Министерката за култура им порача на македонските уметници: Творете нешто весело без говор на омpaза

„Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро“, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прашањето дали ставката за спречување говор на омраза во билатералниот Протокол со Бугарија ќе значи и цензура на творештвото. Ова прашање таа го одговори во видеоприлогот на оваа тема на Гласот на Америка на македонски јазик.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во изјавата за Гласот на Америка вели дека „Министерството за култура нема да ја има улогата на полицаец и да демне кој што ќе направи. Слободата на уметникот е голема и тој има право да се изрази и никој нема право тоа да го ограничи во ниту еден момент“, но исто така смета и дека:

„Секој филм којшто ќе ја промовира македонската култура, којшто ќе го помовира македонскиот индивидуалитет какви сме ние како Македонци би требало да има поддршка. Но сепак, мора да бидеме свесни дека мора да одиме напред, мора да се ослободиме и дека историјата не смее повеќе нам да ни биде затвор, треба да ни биде лекција“, вели министерката за култура.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.