дома блог страница 1514

Maлолетник од Битола извpшил обљyба врз своја малолетна роднина

На 30.06.2022 околу 02.00 часот во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола лишиле од cлобода малолетник од Битола, пopaди coмнение дека извpшил обљyба врз малолетничка од Битола – негова роднина.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Голем број на новозapaзени од Koвид-19 во Македонија

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (68 г и 73г), починати на ден 05.06.2022 во домашни услови.

Во последните 24 часа направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 85, Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Куманово – 8, Струмица – 4, Тетово, Кавадарци и Штип – по 3, Кочани, Струга, Делчево и Виница – по 2, Гостивар, Радовиш, Пробиштип и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции. Регистрирани сe 110 оздравени пациенти од: Скопје – 67, Охрид – 13, Битола и Кавадарци – по 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Штип – 3, Прилеп и Струга – по 2, Тетово и Велес – по 1.

Направени се 922 тестови преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-22, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-116, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-15, Биотек-16, Систина-21 лабораторија Лаор-4, Синлаб-0, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-2, Никоб Лаб-24, ВФВ Медикал-15, Ели МедикаПлус-4, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 366.

Досега во земјата се направени вкупно 2.081.796 тестирања на KOBИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.018, бројот на оздравени пациенти е 303.893, на починати е 9.325, а бројот на активни случаи изнесува 800.

Поради нарушено здpaвје Зекири од затвop оди во домашен пpитвop

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири по неколку месеци поминати во притвор во истражниот затвор „Шутка” во Скопје поради здравствени причини заминува во куќен притвор.

Одлуката, како што потврдија од Апелацискиот суд Скопје ја донеле денеска. Од судот посочија дека на Зеќири му е одземен пасошот.

Во однос на тоа кога Зеќири ќе биде спроведен од болница во куќен притвор, од Апелација немаат информации бидејќи, како што велат, полицијата треба да го спроведе кога за тоа ќе има услови.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението тој без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.

Се јавија од МВР: Велат дека експpecно ги решавале сите кривично-правни настани во Прилеп

Секторот за внатрешни работи Битола – ОВР Прилеп категорично и целосно ги демантира дезинформациите во изјавата дадена од страна на градоначалникот на Општина Прилеп на денешната прес-конференција, во која комплетно и без никаква основа ја карактеризира како лоша безбедносната состојба во градот.

Целосното соопштение на МВР проследете го во продолжение:

Како прво, хронолошки гледано во текот на последната недела, полициските службеници при ОВР Прилеп ги презедоа сите потребни мерки и активности за откривање и разрешување на пријавените кривично- правни настани, при што истите се експресно и во целост разрешени.

Во врска со кривично-правниот настан пријавен од вчера (29.06.2022) во врска со пожар на патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.А.(49) од Прилеп, и за кој уште во текот на вчерашниот ден ја информиравме јавноста, во 03.30 извршен е увид и преглед на лице место, подигнати се брисеви за хемиска анализа, обезбеден видео запис, повикани лица на разговор, извршени се проверки во пошироката околина, објавени разговори со пријавителот и оштетеното лице, извршено е фотодокументирање и други мерки во интерес на истрагата. Во врска со целокупниот настан известен е Јавен Обвинител и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот.

Како второ, во врска со настанот од 27.06.2022 на ул.„Републиканска”, а во врска со извршена „тешка кражба на дрзок начин”, по член 236 став 3, лишен е од слобода Д.Р.(21) од Прилеп и по итна постапка до ОЈО Прилеп поднесена е кривична пријава и изречена е мерка за претпазливост. Паричните средства се вратени во целост на оштетената. Што значи дека овој случај е целосно расчистен во најбрз можен рок.

