јавните установи, вклучително и во Малите групни домови, односот кон децата. Предлага континуирано да се усовршуваат нивните знаења и познавања за работа и грижа за децата, како и да се превенира какво било несоодветно однесување кон децата, кое може да остави негативни последици во нивниот понатамошен раст и развој.

Oмиленото место на прилепчани го прослави својот прв роденден: Еве што ги прави посебни и чекор пред другите (Фото галерија)

Омиленото место на прилепчани настрана од централниот градски метеж прослави една година постоење.

Со одлична забава и многу гости, синоќа Hive Café го прослави својот прв роденден. Изминатите 365 дена овој локал прерасна во омилено место за прилепчани, а беше посетено и од голем број гости од останатите градови.

Сопствениците на локалот понудија нешто поразлично, по најевтини цени во градот, со одлична услуга и топол амбиент.

Речиси и да нема некој кој не ги посети во изминатата година дена и не уживаше во вкусните слатки задоволства, најдоброто кафе во градот и секакви топли и ладни напитоци.

Од срце ќе кажеме дека дечките се вистински пример во угостителскиот сектор во Прилеп и затоа успехот им беше загарантиран, што е особено тешко во овие кризни времиња.

Нека овие изминати 365 дена им бидат само добра основа за идни јубилеи во работењето. А вам, доколку ви се смачија овие долги врнежливи денови, ви препорачуваме чадорот во рака и посетете ги. Ќе се изненадите од големиот избор на прекрасни слатки вкусови во кои ќе уживате заедно со вашето семејство.

Ако пак остана некој кој досега не слушнал, Hive Café се наоѓа на излезот од Прилеп, одспротива на Паркот на револуцијата, локација која пружа прекрасен поглед кон зеленилото на паркот и последна дестинација после прошетка или рекреирање.

Доделени наградите за најдобрите – Заврши 56. издание на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински” (Фото)

Со доделувањето на наградите на најдобрите и со претставата „Боливуд“ на театар Комедија во чест на наградените, во Прилеп синоќа е спуштена завесата на 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Статуетката на патронот на фестивалот, Војдан Чернодрински што се доделува на најдобрата претстава, на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и ја врачи на претставата „Народен непријател“ на МНТ од Скопје. Претставата понесе уште три награди: за најдобар актер за Никола Ристаноски, за сценографија на Вишња Вујовиќ и за рекламен материјал на Димитар Димитров.

Прифаќајќи ја наградата во името на ансамблот, режисерката на претставата Нина Николиќ ги пренесе и зборовите на актерот Ристановски кој оправдано беше отсутен.

Актерката Бедија Беговска која ја доби наградата за најдобра женска улога во претставата „Вишновата градина“ на турскиот театар нагласи дека фестивалската, прилепска публика е најдобрата, а актерите во уметноста на мигот се паметат додека се памети емоцијата која од сцената ѝ се пренесува на публиката.

Кендрим Ријани кој е добитник на наградата за најдобра режиуја на претставата на битолскиот театар „Артуро Уи“ рече дека оваа му е прва претстава што ја режира на македонски јазик, а наградата е на целиот ансамбл.

За затворен Фестивалот го прогласи прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Во чест на наградените, театар „Комедија“ ја изведе претставата „Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска со што беше спуштена завесата на годинашниов 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ кој од 3 до 9 јуни се одржуваше во Прилеп. Донесе 11 претстави, од кои 8 во конкуренцијата за награди како и промоции на театарска литература и книги.

Сугарески yдpи по Левица?

-Не беше муабетот за вака со Прилеп. Видео записите од последната седница на општинскиот Совет сведочат дека се појде и под дното… Онакво девалвирање на личности и на самата институција од страна на советници недораснати да се носат со функцијата, Прилеп не памти. Брука и срамота! – напиша Сугарески на ФБ.

