дома блог страница 1535

Одржано годишното изборно Собрание на адвокатите: Досегашниот претседател со нов мандат, избрани и членовите на Управниот одбор

Адвокатската комора на Република Северна Македонија го одржа 67-то годишно Собрание на Комората. Во рамки на Собранието беа избрани членови на новиот Управен одбор на Комората, а за претседател беше избран адвокатот Љубомир Михајловски.

Михајловски, кој по втор пат ја добива довербата на адвокатите за прв човек на Комората, во својот говор на отворањето на Собранието порача дека силата на адвокатурата, која во моментов брои две илјади и осумстотини активни адвокати и дополнително стручни соработници и приправници е во единството, како неопходен услов за унапредување на професијата. Ја истакна важноста на адвокатурата како неприкосновена уставна категорија, независна и самостојна професија што преставува гаранција за обезбедување непристрасна правна помош. Во своето излагање, претседателот на Комората истакна дека членовите на Комората мора да се единствени и неподелени по партиска, етничка или верска припадност.

„Единството е сила која што ја одржува адвокатурата и ја води напред. Независноста и нејзиниот интегритет е од битно значење за адвокатурата и правниот систем на државата. Оттаму неопходно е поддршка од целокупното членство во оваа заложба. Без поддршка од секој член на комората, нема да има прогрес и просперитет во работењето. Членовите кои што ќе бидат избрани мора да работат во интерес на сите адвокати. Истите не смеат да бидат чувари на поединечни интереси и со своето работење мораат да ја штитат и унапредуваат адвокатурата“, посочи претседателот на Комората.

Михајловски ги истакна достигнувањата на досегашниот Управен одбор како што се: директното учество преку претставници на Комората во создавање на бројни законски решенија кои се во функција на владеење на правото и унапредување на адвокатурата како заштитничка на човековите права, соработката со домашни и странски организации и институции, потоа купувањето на нови деловни простории на Комората, обуки на адвокатите, учество на бројни настани, итн.

„Постигнавме сè што зацртавме за овој мандат, а постигнато е многу. Би сакал да потенцирам дека Комората во моментов е финансиски стабилна, а собравме и средства со кои купивме деловен простор од 400 метри квадратни кој содржи: конференциска сала наменета за обуки, канцеларии, архива, приемен дел, 11 паркинг места, итн. Деловниот простор е купен без да се задолжиме ниту еден денар никаде, а истовремено во сопственост на Комората остануваат и досегашните простории. Истите ќе придонесат и за поефикасен пристап на граѓаните до Комората. Ова е успех на сите адвокати, кој успех заедно го постигнавме. Во седиштето на Kомората имаме услови за одржување на обуки, работилници и други настани за постигнување на квалитет во едукација и работење на адвокатите. Сега имаме силна основа за идните генерации кои ќе доаѓаат и кои треба да ги продолжат успесите за градење на моќна и модерна адвокатура“, истакна Михајловски.

Тој додаде дека Комората во моментот има поддршка и ужива углед кај сите домашни институции и меѓународни организации, како што се Амбасадата на Соединетите Американски држави, Европската Унија, Советот на Европа, УНХЦР, ОБСЕ и други. Во рамките на овие соработки само во изминатата година се реализирани бројни обуки на кои учествуваа шестотини адвокати. Соработката, потенцираше, ќе продолжи активно во повеќе области и во иднина.

За заменици претседатели на новиот Управниот одбора беа избрани адвокатките Јелена Ристиќ од Скопје и Хамдије Адеми Тафа од Кичево, а за останати членови следните адвокати: Жана Кузмановска од Скопје, Виолета Василева од Скопје, Никола Арсовски од Скопје, Ружица Николовска од Скопје, Никола Биџовски од Штип, Тања Јованова од Виница, Кирил Гоџиров од Струмица, Иван Рутевски од Битола, Ивица Кушевски од Битола, Стојан Прензоски од Охрид, Илија Адамчески од Прилеп, Марјан Витановски од Куманово, Александар Симјаноски од Тетово и Оливер Гашев од Велес.

Во рамки на Собранието беа избрани и членови на останатите органи на Комората.

