дома блог страница 1510

Новинарот од Прилеп Сабриоски: “Тој што пробал да го прекине процесот на пирејот ќе се соочи со бодликава жица”

Фејсбук статус на новинарот од Прилеп, Сунаи Сабриоски

-Нема таква сила што може да го прегази достоинството на еден народ. Можеби не прочитале редици книги но си ја знаат вредноста за која се врзуваат, како пиреј во процес кој опстојува со години во различни услови, но сепак е пиреј.

И кога власта ќе ја изгуби довербата кај граѓаните залудно ќе и бидат било какви “смирувачки” тонови бидејќи насобраното под тепих нараснало до степен на нетрпеливост.

Тој што пробал да го прекине процесот на пирејот веројатно ќе се соочи со бодликава жица или кактус. Не џабе рекле старите: Колку е долга чергичката толку нозете ќе си ги пуштите! – напиша Сабриоски на својот ФБ профил.

Oсмани почна да не плаши со Баба Рога: Ако кажеме „не“, ќе почнат меѓуетнички тензии

Министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека доколку кажеме „не“ за внес на Бугарите во Уставот ќе започнат меѓуетнички тензии и ќе ја имаме најголемата криза со храна и енергија.

„Кој е аргумент од хрватска црногорска заедница да прашат зашто не се во Уставот, нема аргумент освен класична дискриминација. Во наш интерес е да ги внесеме и Хрватите и Црногорците како Хрватска што ги внесе сите, 25 заедници. Не смееме да гаиме чувства на гнев кон другите, немаме проблеми такви за да ги мразиме другите, не можеме да не ги внесеме Бугарите во Уставот, 3.000 се колку се толку се, сите тие ги имаат истите права и привилегии. Овој е добар предлог, кој ни го отвора патот да го фатиме возот кон ЕУ. Ако не почнеме, Албанија ќе почне со преговори, Бугарија ќе оди на избори, ова прашање ќе заглави, ние ќе влегуваме во кризи, ќе бегаат луѓето од овде. Ако кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, верувајте илјадници ќе заминат од државата, ќе почнат тензии меѓуетнички, ќе ја имаме најголемата криза со храна и енергија“ – рече Османи.

Ќе се опамети ли Владата? Илјадници Македонци порачаа “Не за бугаризација на Македонија” (Фото галерија)

Пред зградата на Владата започна големиот сенароден протест „Ултиматум – Не благодарам“

Скопје исполнет како никогаш до сега. Реки од народ се слеваат во главниот град, се веат македонски знамиња, се пеат патриотски песни. Македонскиот народ масовно е излезен и со македонски знамиња и пароли искажувајќи го својот револт против францускиот предлог и јасно порача: „НЕ за бугаризација“.

Ваква беше сликата и на големиот протест на 18 јуни оваа година.

Уште еден прилепски социјалдемократ кажа категорично “НЕ”

Поранешниот директор на ЈКП Водовод и канализација од редовите на СДСМ, Емил Јанески, порача не за бугаризација на Македонија.

-Само да го изнесам својот став за францускиот ( европскиот ) предлог. КАТЕГОРИЧНО НЕ!!! Не за асимилација на Македонскиот народ, не за бугаризација, не за негација на Македонскиот идентитет и засебност. Често зборуваме за идентитет како поим, а недоволно го објаснуваме. Јазикот е сигурно елементарно социетално идентитетско обележје, но не и единствено. Идентитетски обележја се и колективната меморија на народот ( ИСТОРИЈАТА ), преданијата, традицијата, обичаите, митовите…., се што еден народ го издвојува од другите народи и го прави посебен и засебен. Затоа, преговори Да, со модерни европски и цивилизациски вредности, бугаризација НИКАКО И НИКОГАШ. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА! – напиша Јанески на својот ФБ профил.

Mиа Костова: “Мислевме дека не може полошо, додека не ви дадовме довербa, но вие сте најлошо”

И водителката Миа Костова повика на протест вечерва пред Владата.

-А бе, партиски ботови, тетки и чичковци што за 200 евра поддршка на социјална мрежа ќе си го продадете гзот!!! Граница поминувам со Македонски пасош! Не поседувам друг, нит сум поседувала нит ќе поседувам. Мирка седи дома тепана по уши од партија со закани да пише нешто за небитната Миа, која ви праи паника во штаб.

Миа е, и секогаш ќе биде реална. Кога паѓаше ВМРО ви чинеа моите статуси, денес имам измислен бугарски пасош. Проверете и објавете ако го имам. Не другари, денес сакам на син ми да му кажам дека е роден во Македонија. Се сеќавате на срцето на право место во мај, кога го објавив новиот пасош издаден од МВР?

Еве ќе ве потсетам. Сторито е старо два месеци. Ништо не ви проаѓа веќе. Ниту тоа дека од плажа, заради работни обврски апелирам да се собере све што е можно вечерва во 19:00 пред влада! Мислевме дека не може полошо, додека не ви дадовме доверба и не научивме дека, секогаш може полошо. Вие сте најлошо!Излези за Македонија! Денес во 19:00 – напиша Костова на својот ФБ профил.