Не е познато дали постот на Сугарески се однесува на говорот на советникот од Левица, кој директно го посочи виновникот за нарушената безбедност во Прилеп.

Неговиот говор можете да го проследите во продолжение:

А целата седница на Советот на општина Прилеп можете да ја проследите на линкот во продолжение:

МВР објави снимка од aпceње на 5 лица – Еве за што станува збор (Видео)

На 09.06.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесена е кривична пријава по брза постапка против осум лица, за кривично дело „изнуда“ по чл. 258 од Кривичниот законик, и тоа Ј.К.(34), М.Т.(47), Р.С.(51), Џ.Ќ.(46), Е.Ч.(42), М.Р.(32), С.Р.(33) и Б.Р.(34), сите од скопско Батинци.

Имено, на 08.06.2022 во СВР Скопје жител на Батинци пријавил дека на 05.06.2022 околу 20.30 часот во казино во с.Батинци, каде по претходна вербална расправија со М.Т. бил повикан од Ј.К. и задржан подолго време, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица. Тие со закани му изнудувале до 10.06.2022 да им исплати 50.000 евра и му го одзеле патничкото возило „порше кајен“, во кое имало пари и лични документи.

По утврдување на идентитетот на осумте сторители на кривичното дело, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за интервентна полиција, во координација со ОЈО Скопје извршени се претреси во нивните домови и лишени од слобода се Ј.К., М.Т., Р.С., Џ.Ќ., Е.Ч., а за М.Р., С.Р. и Б.Р. е распишана централна потерница. По извршеното пребарување во околината од домовите на приведените лица, на стариот пат за с.Количани, пронајдено е и одземеното патничко возило.

Од страна на Судија на претходна постапка на Ј.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на останатите четири приведени лица им се одредени мерки за безбедност.

Соопштение од прилепските црковни храмови за Духовденската задушница

По повод Духовденската задушница се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа, помените ќе се прават според следниот временски распоред:

Нови градски гробишта – петок и сабота од 12 часот.

Стари градски гробишта – петок и сабота од 13 часот.

Храм Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и храм Света Петка – Точила

– Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07 часот – Вечерна богослужба, петок и сабота од 17 часот.

Блудците ќе се спеваат одма после службата. Упокој ги Боже Твоите слуги, и во рајот всели ги каде што е соборот на Твоите свети, Господи, и каде што праведниците светат како светила: починатите слуги Твои упокој ги, превидувајќи ги сите нивни согрешенија. Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно.

Нов асфалт на четири улици во Прилеп (Фото)

Продолжува асфалтирањето на улици во Прилеп. Градоначалникот Борче Јовчески денеска изврши увид во почетокот на градежните активности за асфалтирање на улиците: Цена Џинорозот, Благоја Крстески, Добре Иваноски и Прохор Пчински со вкупна површина од 2500м2.

-Вреди да се напомене фактот што овие улици не се асфалтирани повеќе од 40 години. Инвестициите во областа на асфалтирање и рехабилитација на улици и патишта ќе продолжи и во наредниот период. Општина Прилеп ќе продолжи да работи во интерес на сите наши сограѓани – се вели во соопштението од општина Прилеп.

(Видео) Полуматурантите од ООУ “Кире Гаврилоски” Прилеп со уникатна прослава

Денеска завршува школската година, а полуматурантите го започнаа славјето на првото поглавје во нивното образование.

Уникатна прослава приредија полуматурантите од ООУ “Кире Гаврилоски – Jaне” од Прилеп. Дечките се радуваа што успешно го завршија основното образование, а од утре ќе размислуваат за правилен избор на средно училиште.

Убаво се разладија, пееја и играа, а вечерва ќе се поздрават и со нивните наставници кои им дадоа основа за понатамошниот образовен процес.

Ние им ја честитаме полуматурата и им посакуваме на сите до еден, во иднина да прераснат во високо образовани луѓе, кои ќе придонесуваат во сите свери на општественото живеење.