За членови на Надзорниот одбор беа избрани: Лазо Ѓорѓиевски од Скопје, Владимир Стојкоски од Струга, Емил Гугучески од Прилеп. За заменици членови на Надзорниот одбор беа избрани: Игор Стошиќ од Скопје, Рената Миладиновска од Скопје и Наим Цами од Дебар

За Дисциплинскиот обвинител беше избран Васил Арабаџиев од Струмица. За заменици дисциплински обвинители беа избрани: Александра Боинска од Скопје, Илијана Макаровска од Скопје и Ристo Каркалашев од Гевгелија.

За членови на Дисциплинскиот суд беа избрани: Емил Балабан од Охрид, Оливер Илиевски од Битола и Иван Лефков од Кочани. За заменици членови беа избрани: Дарко Гоцевски од Струмица, Марко Илиевски од Куманово и Василка Тасева од Кавадарци

За членови на Жалбениот совет беа избрани Златка Денковска од Скопје, Билјана Јандриоска од Скопје, Коста Нојков од Велес, Лирим Мустафи од Гостивар и Лела Стојкова од Скопје. За заменици членови на Жалбениот совет беа избрани Александар Варела од Скопје, Горјан Бошевски од Битола, Анета Наумчевска од Гостивар, Вања Самарџиева Даскалова од Кавадарци и Нина Трпковска од Скопје.

Укpaдено знамето на рускиот конзулат во Битола

На 14.06.2022 во 16.50 часот во СВР Битола, вработена во Конзулатот на Руската Федерација во Битола пријавила дека било одземено знамето на Руската Федерација, кое било закачено на зградата на конзулатот на улица „Маршал Тито“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Maлолетник со веспа yдpил во дедо и паркирано возило во Битола

На 14.06.2022 во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ружа Делчева“ во Битола, мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетна сопатничка на мопедот, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.

Mладиот Константин Костоски го запиша Прилеп на првото место помеѓу велосипедисти од Унгарија, Србија, Хрватска… (Видео/Фото)

Во неделата на 12.06.2022, во организација на Велосипедската Федерација на Србија и Велосипедскиот клуб Шид, се организираше меѓународна велосипедска трка под името ”Ulicama Save Šumanovića”, која се одржува по 22-ри пат.

На трката учество зедоа велосипедисти од Унгарија, Хрватска, Босна, домаќинот Србија и единствениот клуб од Македонија ВК и Сервис Илинден од Прилеп.

Прилепчани настапија со четворица свои возачи, и тоа во категоријата У15 со Константин Костоски и Младен Петрески и во категоријата кадети со Андреј Маџоски и Никола Ристески.

Константин Костоски го освои првото место, а Младен заврши на седмата позиција. Во кадети Андреј заврши на деветтото место, а Никола трката ја заврши на седумнаесеттото место.

Младен и Никола се првпат годинава на меѓународни трки и ја исполнија замислата на тренерот Драган Димитријоски, a Aндреј имаше одлична трка и докажа дека се враќа во форма пред идните предизвици.

„Премногу е“: Протест на ВМРО-ДПМНЕ во сабота, ова се зборните места и рутите на движење

ВМРО-ДПМНЕ во сабота со почеток во 20 часот организира голем општонароден протест пред македонската Влада, со кој сака да порача дека време е за промени.

Од партијата ги повикуваат сите граѓани кои се незадоволни од досегашното владеење на СДСМ и ДУИ.

-Почетокот на крајот вели дека тргнуваме за рушење на владата која е именител на сите наши колективни порази и неуспеси. Стануваме на нозе, еден до друг, заедно, против владата затоа што премногу е! Протестот е за промени. Заедно, здружено, одлучно, за нашата Македонија, повика претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Од партијата ги објавија зборните места и рутата до Влада за големиот протест во сабота.

Битолчанец ја натепал сопругата, а потоа и’ го демолиpaл и станот

51-годишен битолчанец е пpиведен пopaди напад врз поранешната сопруга. Од МВР информираат дека мажот физички ја нападнал во стан во Охрид и извршил оштетување на дел од покуќнината.

