дома блог страница 1523

Некои не забораваат каде ја добиле основата за успех: Поранешни гимназијалци донираа клима уред за училиштето

На 08 јуни 2022 год, поранешниот ученик во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Валентин Ѓорѓиоски, реализира средба со професорката по информатика Анета Стојческа.

Валентин, како ученик, во Гимназијата е запамтен по исклучителното залагање во наставата и големите успеси што ги постигна на државните и меѓународните натпревари по информатика и математика.

Денес, Валентин Ѓорѓиоски и Кирил Иваноски, кој исто така е поранешен гимназијалец, се сопственици на компанијата за изработка и развој на софтвер „Grabit“ со седиште во Прилеп и со канцеларии во Скопје и Љубљана (Република Словенија).

На средбата, во подолг разговор, Валентин се интересираше за одвивањето на наставно – образовниот процес и препреките на кои наидуваат наставниците при реализацијата на наставата, како и за можноста компанијата „Grabit“ да донира во училиштето. Бидејќи и самиот е информатичар, се интересираше за условите во кабинетот по информатика. Кабинетот располага со скоро нови компјутери од понова генерација кои ги задоволуваат потребите на наставата, но кога работат значително ја зголемуваат температурата во просторијата. Поради тоа, Валентин го прифати предлогот на професорката Анета, за донација на клима уред. Клима уредот е навистина повеќе од потребен и многу ќе придонесе за учениците да можат во подобри услови да ја реализираат наставата.

Низ разговорот се разгледуваа и можностите за понатамошна соработка на компанијата „Grabit“ со Гимназијата. Идеја е учениците кои постигнуваат успеси на натпреварите по информатика и математика да бидат во контакт со Валентин или други одговорни лица од компанијата, кои со своето искуство и знаење ќе им помагаат за постигнување на повисоки резултати. Не е исклучена и можноста компанијата да овозможи, гимназијалците да реализираат практична работа по предметите информатика и програмски јазици и да ги стимулира учениците со пригодни награди. Сето тоа е во насока за гимназијалците да ја согледаат користа од изучувањето на информатиката и што повеќе да се насочат на инженерството, со надеж дека ќе се успее колку може повеќе од нив да останат во Македонија.

Професорите од гимназијата беа пријатно изненадени, што и после повеќе години од излегувањето од гимназиските клупи, има некој што сè уште мисли на условите во кои се одвива наставно – образовниот процес во гимназијата.

Воедно, испраќаат голема благодарност до Валентин Ѓорѓиоски и компанијата „Grabit“. Клима уредот, донација од „Grabit” веќе е инсталиран во кабинетот по информатика. Се надеваме дека и други општествено – одговорни компании ќе го следат овој позитивен пример – информираат од прилепската гимназија “Мирче Ацев”.

Aпceње во Битола: Паднаа тројца битолчани и еден државјанин од Саудиска Арабија

На 24.06.2022 на ул.„Тодор Скаловски“ во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола ги лишиле од cлобода Г.К.(32), С.Г.(43), двајцата од Битола и Х.М.(33) од Саудиска Арабија затоа што кај нив биле пpoнајдени и одземени мapиxyaна, бела прашкаста материја и други предмети.

Истиот ден од страна на полициски службеници при СВР Битола извршен е претрес во домот на Г.К на ул. “Партизанска” во Битола при што пронајдени и одземени се грутчеста материја, прашкаста материја, растителна материја, 18 семки, дробилка, ризли и др. предмети.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Oсмани: Имаше хибридни напади врз мене и министрите кои се бopевме за Македонија во преговорите со Бугарија, можна е кpивична пocтапка

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, изјави денес дека тој, други министри и политичките партии во државата кои требаше да ја бранат позицијата на Македонија во преговорите со Бугарија биле цел на хибриден напад во земјата, при што навести можна истрага која, ако се покаже дали станувало збор за организирано сценарио за уривање на државната позиција, по што е можно и кривично да одговараат.

