дома блог страница 1522

Османи: Францускиот предлог е прифатлив за нас, ние не го одбивме во целост

„Доколку се најде решение за ова спорно прашање со протоколите, останатиот дел од францускиот предлог е решение кое е прифатливо за нас“.

Ова во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 го истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Османи посочи дека францускиот предлог не е одбиен, туку само оној дел кој е спорен за Македонија.

„Францускиот предлог, спорниот елемент, спорното прашање не го стави во документот како финално решение – го стави во заграда. Што значи дека тоа не е конечен предлог на француското претседателство, затоа не можам да кажам дека ние документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас“, вели Османи.

Секоја чест! Во Скопје и Битола денес ќе се одржат собири “Семејството пред сѐ”

Македонското обединувачко движење (МОД) од Битола денеска ќе одржи собор за „зачувување на семејните, традиционални и општествени вредности“, насловен „Семејството, пред се”.

– Наспроти сета неморалност и контроверзност која ни се наметнува, заеднички да искажеме дека нам семејните, традиционалните и моралните вредности ни се пред се! Без разлика на вашата религија, нација и партија ве повикуваме на овој собор. Време е да престанеме да се обојуваме на нации, партии и религии, но потребно е да се обединиме и важноста да ја дадеме на вистинските семејни, традиционални, етички и општествени вредности, наведуваат од МОД.

Според најавата, ќе се одржат два собора во истиот термин од 20 часот, едниот во Битола на плоштад Магнолија, а вториот во Скопје во Жена парк.

Битолчани со прилепски автомобил превезувале 24 мигpaнти од Пакистан, Сирија, Индија, Авганистан

На 25.06.2022 околу 10.20 часот на магистралниот пат Гевгелија – Демир Капија, после клучка Марвинци во правец на с.Удово, полициски службеници од Полициска станица „Богородица“ ги лишиле од слобода Б.А.(50) и А.Д.(47), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело криумчарење мигранти.

Имено, при извршена проверка во товарно возило „цитроен џампер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А., во кое совозач бил А.Д., биле пронајдени 24 лица мигранти (12 од Пакистан, пет од Сирија, пет од Индија и две од Авганистан).

Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар „Виноjуг“ Гевгелија за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Битола во изминатите 24 часа: Еден бил нападнат во казино, друга од бившиот љyбовник, а трета во угостителски објект

Од полицискиот билтен на МВР

-На 25.06.2022 во 01.48 часот во Полициска станица Битола, С.Т. од Битола пријавил дека околу 01.30 часот во казино во Битола бил физички нападнат од едно лице кое било обезбедување во казиното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 24.06.2022 во 23.00 часот во Полициска станица Битола, битолчанка пријавила дека околу 18.00 часот на патот Битола—с.Бистрица, битолско, била физички нападната од А.К. од Битола, со кого претходно била во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 24.06.2022 во 18.25 часот во Полициска станица Битола Б.С.(39) од Битола пријавила дека околу 03.30 часот во угостителски објект во Битола била физички нападната од А.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

74-годишен битолчанец со автомобил yдpил во свој сограѓанин на велосипед

На 24.06.2022 во 11:45 часот на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Брегалничка“ во Битола патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(74) од Битола удрило во велосипедист Ѓ.А.(59) од Битола.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Битола.

Увид извршила екипа од СВР Битола.

Николоски: Предлогот требаше да се отфрли уште првиот ден, овој предлог значи катастрофа за македонскиот народ

„Мене ме изненади што воопшто стигнавме како држава до предлог, а уште повеќе ме изненади што предлогот не беше одбиен првиот ден кога порциркулира во јавноста. Затоа што доколку сериозен беше односот кон државата прво не смееше Владата да дозволи воопшто да се стигне до таков предлог затоа што да не се лажеме од самиот старт биле вклучени и го тврдам во разговорите и во преговорите со бугарската страна со посредство на француското претседателство. А, второ кога веќе се стигна до таков предлог требаше да се отфрли уште првиот ден, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Николоски додаде дека предлогот Бугарија го смета како освоена територија. И Бугарија сега нема да си дозволи да седне и да разговара за ништо помалку од она што веќе го има на маса, а тоа што го има на маса е катастрофа за Македонија и македонскиот народ.

„Јас бев свесен што ќе прават уште првиот ден кога почнаа да даваат едни смешни изјави од власта дека никој до нив официјално не го дал предлогот“, нагласи Николоски.

Тој посочи дека Ковачевски во Брисел глумеше задоцнет патриот.

„Ако внимателно се прочита што зборуваат круговите на власта откако во Бугарија се донесе одлуката пред ден и нешто, веќе има едно повторно вртење дека можеби предлогот не е лош. Дури и малку смешно како одредени поддржувачи на власта за 3-4 дена како даваат различни изјави. Така што доколку Бугарија имаше донесено одлука на денот кога беа во Брисел, јас се уште мислам дека Ковачевски ќе го прифатеше затоа што гледам дека оние кои што се блиски до Владата на СДСМ и ДУИ веќе се обидуваат да направат простор дека ова е добро. Дури вчера Бујар Османи беше директен во своето излагање во јавост во едно интервју каде што директно кажа дека тој мисли дека ова треба да се прифати што само говори дека немаат основно чувство за националните интереси на Македонија“, појасни Николоски.