Уште еден кривично-правен настан кој датира од 25.06.2022 пред Градскиот пазар, каде комуналните редари од ЕЛС Прилеп беа спречени во вршење на службените дејствија, е сосема расчистен. Лицето беше совладано и лишено од слобода и пред ОЈО Прилеп поднесена кривични пријави по итна постапка, а на сторителот му е изречена мерка притвор во траење во 8 денови во Казнено-поправна установа Затвор Битола.

Расчистен е и настанот пријавен на 27.06.2022, кој градоначалникот го споменува на прес конференцијата, во врска со физичкиот напад на ул.„Републиканска” во Прилеп, на две лица од страна други две лица, односно сторителите се пронајдени, со нив се извршени службени разговори во полициска станица и поднесени се соодветни пријави.

Ова се фактите, а сѐ друго се инсинуации и тенденциозно пласирање на лажни вести, кои имаат за цел не само да ја дезинформираат јавноста и да предизвикаат паника кај граѓаните на Општина Прилеп, туку и да наштетат на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите. СВР Битола-ОВР Прилеп продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите и со засилено темпо ќе работи на заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, стои во соопштението од МВР.

Зеленски: “Важно е да се донесе одлука, а не да се размислува што ќе се случува утре”

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската телевизиска мрежа NBC изјави дека ја одбил понудата да го напушти Киев со авион.

„Ги одбив. Им кажав дека не ми требаат никакви автомобили, дека ни треба оружје и дека ќе останам во Киев“, рече Зеленски.

„Прашаа и за моето семејство. Ако сте решиле да останете во татковината, тоа е ваша одлука, но што е со вашите деца, вашата сопруга? Можеби можеме да ви помогнеме во оваа ситуација. Тоа ми го кажаа. Ви благодарам за тие предлози“, рече тој.

Тој раскажа и што се случило во првите моменти кога дознал дека рускиот напад започнал.

„Мислев само на нас, на мојот народ. Мислев на Украина. Веднаш отидов во мојата канцеларија, бев подготвен, во недостиг на подобри зборови. Не губев време размислувајќи. Веднаш се собравме, собравме воена табла и беа подготвени. Главната задача е да се донесе одлука, а не да се размислува што ќе се случи утре или задутре“, рече украинскиот претседател.

Јовчески: Го повикувам министерот Спасовски да го разреши командирот на ПС Прилеп

Повод и причина за денешната моја изјава е да го осудам чинот од вчерашниот инцидент што се случи во раните утрински часови. Вчера на директорот на ЈКП – Комуналец Прилеп, непознати сторители го опожариле неговиот семеен автомобил пред неговата куќа – истакна на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

Ова ја прелеа чашата по однос на безбедносната состојба во Прилеп и ги доведе во несигурност моите сограѓани. Пред некој ден повторно имаше тепачка на ул. Републиканска. Минатиот месец бевме сведоци на масовна тепачка на млади пред еден прилепски локал и неколку криминолошки дејствија со препродавање и транзитирање на наркотични средства, кои ја зголемуваат несигурноста на моите сограѓани.

Токму поради ваквите инциденти, пред две недели на последната седница на Советот на Општина Прилеп одржана на 8 јуни, советниците истакнаа дека безбедносната состојба во Прилеп е алармантна и бараа оставка од командирот на Полициската станица Прилеп.

Командирот кој присуствуваше на седницата, информираше според неговиот извештај, дека безбедносната состојба во Прилеп е мирна и стабилна, и дека интензивно се работи на расчистување на инцидентите.

Но, по овој атак врз раководител на Јавно Комунално Претпријатие само се потврдува дека ништо не е мирно во мојот град и дека полицијата не ја одржува заштитата и безбедноста на моите сограѓани.

Со оглед на тоа што нам како Локална самоуправа ни’ се ограничени легислативните можности за смена и назначување на командир на ОВР Прилеп, го повикувам тоа да го направи Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Исто така апелирам да преземе соодветни мерки за заштита на Прилеп, и да престане да го става Прилеп на црната хроника со постапките и дејствијата кои се случуваат тука.