-Имавме хибридни напади врз закани за министри и политички партии со кои се обидуваше да се урне нашата државна стратегија и државните позиции за спорот со Бугарија, кои може да се исчитаат во контекст на кривични постапки. Некој се обидуваше да ја урне нашата позиција. Тие хибридни закани треба да се истражат, да се види дали се дел од некои сценарија, бидејќи можно е некои да избрзаа од наивност, но некои учествуваа свесно и организирано, рече Османи, на првата прес конференција по враќањето од Брисел.

Тој во ракавици и индиректно, без да го посочи, практично го нападна еврокомесарот Оливер Вархеи каде еден од европските преставници кои не пристапиле чесно на преговорите со Бугарија, оценувајќи наедно дека наспроти нападите кон Франција, француските преговарачи се обидувале да бидат чесни посредници и преговарачката рамка што ја дале, ја дале во цајтнот, со недефинирани делови во заграда, со цел да покажат дека тоа се спорните ставови кои треба да се усогласуваат деновиве и дека сакаат да му дадат шанса на репшението.

-Тие се обидуваа да бидат чесни посредници, иако последниве денови видовме дека имаше други кои работеа обратно.Француските преставници беа многу внимателни и најтешко им беше што немаа адреса за разговор во Бугарија . Таму беше таков хаос, не знаеја со кого да се сретнат, рече Османи довдавајќи дека затоа не држат нападите на француското претседателство кај нас. Тој потврди дека ние сме биле со нив во постојана комуникација и сме ги искажувале нашите ставови и забелешки, и дека веднаш откако било најавено дека недоговорената рамка ќе биде пратена на разгледување во ЕУ, сме ги испратиле своите резерви, но тоа не било објавено заради гласањето доверба на владата во Бугарија и пријателската сугестија од надвор дека во спротивно, би можеле да влијаеме на исходот таму.

Ова никој не го очекуваше: Победа го доби предводникот за Прва лига

ФК Победа денес постигна договор и во новата повратничка прволигашка сезона нов Шеф на Стручниот штаб на прилепскиот прволигаш ќе биде Бобан Бабунски.

54-годишниот поранешен македонски и југословенски репрезентативец и тренер на А и младата репрезентација, кој беше предводник и на Вардар и Работнички, денес ги договори условите за взаемна соработка со црвено-белите.

Бабунски за понеделник 27-ми јуни во 17 часот на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев“ ја закажа прозивката со која ќе биде означен и почетокот на подготовките на фудбалерите на Победа.

На првиот собир новиот тренер и првиот човек на Победа Благоја Гешоски ќе го образложат планот на подготовките како и потребните засилувања со цел успешна сезона на клубот по враќањето во елитното друштво.

Фудбалската кариера Бабунски ја започнува во Вардар по што следи интернационална кариера во ЏСКА Софија (Бугарија), Леида (Шпанија), Гамба Осака (Јапонија), АЕК Атина (Грција), Ст. Труден (Белгија), Логроњес (Шпанија) и Кемницер (Германија), а ја завршува во Работнички.

Како тренер од 2002 до 2005 год бил помошник на Слободан Сантрач во А селекцијата, привремен селектор од август 2005 до февруари 2006 година, освојувач на Купот со Работнички во сезоната 2008-2009, а од 2009 до 2014 година беше предводник на младата селекција за играчи до 21 година.

Акциска контрола на полицијата: Казнети седуммина прилепчани

Акциска контрола на територијата на СВР Битола.

23.06.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 26 возачи, од кои 5 санкции се изречени на територија на Битола, 8 на територија на Ресен, 7 во Прилеп, 4 во Демир Хисар и 2 во Крушево.

Кривична пријава за четворица прилепчани заради тепачка во угостителски објект

Веста е објавена во полицискиот билтен на Министерство за внатрешни работи.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.Ј. (41), С.Ј.(19), Д.Ј.(42) и З.Ј.(43), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 25.12.2021 во угостителски објект на ул.„Орде Тутески“ во Прилеп, пријавените физички и со стаклени предмети ги нападнале К.В., А.Т., С.Б. и А.К., сите од Прилеп.