Еве што остана од комбето по пукотницата во прилепскиот пазар (Фото галерија)

На 25.06.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп бил лишен од слобода Н.К.(53) од Ресен, затоа што претходно со неговото возило комбе „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства, при што полицискиот службеник испукал со пиштол во гумите на возилото.

Според пријавеното, пред тоа во Градскиот пазар Прилеп, додека продавал производи со возилото, тој бил отстранет од страна на инспекцијата. Н.К. е приведен во полициска станица, а известени се Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок – стои во официјалното соопштение од МВР за денешниот настан пред градскиот пазар во Прилеп.

Македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет

Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката. До сега, македонскиот јазик можеа да го изучуваат само студентите на Факултетот за литература, а од есен, преку нови предмети во четири семестри, македонистиката ќе можат да ја изучуваат студентите од сите факултети.

„Минатата година, кога одбележавме 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик во Истанбул, сè обврзавме дека соработката ќе ја продлабочиме и дека ќе продолжат вложувањата во зајакнувањето и афирмацијата на македонистиката на Истанбулскиот универзитет. Драго ми е што годинава, она на што се обврзавме следејќи го и заветот на Блаже Конески, веќе се остварува. Со можноста македонистиката да ја изучуваат студентите од сите факултети на Истанбулскиот универзитет, се покажува дека искажаната взаемна решеност не е само формална, туку суштинска, втемелена на одличната повеќедецениска соработка помеѓу двата универзитета, пред сè во сферата на македонистиката.“ – истакна директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по повод новите перспективи за македонистиката на Истанбулскиот универзитет.

Таа и упати благодарност до своите колеги од Истанбул.

„Од името на МСМЈЛК при УКИМ, искажувам благодарност до раководителката на Одделот за словенски јазици, проф. д-р Емине Инанир и до раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Туркан Олџај, затоа што застанаа зад иницијативата, со тоа потврдувајќи дека поддршката за афирмација на македонскиот јазик, литература и култура е непрекината и се зголемува. Но, морам да го истакнам и влогот на новата лекторка, д-р Габриела Ивановска, којашто и ги подготви предметните програми за новите предмети. Радува фактот што за неколку месеци, преку новите предмети, на Истанбулскиот универзитет, заинтересираните студенти од сите факултети не само што ќе можат да го изучуваат и надрадуваат знаењето на македонскиот јазик, туку на соодветно академско ниво потемелно да се запознаат и со севкупната македонска култура. Уверена сум дека нема да запреме тука!“ – нагласува Мојсова-Чепишевска.

Програмите по новите предмети од областа на македонистиката се осмислени во насока на промоција и популаризација на македонистиката, при што сите заинтересирани студенти ќе можат потемелито да се запознаат и со македонската книжевност, филм, музика итн., во еден поширок културолошки контекст. Истовремено, на Факултетот за литература ќе продолжи наставата и по предметите коишто се изучуваа и досега, при што како учебници се користат изданија подготвени од МСМЈЛК при УКИМ.

Инаку, годинава, во текот на летниот семестар, повеќе од 50 студенти на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет следеа предмети од областа на македонистиката. Имајќи ги предвид новите можности од следната академска година, се очекува бројот да биде поголем. Но, клучно, радува што интересот за македонистиката не запира само во рамките на студиите, туку продолжува и понатаму, што се потврдува и преку интересот на студентите на Истанбулскиот универзитет и за учество на претстојната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ.

Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Премиерот Ковачевски со поддршка за “Парадата на гордоста” во Скопје: “Секој има право на почит и достоинство”

Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација, порача премиерот Димитар Ковачевски пред денешното одржување на Парадата на гордоста во Скопје или „Skopje Pride“.

-Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите.

Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани – донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме.

Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија. Посакувам успешен и мирен #SkopjePride, напиша Ковачевски.

(Фото галерија) Пyкaње и апceње среде бел ден пред градскиот пазар во Прилеп

Попладнево апсење и пукање пред градскиот пазар во Прилеп. Имено како што дознаваме додека комуналните инспектори при општина Прилеп интервенирале на отстранување дива тезга, сопственикот на тезгата според очевидци се обидел да ги прегазе со комбе.

На тоа интервенирал полициски службеник кој испукал неколку кypшyми во гумите на возилото со цел да го спречи разбеснетиот возач. Очевидци велат дека полицискиот службеник бил принуден да интервенира на ваков начин со цел да се спречи поголема тpaгедиja.

Лицето потоа било совладено од полициските службеници и приведено. Повеќе детали очекуваме од СВР Битола во текот на денот.