Го повикувам јавно да проговори кои мерки ќе ги преземе и дали ќе го остави Прилеп да биде место каде царува криминалот и безредието?!

Насилство, подразбира употреба на сила, како акт на агресија со кој се повредуваат лица, или се уништува сопственост. Ова не е закана врз само една личност, ова е закана врз развојот на Прилеп. Ова се чини дека е желба на поединци или групи, Прилеп да стагнира или да се врати во некое мрачно минато.

Како градоначалник на Прилеп тоа нема да го дозволам и сите мои ингеренции ќе ги впрегнам, Прилеп да стане и да биде развоен и успешен град.“

Teшка cooбpaќajка помеѓу автомобил и моторцикл на улица “11 Октомври” во Прилеп

На 29.06.2022 околу 15.40 часот во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на ул„11 Октомври“ во Прилеп се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „форд“, yпpaвyвано од А.И.(64) од с.Црнилиште, општина Долнени и мотоцикл „бенели“, управуван од М.Г.(65) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил мотоциклистот М.Г., конcтатиpaни во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп – информираат од СВР Битола.

Koвачевски како да не е од тука: “Спречивме ценовен шок и го заштитивме стандардот на граѓаните”

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање вчера истакна дека навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните.

„Како одговор на Влада уште од почетокот на својот мандат носеше антикризни пакети и мерки кои беа оценети како позитивни и успешни надвор од меѓународните институции и затоа стои во извештајот. Само да ве потсетам во време на ковид кризата беа донесени 6 пакета антикризни мерки од 1,2 милијарди евра, а сега за време на војната во Украина нови пакети антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, дополнително не дозволивме ценовен шок за граѓаните во однос на електричната енергија со оглед на тоа што електричната енергија за сите граѓани беше субвенционирана со 80 проценти од страна на државата, државата треба да им се најде на граѓаните тогаш кога им е најтешко“, рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски истакна дека се презедоа мерки и во однос на ограничувањето на цените и во однос на ригорозни и неселективни контроли во малопродажбата и големопродажбата.

„Имаше уште една многу значајна работа, а тоа е зголемувањето на пензиите, порано пензионерите беа користени пред избори за еднократно зголемување на нивните пензии. Она што го ветив кога станав премиер е дека пензионерите нема да бидат ставени во позиција пред избори да им се зголемуваат пензиите туку ќе воведеме методологија која ќе даде вистинско зголемување тогаш кога податоците од Државниот завод за статистика за зголемување на просечната плата и за зголемување на инфлацијата и затоа оваа година која не е и нема да биде изборна година имаме историски најголеми зголемувања на пензиите. Тоа се работи кои време на најголема криза, со домаќинско работење овозможија прво да обезбедиме зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, зголемени социјални додатоци и зголемени додатоци за електрична енергија и зголемени субвенции за инвестиции“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека и во услови на криза продолжуваат странските инвестиции а младинската невработеност која беше 48%, сега е сведена на 28% затоа што сите активности кои се направени и во однос на гаранции и во однос на вработување и обуки на младите се во таа насока и тоа сега го гледаме.

Збогум сиромаштијо: Регулаторна ја намали цената на дизелот

Од утринава, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) за 2,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е 106,50 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 105,00 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се променети. ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму чини 109,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 111,50, а Мазутот М-1 НС за 53,305 ден/кг.

Путин се закани: Ќе одговориме на влезот на Финска и Шведска во НАТО

Русија ќе одговори на влезот на Шведска и Финска во НАТО, кажа претседателот на државата, Владимир Путин.

Доколку НАТО воспостави своја инфраструктура во Финска и Шведска, откако државите ќе ѝ се приклучат на алијансата, Русија ќе одговори со иста мера.

Руските медиуми го цитираат Путин, кој кажа дека не може да се исклучат тензии во иднина меѓу Москва, Хелсинки и Стокхолм поради влезот во НАТО.