дома блог страница 1524

Maкpoн: Ќе paзговapaме со Ceвepномакедонците

-Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот, изјави францускиот претседател Макрон.

Тој ја поздрави храброста на некои лидери на Северна Македонија како Зоран Заев, кој го смени Уставот и името на државата.

-Една земја членка со задоцнување побара промени, рече Макрон за Бугарија, но додаде дека ЕУ не може да се преправа дека тие не постојат и истакна дека има политичка криза во Бугарија. Тој го пофали и премиерот на Бугарија, Кирил Петков за неговата политичка храброст.

Стојанче Ангелов: Ме yтепaa но останав жив, продолжиja со пyкање, но пак останав жив

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се потсети на војната во 2001 година во Арачиново.

– Ме утепаа но останав жив. Продолжија со пукање да ме дотепаат но пак останав жив. На денешен ден во 2001-та во битката за Арачиново Со прострелна рана во градите, со разнесен бел дроб, речиси без крв но сепак жив. Сакајте го животот и здравјето секогаш. Еден ден ќе ги снема. Можеби тогаш кога најмалку очекувате. – напиша Ангелов.

Денеска е еден од нajголемите и нajтешките пpaзници во годината, ден кога се вpти Coнцето

Денеска православните христијани го празнуваат големиот празник посветен на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, или кај народот познат како Вртолум.

Во народното верување Вртолум се смета за особено важен ден, или за ден кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедал заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострадал маченички.

Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се родил на островот Кипар.

Бил Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викал Јосиф, но апостолите му го дале името Варна¬ва, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедал во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар.

Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го завршил маченички на Кипар. Пострадал од Евреите.

Според народните верувања, на овој ден не треба да се работи, бидејќи постојат можности за поплава, град и олуја. На Вртолум, според народните верувања, не смеете да се качувате на дрва, и не смеете да се капете во река.

Рама пак се шегува – на првите луѓе на ЕУ и Макрон им порача: Поздрав од Источна Македонија (Видео)

На Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржува во Брисел домаќини беа Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, Емануел Макрон, првиот човек на Франција и Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, а присутни на Самитот беа и лидерите од регионот.

Премиерот на Албанија, Еди Рама повторно е во центар на внимание поради неговите зборови кон Мишел.

„Поздрав од Источна Македонија“, му кажа Рама на Мишел, по што сите се изнасмеаа пред фотографирањето.

Видеото може да се погледне ТУКА

(Видео) Таче заминува, Урсула крева веѓи

Во Седиштето на Европската унија (ЕУ) во Брисел се одржа Самитот на кој учествуваа шефовите на државите и владите на ЕУ и од Западен Балкан, а меѓу нив беше присутен и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Maкедонија кажа “Не” за францускиот предлог, но и останува верна на Европа. Ете таква е ситуацијата денес. И како што сака да кажи албанскиот премиер: “Велиме дека Путин е болен, но ниту Европа не изгледа баш здраво”.

Да се вратиме на темата. Колку не почитуваат во институциите на ЕУ веќе е познато. Претседатели ни намигнуваат, премиери не тапкаат по рамо, но од денес имаме и нов поздрав. Урсула фон дер Лајен крева веѓи кога заминуваме.

Оваа ситуација не помина незабележано, а што значеше оваа реакција ќе анализираме нахнадно.

Видеото можете да го погледнете ТУКА, а ситуацијата за која зборуваме е на 1.40 секунди.

БГНЕС “yдри” по Димитров: Tој го потпиша договорот уште во 2019

Со оглед на негативните реакции во Скопје од владејачката партија, опозицијата, како и од поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во однос на содржината на францускиот предлог, а особено на билатералниот протокол, БГНЕС ја објави содржината на последниот билатерален протокол за имплементација. од Договорот за добрососедство од2019 година. Овој протокол го носи потписот на двајцата тогашни министри за надворешни работи Екатерина Захариева и Никола Димитров, пренесува Инфомакс.

И двата протоколи се оригинали и не се прераскажување на Агенцијата БГНЕС. Учесниците во нивната подготовка се одговорни за нивната содржина.