Тој веќе имал судското решение со кое му се забранува да ја малтретира, вознемирува, телефонира или на кој било начин да комуницира со неа.

Пpoтив него ќе биде поднесена cooдветна пpиjaва.

Вработените во Управата за водење матични книги од утре на работа

Вработените во Управата за водење матични книги и нејзините подрачни одделенија од утре редовно ќе ги извршуваат работните обврски, откако денеска е потпишан Колективниот договор за што независниот синдикат на Управата штрајкуваше во изминатите седум недели.

Директорот на Управата, Блерим Абази за медиумите изјави дека со договорот, кој денеска бил потпишан по неколку средби на штрајкувачкиот одбор, дополнително се унапредени правата на вработените во Управата. Тој се заблагодари на Министерството за правда и министерот Никола Тупанчески за поддршката и на граѓаните кои во изминатиот период, како што рече, имале разбирање за прекинот на работата на вработените во Управата.

– Со колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платените и неплатените отсуства, надоместоци на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата, исплата на јубилејна награда итн. Синдикатот и работодавачот во договорот го утврдија правото минималната плата да биде основна плата, изјави Абази.

Тој додаде дека како директор ќе се заложи во Предлог-буџетот за 2023 да бидат предвидени повисоки плати за Управата, а за покачување на платите во оваа година пратил иницијатива до Владата да се најде решение во најбрз рок.

Претседателот на независниот синдикат на Управата Тони Милошевски истакна дека првпат е потпишан Колективен договор, кој уредува многу досега недефинирани прашања, но нагласи дека штрајкот не е прекинат туку го ставаат во мирување до 20 јули 2022 додека не се реши и финансискиот дел.

– Потоа ќе одлучиме како ќе го изразиме незадоволството ако не ни се реши финансискиот дел во колективниот договор што остана и кој Владата треба да го реши, додаде Милошевски.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески во однос на финансиите рече дека контактираат со Владата и очекува да се реализира инцијативата на ССМ за зголемување на платите за 2.806 денари уште во јули и дека тоа ќе им следува и на вработените во Управата.

– Така што, ќе остане уште мал процент до оној што го бараат вработените и по пратената иницијатива од директорот, се надевам дека следната недела ќе имаме разговори во Министерството за финансии. Кога ќе се одземат тие 2.806 денари што ќе ги добијат сите јавни службеници, остануваат уште до 10-15 проценти што мислам дека не е огромна сума за државата, изјави Ристески.

Тој рече дека е среќен што со потпишаниот Колективен договор конечно се нашол заеднички јазик и дека е тоа голем чин по речиси два месеца штрајк и „игра на нерви“. Ристески ги охрабри и останатите вработени во државните управи, агенции и фондови да си формираат свои синдикати за да може да потпишат вакви договори

Македонија со најголем раст на цената на горивата во цела Европа

Горивата во Македонија се во постојан раст, а Илија Димовски објави дека растот на цената е најголем во Европа.

Од 1 февруари 2022 година растот на цената на горивата во Македонија е од околу 51 отсто до 65 отсто.

„Владата на Република Македонија дозволи најголема раст на цената на горивата во споредба со сите европски држави…

За споредба во другите држави низ Европа растот на цената, во истити период, е следниот:

Уaпceна 19-годишна битолчанка: Влегла во куќа и укpaла пapи, накит и други предмети

На 14.06 2022 околу 16.00 часот во ОВР Кичево била пpиведена С.К.(19) од Битола, која претходно влегла во домот на Е.Е. од Кичево и одзела пapи, мобилен телефон, накит и други предмети.

Откако била забележана, С.К. физички ја нападнала оштетената и избегала.

Одземените предмети биле вpeтени на coпcтвеничката, а по целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив С.К. ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Утре од 10-14 часот забрането движење во овој регион од Прилеп

На ден 16.06.2022 година, во времето од 10.00 – 14.00 часот, на стрелиштето „Леково” ќе се реализира боево гаѓање. За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето, како не би дошло до несакани последици.

Се предупредуваат сите лица кои по завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето најдат неексплодирани зрна односно проектили, да не ги фаќаат а за тоа да ги известат органите на МВР и командата на гарнизонот Прилеп.