дома блог страница 1516

“Јас успехот не го барам, туку за него работам” – Даниела Перканоска, менаџер на една од најуспешните прилепски компании

Даниела Перканоска е генерален менаџер на „Авто Контрол“ – Прилеп и една од 20-те најуспешни жени менаџерки за 2022 година прогласени од Aгенцијата “Maрли”.

Даниела е жена менаџер на успешна компанија, мајка на две деца и пред се голем борец. Верува во способноста на жените и се вложува за успехот на припадничките од понежниот пол. За себе вели дека успехот не го бара, туку за него работи.

Да не должиме многу, погледнте го видеото во продолжение и слушнете за дел од успесите и условите кои ги нуди компанијата “Авто контрол”.

Прилепскиот бокс има иднина: Матеј Чатлески освои сребро во рамноправна бopба со поискусен албански боксер (Видео)

На 25 јуни во саботата се одржа првиот Меѓународен турнир “Арена Куп” во Скопје во организација на БК ЧАИР и НБФ. Нашиот боксер Матеј Чатлески во третата негова борба во боксерската кариера покажа одлична борба против многу поискусниот Амар Кочи од Албанија.

Во рамноправна борба победата му припадна на Амар Кочи, а Матеј Чатлески го освои сребрениот медал.

-После борбата видов дека можеме да се носиме со поискусни боксери и за брзо време да победуваме. Презадоволен сум од пожаната техника и физичката подготвеност на Матеј Чатлески. За нашиот перспективен боксер Марко Петрески немаше противник. Гледаме голема иднина на нашите боксери, истакна тренерот на клубот Дарко Чатлески.

Моментално боксерскиот клуб “АС” ПРИЛЕП е на првото место на младинската лига во бокс на Македонија.

Апceње на улица “Борка Утот” во Прилеп: Фатен прилепчанец кој се бapaл за издpжyвање затвopcка казна

На 28.06.2022 на ул.„Борка Утот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Д.Ќ.(45) од Прилеп.

За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на казна затвор од една година.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

Борачот Нуров го донесе првиот златен медал за Македонија на Медитеранските игри во Алжир

Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал, откако славеше против Фејзула Актурк во категоријата до 97 кг на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Ова беше прв златен медал за Македонија на Медитеранските игри во Алжир, а претходно медал освои и Владимир Егоров.

Егоров славеше во репасажот и го освои бронзениот медал за Македонија.

Ди Марија се договори со Јувентус

Фудбалерот од средниот ред Анхел Ди Марија е блиску до трансфер во Јувентус, објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според него, 34-годишниот Аргентинец се договорил со клубот од Торино за едногодишен договор во висина од шест милиони евра по сезона плус бонуси.

Забележано е дека Јувентус ќе го објави потписот со играчот од средниот ред следната недела.

Ди Марија минатата сезона постигна пет гола и направи асистенции на 31 натпревар за ПСЖ во сите натпреварувања.

Бронкс: Запален автомобилoт на директор на јавно претпријатие во Прилеп

Фото/илустрација

Доцна синоќа опожapено е возилото на директорот на Јавното комунално претпријатие “Koмуналец” – Прилеп, Рубин Абрашоски.

Засега нема информации дали се работи за еден или повеќе сторители и на што се должи ваквиот настан.

Изминатиот период билтенот на МВР во Прилеп го преплавија настани на грабежи, тепачки и разни други кривични дела, а синоќешниот настан е само уште еден во низата.

После настанот во саботата, кога див продавач се обиде да прегази комунални инспектори од општината и полициски службеник, следуваше кражба среде бел ден во понеделникот исто така во центарот на Прилеп.

Се работеше за 21-годишник кој грабнал ташна со неколку илјади евра од жена, а потоа бил совладан од случајните минувачи.

Прилеп се повеќе наликува на Бронкс.

Обезбедувањето на Ковачевски се заканило на новинар дека може да биде приведен зошто му поставува прашање на премиерот (Видео)

Обезбедувањето на Димитар Ковачевски се заканило на новинар од Алфа ТВ дека може да биде приведен зошто му поставува прашање на премиерот.

-Утро со премиерот, плус подоцна во разговор порака од обезбедувањето на премиерот, дека за ваков потег сум можел да бидам приведен, пишува новинарот Матеја Петровски.

Павле Трајанов: Алкоxoлот меѓу пpaтениците влијае за атмocфepaта во Собранието

Пратеникот и поранешен министер Павле Трајанов во изјава за „Слободен печат“, коментирајќи го вчерашниот настан во Собранието, вели дека во законодавниот дом кружи многу алкохол и тоа меѓу другото има влијание кон вкупната атмосфера и однесување на дел од пратениците.

Мислам дека во целина имаме ниска култура на однесување. Сведоци сме на меѓусебни навредби девалвирања меѓу опозицијата и позицијата. Се користат сите инструменти за дискриминацијта од едните кон другте. Недостасува нивото на комуникацијата и тоа по некоја линија создава меѓусебна недоверба која неретко резултира со вербални навреди, недолични коментари па дури по некогаш и физички пресметки. Достапноста на алкохолот во Собранието е причина плус за ваквата атмосфера – посочува Трајанов.

Лидерот на Демократскиот Сојуз Трајанов додава дека ниту Уставот ниту законите во земјава имаат можност да ги санкционираат ваквите испади на пратениците. Тоа според него промовира неказнивост и лоша слика кај граѓаните.

Пратениците се со траен мандат ниту уставна ниту законска можност имате да го разрешите. Од таму нема сила во државата што може да ги казни. Одговроноста за жал е во партијата. Единствена сила што може да го повлече пратеникот е добрата воља на лидерот на партијата што е за неверување а таквиот систем ја прави државата партизирана и не функционална – објаснува Трајанов.

Tелма: Можно ли е поскапување и на евтината cтpyja?

Можно е поскапување и на евтината струја, дознава „Телма“.

Какви точно ќе се знае утре, но според информациите можно е и цената за евтината тарифа која граѓаните најчесто ја користат да се зголеми. Исто така РКЕ наместо една просечна, утре ќе објави четири цени, за секој тарифен блок посебно.

Она што се знае е дека цените за потрошувачката на киловатите, во сите блокови ќе бидат зголемени. Но најголемо поскапување ќе има за последниот, четвртиот блок кое се очекува да биде и повеќе од 140 отсто. На овие граѓани електрична енергија ќе им се фактуира по цени, слични како на отворен пазар.

Регулаторна ги прави последните пресметки за новите цени на струјата кои треба да ги објави утре. Речиси сите енергетски компании прикажаа зголемени трошоци и побараа поскапување на својата услуга и тоа од 60 до 80 отсто.

Милошоски го пријави Азири во полиција

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во моментот е во Полициска станица каде го пријавува државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, откако тој вчера повика на физичко насилство кон Милошоски.

Милошоски пред надлежен инспектор го пријавува делото, пренесува Пресс24.

Вчера Азири повика на насилство, а се закани кон сите кои тој ги смета за „антиалбанци“.

-Арбер, анти-албанец како Антонио Милошоски заслужува многу повеќе. Заврши времето на сеачите на магла. Новата генерација на Албанци ќе ги крши рацете и нозете на сите оние кои се обидат да понижуваат Албанци, вели Азири преку социјалната мрежа Фејсбук.