Протоколот, потпишан во 2019 година, го истакнува присуството на важни историски теми, како и специфична заложба до крајот на истата година да се постигне заедничко историско читање на личноста на Гоце Делчев:

„Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања решително да ја забрза работата на важни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденско-Преображенско востание итн.) инсистирајќи на постигнување реални резултати до крајот на 2019 година, вклучително и содржината на учебници. Во својата работа комисијата треба строго да се придржува до одредбите од чл. 8, точка 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, имено да се придонесе за целта, заснована на автентични и засновани на докази историски извори, научно толкување на историските настани“, се гледа од протоколот потпишан од Екатерина Захариева и Никола Димитров.

Целата статија можете да ја прочитате на ИНФОМАКС.

Заштеда за летен одмор и зимување: Падна цената на гopивата – “цели” 0.36 проценти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36% во однос на одлуката од 22.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,923%, кај дизелот зголемување во просек за 0,541%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0, 444 % и кај мазутот намалување во просек за околу 1,992%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,000 ден/кг и сега ќе изнесува 54,291 ден/кг.

Од 24.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 110,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 112,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 110,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 107,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 54,291 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,186 %. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Ова треба да го има во секое училиште: Во ООУ “Кире Гаврилоски” реализиран одличен проект за лица со попpeченocт (Фото)

Откако успешно беше реализиран проектот „Биди ИН, Биди ИНклузивен, Биди ИНклудиран“, градоначалникот Борче Јовчески и официјалните претставници на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ го посетија ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп.

На ова основно училиште од страна на Фондацијата „Чекор по чекор“ му беше доделен електромоторен транспортер (гасеничар) кој е наметен за лица со физичка попреченост, односно овозможува движење на инвалидска количка по скали. Како што истакна директорот на ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Влатко Кузманоски, ова е голем исчекор во подобрување на инклузивното образование бидејќи со оваа направа секој ученик би имал пристап до сите простории во училиштето, а истовремено би била олеснета работата на наставниците, воедно и на родителите кои ги носат таквите ученици до училиште.

Општина Прилеп со сигурност и во иднина ќе биде дел од ваквите проекти кои придонесуваат во подобрување на образованието од било каков вид.

KA3HA ДО 2.000 EBPA: Од утре забрана за движење во шуми од 6 до 20 часот!

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите, даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот.

Забраната стапува во сила од утре и се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

– Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појавана шумски пожари, односно до нејзиното отповикување, се наведува во соопштението на „Национални шуми“.

Од таму посочуваат дела оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите.

– Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат, се наведува во соопштението, при што се додава дека за спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“ кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.

“Балкан бенд” испишуваат историја: Овој музички проект ќе ечи на секоја веселба (Видео)

Вчеравечер во ресторанот Ragusa 360 – Rooftop се одржа спектакуларна промоција на уште една во низата народни песни кои ќе го обединат македонскиот народ.

„Балкан бенд“ го промовираа најновиот музички проект насловен како „А бре, Македонче“. Зад ова музичко парче што ќе остане за навек, како аранжер се потпишува Дарко Илиевски, а мастерот е дело на Дејан Момироски. Спотот е направен под режиската палка на маестралниот Даниел Јовески.

Домаќин на вечерта беше легендарниот Игор Џамбазов, кој со своето присуство ѝ даде посебна нота на целата промоција.

Момците од „Балкан бенд“ на промоцијата со огромно задоволство открија дека ова е најскапиот музички проект кој се случил во Македонија во последните 10-на години.

„Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ, го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно ја споделуваме со вас „А бре, Македонче“ и горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија“, рекоа синоќа момците од „Балкан бенд.

На промоцијата на „А бре, Македонче“, почит им оддадоа многу познати имиња од македонскиот шоу бизнис. Водители, пејачи, медиуми, инфлуенсери, беа само дел од публиката на промовирањето на „А бре, Македонче“, во срцето на Скопје.

Реакциите за спотот и песната се и повеќе од одлични, а доказ за тоа се и бројот на прегледи на Јутјуб. За само неколку часа повеќе од 15.000 корисници го прегледале видеото.

Да не должиме многу, слушнете, уживајте и споделете ја „А бре, Македонче“ на вашите социјални мрежи.