Еве како изгледа Бугарин заглавен во 20-ти век (Видео)

Претседател на политичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов во бугарскиот Парламент кажа дека иднината на Бугарија и Македонија е една, односно тоа е една заедничка држава.

„Иднината на Бугарија и Македонија е една, тоа е една заедничка држава. За тоа треба да се бориме сите ние, затоа ви го дадов примерот од 1941 година. Една заедничка држава, обединета Бугарија со Македонија, а не членство во ЕУ“, вели Костадинов.

Костадинов вели дека влезот на Македонија во ЕУ нема да го реши проблемот.

„Тоа нема да ни го реши проблемот. Затоа што ако Македонија влезе во тој свет, тогаш македонскиот јазик ќе стане официјален во ЕУ. И кога некој од нас ќе почне да зборува на дијалект, ќе треба да му објаснуваме дека тоа не е бугарски, туку е македонски“, кажа Костадинов.

Медицинска сестра во љyбовен занec додека пациенти чекаат ред за преглед (Видео)

Читателите на Алсат испратија видео снимка на која се тврди дека ден претходно во Итната помош на градската болница во Куманово медицинска сестра била фатена во интимни моменти додека била на работа.

Снимката докажува дека странец кој најверојатно не е пациент, седи на биро и ја придружува медицинската сестра додека ја чекаат пациентите.

Неофицијално се дознава дека за скандалот бил информиран директорот на болницата, од каде се очекува да преземат дисциплински и законски мерки против медицинската сестра.

ВИДЕОТО погледнете го ТУКА

Легендарното Фото студио “Реал” од Битола во ново руво прослави 55 години постоење: Идејата на стариот мајстор Иван Ќурчиевски се уште живее (Фото галерија)

Префинетоста, елеганцијата, хемијата меѓу идејата и остварувањето отсекогаш биле главни протагонисти во развојот на битолската култура. Токму тие придонеле за воздигнувањето на градот Битола како голем културен центар, како на Балканот, така и на европско тло.

„Фото Реал“ во почетокот

Ризницата на овој град не само што плени со неповторливи дела од сферата на уметноста, музиката, театарот, туку плени и со делата на најголемите мајстори на фотографијата. Во редот на овие големи имиња, почнувајќи од Линара, браќата Манаки, Пинза и Папакоч се наоѓа и Иван Ќурчиевски, мајстор за црно – бела фотографија во помодерната битолска фотографска ера.

„Фото Реал“ во почетокот

Прв е од својот род што развил љубов и желба кон овој вид на уметност, а подоцна истата му станува секојдневно хоби. Покрај неговата кариера како прочуен битолски електропроектант, нова кариера почнува да гради со своето хоби кон крајот на шеесеттите години на минатиот век.

Иван Ќурчиевски во своето фото – студио

Иван Ќурчиевски во своето фото – студио

Долгогодишната љубов кон фотографијата ја реализира со отворањето на неговото прво фото – студио „Фото Реал“,во 1967 година. Поради еминентните квалитет и понуда, Ќурчиевски го проширува својот бизнис и во Скопје, каде ја отвора експозитурата на „Фото Реал“ во близина на ГТЦ во 1980 година.

Иван Ќурчиевски во своето фото – студио

Долгогодишните искуство и труд на Ќурчиевски придонесе фотографијата да премине во традиција и заштитен симбол на фамилијата. Нивната уникатност не само што почива врз високата професионалност, искуство и посветеност, ами почива и врз генерациското наследување и учење.

Иван Ќурчиевски со своите синови,Зоран и Митко

Иван Ќурчиевски во своето фото – студио

Фотографските техники кои ги нуди ова фото – студио произлегуваат од самото негово име – „Реал“, што значи „реално, вистинско, без ретуширање“, или нешто што е оригинално и чисто, во кое доаѓа до спој меѓу традиционалното и модерното.

