дома блог страница 1515

И денеска пеколни гopештини: Внимавајте УВ индексот ќе достигне 9

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Од УХМР информираат дека следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе има чувство дека температурата на воздухот е повисока. И покрај топлото време, претежно во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и услови за појава на краткотрајно невреме.

Министерот за одбрана на Украина: Третата светска вojна веќе е почната

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, изјави за „Скај Њуз“ дека доколку Русија ја заземе Украина, и други европски земји ќе бидат следни на тој пат.

Резников кажа дека нема смисла „да се обидуваме да не ги ескалираме тензиите со Русија, бидејќи војната е веќе тука“.

Тој смета дека Третата светска војна веќе е почната.

Села предлага алко и тест за дpoга за пpaтениците

„Секој што има два грама памет во главата кога ќе ги види снимките ќе може да разбере што се случило со инцидентот и кој го предизвикал. Не ми паѓа на ум, а и не би ни сакал да верувам, оти постои правило, за да се држи под контрола едно општество, треба да постои состојба на контролирано лудило. Не сакам премногу да навлегувам во проценувања и да ги коментирам однесувањата на бандитите!“ – изјави Зијадин Села, лидерот на опозициската Алијанса за Албанците, одговарајќи на прашањето на весникот на албански јазик „Лајм“ во врска со инцидентот што се случи деновиве во Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија.

„Села, кој е и пратеник во Собранието, бара пратениците да се подложуваат на алкотестирање и наркотестирање на секои три месеци. Ваквата идеја тој ја изнесе, откако и пратеникот на Демократската лига, Павле Трајанов, коментирајќи го инцидентот во споменатата комисија, рече дека во Собранието кружи многу алкохол и оти, меѓу другото, и тоа влијае врз атмосферата и однесувањето на некои пратеници.“

„Дојде време јавноста да види кои се пијаниците, но и вистинските наркомани. Не само алкотест, туку предложив во исто време на секои три месеци од утре да се врши и допинг-тест за дрога за секој пратеник. Пратениците се претставници на народот и не треба да користат супстанции, кои ќе влијаат врз нивното разумно расудување.“

Мицкоски: Струјата реално ќе поскапи за 18%, ќе предложам на ИК да донесеме одлука за протести во повеќе градови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека струјата реално ќе поскапи 18%, а народот ќе гори се што може да најде за да се затопли оваа зима. Тој потенцираше дека токму поради душманското уривање на стандардот на власта ќе предложи на ИК на ВМРО-ДПМНЕ да се донесе одлука за протести во повеќе градови.

Мицкоски истакна дека со новиот тарифен модел граѓаните ќе бидат на два пати оштетени, еднаш директно преку плаќање на сметките и вториот пат преки буџетот, бидејќи повторно ќе треба помеѓу 150 и 200 милиони евра да има дотации од буџетот до ЕЛЕМ.

– Лиферуваат процент од 7,4 проценти и тоа е лага, подготвен сум со секого да го дебатирам тоа, процентот ќе биде помеѓу 17 и 18% и тоа ќе го почувствуваат граѓаните во сметките. Тоа го зборувам две години. Цената на струјата што ја плаќаат домаќинствата се формира по три основи, цената која се исплаќа кон ЕЛЕМ, потоа цената кон МЕПСО за пренос и пазар и цената до дистрибутерот, а тоа ЕВН. Сето ова зголемен се зголемува за маржата од 11,5%, реч Мицкоски.

Тој додаде дека за Електрани зголемувањето е 17%, а ЕВН 20,94%, со едноставна математика добивате зголемување од 17% до 18%.

Сите ќе го почувствуваат во зависност од периодот во годината, најмалку кога нема греење или ладење тоа отприлика пролет или делумно есен, но секогаш кога ќе бидат вклучени клима уредите или затоплувањето со помош на инвертери, тогаш цената може да биде и до 30-40% поголема. Тоа што треба да се спомене е да не зборуваат повеќе за екологија и чист воздух затоа што тие кои ќе почувствуваат сметка за 30-40% поголема ќе бараат алтернативен начин и ќе горат се што ќе најдат за да се стоплат. Овој начин како што го помина РКЕ ќе значи во зимно горење на се, само за да се затоплиме, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека власта требаше да работи и да произведува наместо да краде.

