дома блог страница 1534

Македонски, грчки и албански диџеи на едно место цел ден и цела ноќ и тоа за само 200 денари

На 18. и 19. јуни на плажата во Долно Дупени по четврти пат ќе се одржи фестивалот “Запознај ја Преспа”.

на журката на плажа Дупени ќе настапат 14 познати DJ-и од трите земји кои ги делат водите на Преспанското езеро. Започнуваме во 12:00 на пладне, а траеме до магичното изгрејсонце утредента кое може да го дочекате во друштво на преспанските пеликани.

Во меѓувреме, сите гости гурмани од 17:00 часот ќе можат да го посетат и селото Брајчино во падините на Пелистер, на само 8 километри од плажа Дупени. Тука, своите кулинарски знаења ќе ги презентираат угостители и чувари на тајните на преспанските традиционални рецепти, а вие ќе уживате во традиционалната преспанска храна и земјоделски производи. За првпат, учесниците од грчкиот дел на Преспа ќе го презентираат познатиот џиновски грав, а од Албанија ќе може да го пробате далеку прочуениот, природен мед. А домаќините од преспанските села ќе ги понудат своите најдобри специјалитети како зелник, цирони, сушен крап, чадено месо и колбаси и многу други домашни јадења.

Со овој фестивал, преспани од трите земји кои ги делат убавините и мистериозната енергија на Преспа, ја испраќаат нивната порака за европска Преспа без граници!

*За сите заинтересирани посетители од околината, организаторот ќе обезбеди бесплатен превоз и тоа од Битола и Ресен до Плажа Дупени и с.Брајчино и назад. Автобусите поаѓаат во 12.00 и 19.00 од Битола, пред кафе Јагода. Враќањето кон Битола е предвидено во 03.00

*Влезницата за музичкиот дел од програмата во предпродажба чини 200ден (места на предпродажба – Излет Кафе Ск и Јагода Мезе Бар Бт) на самиот влез ќе чини 300ден., а средствата собрани од истите ќе се наменат за реализација на проекти во функција на развојот на Преспа.

*Предлог за сместување – Автокамп КРАНИ, бунгалови со цена од 1.600 ден. за 4 особи + туристичка такса од 40 ден. по лице на ден. Контакт за резервации: 071/256-500

Фестивалот “Запознај ја Преспа/Meet Prespa” е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија
Организатори – HBO Преспа ГРАД и Општина Ресен

Апостол ја откри Америка: “Во земјава веќе има премногу пензионери, а премалку вработени”

Првиот човек на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во синоќешното гостување во емисијата „200“ на Алсат рече дека пописот покажал оти соодносот помеѓу вработеното население и бројот на пензионери во земјава не е на потребното ниво, кое би овозможило мирни и обезбедени пензиски денови за следните пензионери.

„Бројките покажуваат дека соодносот помеѓу она население коешто е во економска функција и она коешто е издржувано е тука некаде. Теоријата вели дека за да се издржува еден пензионер, треба четворица да работат. Кај нас, околу 700 илјади е бројот на активните луѓе, коишто работат, а некаде околу 400 илјади се пензионери. Ни оддалеку немаме таков сооднос…“, вели Симовски.

Уaпceни дилepи во Битола додека си ја пpeдавале дpoгата

На 15.06.2022 околу 22.00 часот пред угостителски објект на ул.„Новачки Пат“, полициcки cлyжбеници од СВР Битола – Одделение за кpиминалиcтичка полициja – Отсек за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje ги лишиле од cлобода Н.П.(42) и К.Т.(33), двајцата од Битола.

Тие биле затекнати додека Н.П. му продава kokaин и мapиxyaна на К.Т. и притоа кај нив биле пpoнajдени kokaин, мapиxyaна, пapи и други предмети за кои постои сомнение дека потекнyвaaт од кpивично дело.

Двајцата биле пpиведени во полициcка cтаница и по целосно документирање на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва.

Е нека си пyкнат Швајцарците, ама во ова сме подобри и од нив (Фото)

Македонија се наоѓа на седмото место во светот по површина покриена со планини. Според оваа мапа која деновиве се шири на социјалните мрежи, дури 85.5% од територијата на нашата држава е планинско земјиште, што е е за 2% повеќе и од Швајцарија.

Пред нас се Ерменија, Црна Гора, Киргистан, Таџикистан, Лесото и Бутан.

Епа ете ние веќе сме биле Швајцарија на Балканот, не мора некој да ни ветува повеќе.

Бил Гејтс: Криптовалутите се измама за будали

Американскиот милијардер Бил Гејтс не е фан на криптовалутите и NFT. Основачот на Мајкрософт на конференцијата ThechCrunch изјави дека криптовалутите се измама.

„Тие трендови на дигитален имот 100% се темелат на „теоријата за поголеми будали“, рече Гејтс.

Своето се повика на теоријата според која понекогаш може да се заработи со купување на преценет имот ако тој имот пододцна може да се продаде по уште повисока цена.

Еден „будала“ во тој случај би можел да купи прескап имот, надевајќи се дека може да го продаде на „уште поголем будала“ од себе и така да направи заработувачка. Тоа може да функционира се додека има доволно „будали“ подготвени да платат повеќе. Но, кога веќе никој нема да сака да купува, низатас е прекинува и следува голем пад на цените.

Гејтс истакна дека тој не тргува со криптовалути и ги исмеа NFT, шегувајќи се дека „скапите дигитални слики на мајмуни исклучително ќе го подобрат светот“. Наспроти тоа, основачот на Мајкрософт рече дека преферира старомодни вложувања.

