Се роди нова “ѕвезда” синоќа на “Пиво Фест”

Полицијата сподели фотографија направена од екранот на „дрегер“ уред, која покажува дека еден возач бил во толку алкохолизирана состојба, што апаратот прикажал дека има 3,39 промили во крвта.

Инаку МВР, казни 53 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Битола.

„Во текот на изминатата вечер 16/17.06.2022 во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 53 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола 20, на подрачјето на Прилеп 22,пет возачи Ресен, три санкционирани возачи во Демир Хисар, два Македонски Брод и една санкција Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 63 останати прекршоци“, стои во соопштението на полицијата.

Оттаму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.