Професорката Ирена Наумоска од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп меѓу најуспешните фанкофони во Македонија (Фото)

Најуспешните професори по француски јазик од Македонија, кои учествуваа на натпреварот во организација на Фондацијата „Бел Идеал“, четири дена престојуваа во Париз како награда за нивната досегашна работа во наставата и во промоција на франкофонскита култура и цивилизација.

„Француската метропола е една од најпосакуваните дестинации за сите туристи ширум светот, а градот на љубовта плени со својата убавина и раскош, како и со француската кујна, примамлива за вистинските гурмани. Благодарение на Фондацијата „Бел Идеал“ и претседателката Јадранка Бојковска Бенреждал, имавме можност да уживаме во убавините на Париз посетувајќи значајни места и активности кои се симбол на француската култура и традиција. Ова е награда за заложбите на професорите, но и начин да се стимулираат останатите професори да организираат активности за промоција на франкофонијата”, вели професор Ирена Наумоска од ООУ „ГОЦЕ Делчев“-Прилеп, една од наградените професори од фондацијата „Бел Идеал“ во Македонија.

Победници на натпреварот се Магдаленка Симовска од Пехчево, Билјана Начовски од Делчево, Ирена Наумоска од Прилеп, Мимоза Цека од Тетово и Елена Лазаревска и Анета Митевска од Скопје.

Натпреварот се реализираше во две категории: професори кои имаат повеќе од 5 години практично искуство во наставата по француски јазик и професори со помалку од пет години работно искуство. Покрај достава на досиеја со докази за активности спроведени во периодот од јануари 2019 – 30 април 2022 година, професорите имаа и интервју на крајот на мај 2022 година со претседателката на фондацијата, Бенреждал, која се сретна со сите финалисти од повеќе градови.
Имињата на добитниците на наградата беа соопштени на завршната франкофонска активност за време на натпреварот за Француска шансона во хотелот Лимак во Скопје.

Честитки за оваа иницијатива за вреднување на трудот и заложбите на професорите по француски јазик која треба да биде пример и за други фондации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.