дома блог страница 1536

Важно соопштение до граѓаните на општина Прилеп за паркирањето во централното градско подрачје (Видео)

Директортот на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање Прилеп, Зоран Јовески, преку видео обраќање ја објасни одлуката на Советот за корекција на времетраењето на паркингот во зоните „Б“ и „Ц“ во централното градско подрачје на градот.

Со оваа одлука се намалува времетраењето на паркирањето за истата цена во овие зони, а со цел да се подобри сосотојбата со паркирањето.

Целото обраќање проследете го во продолжение:

И овие што пишаа “Готово” имаат право на глас…

Лесно е во Македонија да се збогатиш и да возиш убава кола, само треба да знаеш кај да искоментираш…

Климатските промени си го прават своето? Ова е Мексико Сити во јуни – Улиците целосно под мраз после стpaшно невpeме (Видео)

Невреме со пороен дожд и град ги изненади жителите на 10 од 16 општини во Мексико Сити во неделата, предизвикувајќи материјални штети.

Улиците во главниот град на Мексико биле целосно под мраз.

Пред две години дури и посилно невреме ја погоди сојузната држава Гвадалахара, каде на некои места имаше и по 2 метри покривки од град.

Бугарски медиуми пренесуваат: Екипа на бугарска телевизија била каменyвана во Србија

Екипа за истражувачко новинарство на „БНТ“ била нападната во Србија, изјавилa водителката на емисијата Богдана Лазарова, пренесуваат медиумите во Бугарија.

Нападот, според написите, се случил во периодот од 14.30 до 15.00 часот на државниот пат пред рудникот Подвирове во село Караманица, Босилеградско.

Приближувајќи се кон рудникот на државниот пат, на околу 50 метри од влезот во рудникот, биле запрени од минибус паркиран на коловозот. Тимот и еко-активистите излегле од автомобилите и тргнале кон влезот на рудникот. Во тој момент биле каменувани до смрт од околу 6-7 лица.

Еден од камењата удрил во камерата. По луѓето од телевизиската екипа и еко-активистите биле фрлани големи камења со што биле загрозени нивните животи и здравје, пишуваат медиумите. Едно од нападнатите лица се здобило со тупаница во градите а на друго лице кое било нападнато му била искината облеката.

Било контактирано со бугарската амбасада во Белград и со генералниот конзул, а тимот поднел жалба до босилеградската полиција, е наведено во написите.

Француска донација од три возила и опрема за битолските пожapникapи

Како резултат на добрата соработка на општина Битола, со Амбасадата на Франција и почесниот конзулат во Битола, возниот парк на територијалната противпожарна единица во Битола е дополнет со три возила и друга опрема за интервенција при шумски пожари. Донацијата доаѓа од Асоцијацијата „Working together“, од Франција, а нивни обучувачи, изминатите денови, вршеа обука на битолските пожарникари за ракување со доставената опрема. На денешниот настан, на кој беше промовирана оваа донација, свое обраќање имаше Амбасадорот на Франција, Н.Е Сирил Бомгартнер.

„Среќен сум што сум денеска помеѓу вас за да присуствувам на оваа значајна донација за заштита од шумски пожари и тоа од повеќе причини. Најпрво, шумските пожари се една голема несреќа што го руши она најдрагоценото што го имаме: нашето опкружување, нашето наследство, понекогаш и нашите животи. Оваа несреќа за жал има тенденција на влошување со уништувањата на планетата и особено со климатското затоплување. На тоа бевме сведоци токму тука, минатото лето. Оваа соработка е многу конкретна и се состои, како тука во обезбедување на опреми што на терен ќе придонесат за зајакнување на ефикасноста на средствата за борба против овие пожари. Денешната церемонија, има дотолку повеќе смисол што оваа донација се впишува во една историја на веќе долга соработка во овој домен, помеѓу Битола и Франција и особено Асоцијацијата „Working Together“, на којашто јас сакам да и укажам чест. Наскоро, ќе бидат 15 години, како редовно „Working together“, спроведува обуки и снабдува опреми за потребите на пожарникарите од Битола и нејзината околина“, рече меѓудругото, амбасадорот Бомгартнер.

Со примањето на донацијата од Република Франција, општина Битола, ги зајакнува своите капацитети во противпожарната заштита, истовремено продлабочувајќи ја соработката со здружението „Working Together”, започната во 2009 година.

„Денес, ми претставува посебна чест, што имаме можност, да го одбележиме продлабочувањето нa соработката со нашите пријатели од Франција, како резултат на кое, возниот парк на територијалната противпожарна единица во Битола се дополнува со 3 возила и дополнителна опрема, а преку спроведената обука изминатите денови под водство на француските обучувачи, се зајакнуваат вештините на нашата противпожарна единица.

Сакам да изразам голема благодарност до амбасадорот на Франција, почесниот конзул и здружението Working Together, кои со својата континуирана активност, се наш многу важен поддржувач во реализацијата на заложбата на општина Битола, за соодветно опремена противпожарна единица, со цел брза и ефикасна интервенција при заштита на населението и материјалните добра при пожари и други опасни ситуации.