– Тие беа ориентирани на тендери во 4 очи. И бидејќи не произведуваат мора да увезуваат скапа електрична енергија. За тоа да не го прави ЕВН таа состојба ќе ја прави ЕСМ и затоа нудат количина што не можат да произведат затоа велат дека ќе се стимулира преку буџетот, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека за ситната и средната индустрија шокот ќе биде до 300% и повеќе и тогаш ќе се затвораат бизнис и луѓе ќе остануваат без работа и затоа поради тоа и лошиот стандард ќе повика граѓаните да излезат на протести.
– Утре имаме Извршен Комитет на партијата и сакам да побарам да ги повикаме граѓаните да излезат на масовни протести низ повеќе градови, затоа што ова е неодржливо, изјави Мицкоски.

Има ли МВР во Прилеп? После Стара црква, уништени и липите кај параклисот во Вишне (Фото)

Секоја година иста приказна. Несовесни граѓани во Прилеп и летово ги уништуваат липите низ градот. Не постои човек кој нема да ја разбере борбата со сиромаштијата и тешкиот живот, но едно е тоа, а друго е да се кршат гранки и да се уништуваат децениски дрвја.

Веќе и не се бира каде. Откако пред извесно врме беа опустошени липите во дворот на црквата Св. Благовештение, синоќа испокршени и опакостени биле и липите кај маалскиот параклис во Вишне.

Граѓаните бараат МВР да ги заштити парковите и да се справи со несовесните граѓани.

Koга не те почитуваат ниту твоите: Премиерот зборува, пратениците од власта ги нема (Фото)

Денеска седница за пратенички прашања во Собранието. Премиерот зборува, неговите ги нема…

Поповска со липање во емисија за Преспанскиот договор: “Гласавме за глупости, за еден надвор од умот договор” (Видео)

Поранешната пратеничка и претседателка на политичката партија ДОМ, Лилјана Поповска, синоќа гостуваше во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа.

Поповска зборуваше на тема Преспански договор и што е тоа што ја натерало да гласа за промената на државното име. Во еден момент таа стана емотивна и почна и липаше додека зборуваше.

“Тоа е најголемата траума во мојот живот и додека сум жива јас нема да можам да се ослободан од неа. Се надевам дека ќе доживеам да се откорне таа лепенка што беше ставена на името и сите тие глупости коишто влегоа во тој договор. Гласавме за глупости, за еден надвор од умот договор којшто не знам како бил договаран, не знам зошто бил договаран”, истакна Поповска.

Не мирува Прилеп, ама не мирува ниту регионот околу Прилеп: Четворица го нapyшиле редот и мирот во угостителски објект во Кривогаштани

На 28.06.2022, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода Д.К.(33) од с.Бела Црква , Х.Н.(18) од с.Света, З.К.(53) од с.Единаковци и Љ.Н.(57) од с.Света.

Четворицата го нарушиле јавниот ред и мир во угостителски објект во Кривогаштани.

По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Прилепчанка си го натепала сопругот: МВР ќе презема мерки за расчистување на случајот

Семејното насилство е доста чувствителна тема, за која долг временски период не постоела соодветна правна регулатива во нашето законодавство. И дефинитивно може да заклучиме дека во одредени ситуации и мажите можат да бидат жртви на насилство.

На 28.06.2022 во ОВР Прилеп, 47-годишен маж од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга М.А.

МВР ќе преземе мерки за целосно расчистување на случајот.

Одлучено, еве за колку ќе поскапат сметките за стpyja од петок

За 98,8 проценти од домаќинствата цената на електричната енергија ќе се зголеми за 7,4 процент.

-Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории, изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија, посочи Бислимоски.

Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%.

Енергетски компании побараа значајни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но од РКЕ велат дека не ги прифатиле сите нивни барања и одобриле многу помали проценти.

Трошоците за набавка на електрична енергија на ЕВН ХОМЕ на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, заради враќањето на голем број компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија, заради што ЕВН ХОМЕ мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиони евра. Со укинување на кризната состојба, ЕВН ХОМЕ има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително новата цена на eлектрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН ХОМЕ е зголемена за 17%, од 41евра за MWh на 48 евра за MWh.