„Фото Реал“

„Фото Реал“ во Скопје

Денес, „Фото Реал“ е тука каде што е – исполнет сон и успешна бизнис идеја на голем човек, кои траат веќе 55 години и ќе продолжат да создаваат нови успешни приказни во новото студио, со софистициран изглед и опрема по највисоки стандарди, нудејќи огромен квалитет.

„Фото Реал“ во Скопје

Преточете ги вашите спомени и важни моменти од животот во уметноста на фотографијата,што ја нуди студио „Фото Реал“. Препуштете ја вашата фантазија во нивните вредни раце и креативни идеи.

Забава по повод јубилејни 55 години постоење

„Многу фотографи мислат дека поседувањето подобра камера ќе им донесе подобра фотографија. Камерата нема да направи ништо за Вас ако немате идеја во својата глава и пасија во своето срце.“

 „Фото Реал“ во своето ново руво

Текст: Магдалена Петровска

Прекинува штpajкот во јавните претпријатија во Битола: Коњановски се договори вработените да добијат повисоки плати

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вчера одржа состанок со директорите на јавните претпријатија и претставниците на репрезентативните синдикати во претпријатијата. Договорено е линеарно зголемување на платите на сите вработени во јавните претпријатија, почнувајќи од платата за месец август, а од нив е побарана зголемена ангажираност. Ваквиот пристап на Коњановски, потврдува дека продолжува социјалниот дијалог во општина Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски, по завршувањето на состанокот, информираше за мерките кои ги презема локалната самоуправа за надминување на последиците од економската криза во државата:

„За разлика од централните институции и Владата на Република Македонија, кои досега не покажаа слух ниту за потребите на граѓаните, ниту за работниците и работничките права, ниту пак за општините, локалната самоуправа во Битола, од првиот ден работи на подобрување на социјалниот дијалог со активно вклучување на сите засегнати страни, меѓу кои и јавните претпријатија, репрезентативните синдикати и работниците. Последиците од економската криза и пасивноста на Владата во однос на спроведување на економски мерки, ги чувствуваме сите и затоа мора да воведуваме функционални решенија.

Проблемот со ниските плати кај административните службеници во општината, надополнет со последиците од постојаниот раст на цените, го констатиравме веднаш по доаѓањето како нова локална самоуправа, поради што веднаш беше формирана комисија за подготвување на колективен договор за вработените во општинската администрација, на кој се работеше во изминатиот период и истиот на следната седница на Советот ќе биде образложен пред советниците, за потоа да може да се пристапи кон негово потпишување.

Истата комуникација, за целиот овој период, ја остваруваме и со репрезентативните синдикати на јавните претпријатија со кои и денес имаме состанок, во присуство и на директорите, со цел постигнување на заеднички договор и непречено функционирање.

Општина Битола, како основач на јавните претпријатија, ќе овозможи нивна поддршка и субвенционирање за надминување на тешката состојба во која се наоѓаат, поради што од моја страна, беше дадена согласност за линеарно зголемување на платите на вработените во сите јавни претпријатија во износ од 2806 денари и секако исплата на регрес за годишен одмор, согласно законската регулатива.

Од директорите побарав, комплетно завршување на потребната законска постапка за побараното зголемување на платите во најкраток рок,

но и од нив и од претставниците на синдикатите, побарав зголемена ангажираност на вработените и навремено извршување на работните обврски.

Сите вработени мора да покажат максимална ангажираност, затоа што сите заедно мора да работиме со цел хигиената да се подигне на повисоко ниво, Битола да биде чист град, да има квалитетно водоснабдување и подобра инфраструктура.

Се надевам дека, зад ваквиот договор, едногласно ќе застане и Советот на општина Битола, затоа што, во овие моменти важно е, социјалниот дијалог да биде на високо ниво, а секој од нас, да покаже одговорност.

Јавно ја повикувам Владата, да го следи примерот на општина Битола, да воведе социјален дијалог и да биде вистинска поддршка на граѓаните и работниците во овие тешки времиња“, рече градоначалникот Коњановски после денешниот состанок со претставниците на синдикатите и директорите на јавните претпријатија од Битола.