Како локална самоуправа, продолжуваме да работиме и на реализација на проектот за изградба на нова противпожарна зграда, со што покрај подобра опременост, ќе овозможиме и подобри услови за работа на нашите пожарникари.

Убеден сум дека и во иднина, нашата соработка со амбасадата на Франција, се повеќе ќе се зголемува и заедно ќе имаме можност да го одбележиме успешното завршување и на други активности и проекти, поврзани и со други области на општественото живеење“, рече во своето обраќање градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им додели благодарници на обучувачите од француската асоцијација.

Се бара проектен координатор за работа во ЦГИ Прилеп

Се бара лице за работен однос на позиција проектен координатор, за работа во Прилеп во невладината организација Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп (www.cgimk.оrg.mk).

Лицето треба да има завршено високо образование и одлично познавање на англискиот пишан и говорен јазик.

Заинтересираните кандидати да достават биографија и мотивационо писмо до 21 јуни на е-mail: [email protected].

За повеќе информации секој работен ден од 8-16 часот на телефон: 070/208-367.

Бислимоски: “Дома можите да правите што сакате, но ќе плаќате повеќе ако нерационално ја трошите струјата

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски кажа дека нема против да прави кој што сака, но ако некој со електрична енергија загрева базени и сауни сметам дека е невообичаена потрошувачка.

– Секој може што сака да си прави дома и тоа не е проблем. Ние само кажуваме и испраќаме сигнал до домаќинствата дека доколку нерационално ја трошат електричната енергија ќе плаќаат повеќе, посочи Бислимоски.

Нагласи дека во минатото во 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век биле воведени тарифни единици, но, како што рече, тогаш доколку се преминело од една тарифна единица во друга целосно важела втората тарифна единица.

– Сега велиме блоковите ќе важат за сите граѓани и за тој што троши многу има гарантирана цена и за прв блок, гарантирана цена и за втор блок, гарантирана цена и за трет блок. Доколку во скапа тарифа сте потрошиле 650 киловат часови, 210 киловат часови ви се гарантирани по цена од прв блок, од 210 до 420 по цена од втор блок, од 420 до 630 по цена од трет блок и само 20 киловат часови, односно разликата од 630 до 650 киловат часови ќе платите по цена за четврт блок, појасни Бислимоски.

Претседателот на РКЕ Бислимоски истакна дека земјава е енергетски сиромашна и нема нафта или гас, а електрична енергија мора да има.

– Резервите на јаглен ни се при крај и тој јаглен кој го имаме е со екстремно лош квалитет, а електрична енергија мора да има. Друга опција не постои. Затоа испраќаме сигнал до домаќинствата да си ја намалат својата потрошувачка. Не е вообичаено 17 домаќинства да трошат 10 проценти од потребите на домаќинствата. Треба да има електрична енергија за сите и апсолутно не сметам дека е противуставно имајќи во предвид дека ќе важи за сите потрошувачи во државата со таков тип на потрошувачка, рече Бислимоски.

Владејачкото мнозинство на “стаклени нозе”: Скендер Реџепи од Алтернатива ќе делува како независен пратеник

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напуша пратеничката група на партија и во иднина ќе делува како независен пратеник. И за оваа одлука официјално го извести собранискиот спикер, Талат Џафери.

Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на БЕСА. Реџепи беше незадоволен од владиниот договор и не се појави на последниот партиски конгрес на кој Африм Гаши доби поддршка за втор мандат за лидер на партијата.

Реџепи бараше непристрасна истрага за случаи за кои тој смета дека биле политички монтирани, но и рамноправен развој на Липковскиот регион.

Ламбе пyштен на слобода!

Заврши куќниот притвор за пејачот Ламбе Алабаковски, кој се сомничи за подметнување пожар во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, настан кој се случи на 4 јуни во раните утрински часови.

Како што информираше неговиот адвокат, Дарко Стефановски, пејачот од денеска е на слобода, но одземен му е пасошот како мерка на претпазливост.

Првично на Алабаковски му беше одреден 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД каде живееше до неодамна. Пејачот сега се гони за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години.

Директор и раководител на одделение од Крушево зapaботиja кpивични пpиjaви

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Н.И.(39) од Крушево, в.д. директор на Јавното претпријатие „Комуна“ во Крушево и П.Н.(55) од Крушево, раководител на oддел во истото претпријатие, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Пријавените, во периодот од втората половина на 2018 година до 2020 година свесно пропуштиле преземање службени дејствија, односно не изготвиле соодветни документи за прием на 10 тони – еуродизел гориво во магацинот на јавното претпријатие. Исто така, не биле извршени требувања за издаден материјал од магацинот со кои се евидентира потрошувачката на гориво и со тоа предизвикале штета од 7.080 литри еуродизел.

Н.И. постапил спротивно на законот и со отуѓување на работна машина – трактор ИМТ 539 без донесена Одлука за размена, отуѓување или расходување на основно средство за работа и со тоа го оштетил претпријатието за 400 евра.