Беше најдобар изминатата сезона, а сега се сели во редовите на шампионот: Прилепчанецот Спиркоски ќе биде големо зacилyвање за Шкyпи

Актуелниот шампион Шкупи во пресрет на квалификациите од Лигата на шампионите се засили со фудбалерот на Силекс, прилепчанецот Благојче Спиркоски.

Спиркоски беше клучна алка изминатата сезона во тимот од Кратово, кој обезбеди директен пласман во Првата лига.

Во својата досегашна кариера 25-годишниот прилепчанец има настапувано за Хоризонт Турново, 11-ти Октомври, Еуромилк, Победа, Македонија Ѓорче Петров, Пелистер и последно во Силекс.

Денеска Шкупи инаку се враќа од подготовките во Охрид, а в петок заминува за Турција.

Семејство од прилепско живее со 1.000 ден. месечно: Мајка и болен татко на четири деца секојдневно се бopaт да пpeживeaт

Маријана Димова потекнува од прилепско Сенокос, со своето семејство живее многу тежок живот голема сиромаштија и неизвесност.

Таа е сирак од својата 11 годишна возраст и како што вели таа нема ништо потешко од тоа уште од дете да си бележан и поттурнат од сите па дури и најблиските.

Од тетката била истерана на улица и спиела под отворено небо. Тешкиот живот ќе и донесе и здраствени проблеми, на млади години ќе отиде на зафат поради туморот на мозокот.

На 17 години решава да се омажи со цел да си го подобри животот, но ситуацијата ќе и стане дупло потешка. Таа ќе роди четири деца и сите заедно сврзуваат едвај крај со крај.

Јадат само доколку двете кокошки снесат некое јајце, ако не одат гладни на училиште и си легнуваат гладни. Во куќата во која што живеат можат да бидат избркани во секој момент.

Друго големо гајле и е што сопругот е многу болен и не може да работи. Исто така Маријана немала пари да заврши ниту средно образование.

– Додека беше татко ми жив коклку толку се крепевме, но откако замина тој, често бев бркана од тетка ми и навре дувана, вели Маријана пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Морав уште многу млада да аргатувам и да одам по ниви со мајка ми која немаше пари да ме издржува. Се омажив и родив четири деца.

– Сопругот не е во добра здраствена ситуација, па поради тоа што морав да седам дома некој период ме набркаа од работа.

Ова семејство живее со само 1.000 денари месечно. Тоа го приморува сопругот иако во таква состојба да оди да собира железо или печурки само за да извади за јадење.

– Од примања имам само додаток за трето дете, а поради тоа што подигнав кредит поради состојбата на сопругот, од тие пари ми остануваат само 1.000 денари.

– Децата често одат со празен стомак на училиште, се тргам настрана од нив за да не ме гледаат и плачам. Кога би работела јас барем ситуацијата би била подобра.

– Не дај боже да се случи нешто со сопругот, јас ќе останам на улица со децата бидејќи неговите роднини цело време ја бараат оваа куќа.

– Се случува да немаме ниту за леб, најосновното. Деца како деца си бараат, но од каде да им дадам. Имам две кокошки ако снесат тие ќе јадеме ако не ништо.

– Бев тажен затоа што немавме за торта на роденденот. Би сакал да имама нови патики, бидејќи овие се испокинати како и облека која ја имам многу малку, вели Максим.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да излезе од црнилото во кое се наоѓа тоа може да го сторите на 075 304 405 или на трансакциската сметка 240287107700235

ИЗВОР: https://klaster.mk/%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bb%d0%b8%d0%bb%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%bf%d1%81%d0%ba%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d1%82%d0%b5%d1%88%d0%ba%d0%be-%d0%bc%d0%b8-%d0%b5/?fbclid=IwAR30vXotNfYTD8InHvB0H5hso3yluwkuh_tnJmtfDigs86gEMOCtKg_25JM

Фокус: Петнаесет лица меѓу кои осум прилепчани се затpyле со xpaна во мензата на позната компанија

Фото/илустрација

Седум лица со cимптоми на тpyeње од xpaна биле денеска примени во битолската болница, објави “Фокус” од каде дознаваат дека се работи за вработени во германската компанија “Кромберт и Шуберт” која се наоѓа во индустриската зона Жабени кај Битола.

Од “Фокус” дознаваат и дека 8 лица со истите симптоми од Прилеп се најавени во болницата за утрешниот ден.

Според информациите на “Фокус”, Државниот здравствен и санитарен инспекторат веќе ставил клуч на мензата од компанијата, а јавноста повеќе детали ќе дознае во текот на утрешниот ден.

Мицкоски утре гостин во „Само интервју“

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, утре во 18,30 часот ќе гостува на „Само Интервју”, политичка емисија која се емитува на Канал 5.

Мицкоски и новинарот Гоце Михајловски ќе разговараат за антивладиниот протест во сабота, за предвремени избори, растот на цените, за бугарското вето…

Јанчев и’ кажа “НЕ” на Карлеуша

По негодувањето на граѓаните, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, информираше дека градот го откажал настапот на Јелена Карлеуша, која требаше да биде главна ѕвезда на овгодинешниот “Гроздобер”.

-Драги кавадарчани,
Овие денови ја објавивме целосната програма за Тиквешкиот Гроздобер 2022 година. По пауза од две години , сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата.
Општина Кавадарци во последните години е препознатлива и докажана по транспарентното работење.

По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11. септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер.

Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан, а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум.
Кавадарци за сите. И оваа година да создадеме убава и поинаква гроздоберска приказна
– напиша Јанчев на ФБ.