Поранешниот уредник на “Телма”: Ќе протестирам против одлуката на Владата да го прифати овој понижувачки предлог на Париз

Да си кажам дека планирам да одам да протестирам против одлуката на Владата да го прифати овој срамен и понижувачки предлог на Париз (Софија). И никој да не одеше, јас бездруго ќе отидев. Ако треба и сам. Затоа што овој предлог не е добар за Македонија. Затоа што унилатералните проблеми што ги има Софија со нас, прифаќаме да станат европски проблем, дел од копенхагенските критериуми и дел од преговарачката рамка, стои во Фејсбук статусот на долгогодишниот ТВ новинар и уредник, Атанас Кировски.

Тој напиша дека овој француски предлог не е паднат од небото, и дека е убеден дека некој ги урнисувал нашите позиции со месеци, за да стасаме од португалски ( релативно поволен) до француски ( комплетен дебалк за македонската дипломатија).

– Јас сум бил, и ќе останам партиски неопределен. Но, немојте да ме убедувате дека црното е бело. Едноставно, ми ја навредувате интелигенцијата, додаде тој во својата објава.

Жител на прилепско ја пpиjaвил за иcчезната својата сопруга

На 01.07.2022 во 12.15 часот во Полициската станица Прилеп, Р.М.(41) од с.Канатларци, прилепско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Ш.М.(28).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – информираат од СВР Битола.

Левица Прилеп: Општината заработува по само 2.100 евра од концесионерите на мермер

Oд огранокот на политичката партија Левица од Прилеп информираат колку малку заработува општината од концесионерите на мермер и оникс.

Нивното соопштение во целост го пренесуваме во продолжение:

Левица-Прилеп дојде до фрапантни податоци за тоа како и за колку пари се копаат цели ридови и планини во Прилеп и околината. Овде не спаѓаат дивите концесионери кои зачестија а државата и општината не превземаат ништо за нивно санкционирање.

Сѐ е оставено на милост и немилост и волјата на министерот за Економија, Бектеши под чие министерство се издаваат дозволите и се води Регистар на доделени концесии за експлоатација на минерални суровини.

На нашето прашање: Листа на концесионери на минерални суровини на подрачјето на Општина Прилеп и висина на уплатени средства за 2021 година (под назив и висина на средства за секој одделно), Секторот за финансиски прашања и Сектор за урбанизам, коминални работи и заштита на животна средина на општина Прилеп, согласно доставените одговори нѝ ја проследи следната информација:

– Од страна на концесинери за минерални суровини во 2021 година има вкупно уплатено 75,555 евра за надоместок за концесии за експлоатација на минерални суровини (по основ на простор) ЗА ЦЕЛА ГОДИНА! Тоа ви доаѓа само 207 евра дневно за сите рудници за мермер, гранит, оникс и слично.

– Додека вкупно 693,783 евра се прибрани ОД СИТЕ КОНЦЕСИОНЕРИ ЗА ЦЕЛА 2021 година за надоместок за концесии за експлоатација на минерални суровини (по основ на експлоатирана минерална суровина), или само мизерни 1,900 евра на ден.

– Само 2,107 евра на ден се слеваат во општинската каса од сите рудници и ова е еден преседан, ако се знае дека само еден рудник копа и по 100,000 евра мермер на ден а притоа грото е пресметуван како ниска “Ц” класа.
Со оглед на тоа што овие претоварени камиони поминуваат и низ централното градско подрачје а полицијата не ги отстранува од сообраќај, притоа произведувајќи звучно и воздушно загадување, го кочат нормалното одвивање на сообраќајот, се оштетуваат бројни улици кои потоа народот го плаќа нивното санирање.

Десетици куќи се распукани од потресите, ја загрозуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот, не користат филтри, непотребните минерали ги исфрлаат на државно земјиште, а надлежниот инспекторат не реагира на сето ова гореспоменатото, ние, Левица сме приморани да излеземе со решение за кое подетално ќе бидете запознати во наредниве денови – стои во соопштението на Левица.

Собранието одлучи: Hема повисоки плати

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница не го одобри предлогот за линерално покачување на платите во јавниот сектор, а од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) побараа оставка од пратениците кои гласаа против предлогот.

-Благодарам на овие ненародни пратеници кои изгласаа „не“ за покачување на платите на работникот, тоа се пратениците Марија Ѓоргиеска, Даниела Марковска, Диме Велкоски, Марија Кочоска, Коле Чакарлиев, Арта Биљали Зендели, Бајрами кадрија и Панчо Минов кој не сакаше да гласа. Никогаш повеќе пратеници, никогаш повеќе гласот на работниците оставка одма, порача денеска претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Побара оставка и од заменикот министерот Филип Николовски.

– И ти заменик министре да си дадеш оставка бидејќи немаше храброст денеска твојот министер за финансии да излезе пред пратениците. Те прати тебе да лажеш и ти да си дадеш оставка, од денеска вака ќе бараме оставки, му порачувам на премиерот да си ги консолидира редовите да си разрешува ваквии ненародни пратеници и ненародни заменици миистри, бидејќи тие треба да работат стриктно за народот и работникот, вакви одлуки по основ на барање за егзистенција, а знаеме дека ни сервираа покачување на струјата денеска ни сервираат некаков си партиски договор за преговори, и да не остават без пари без да знаеме во која насока ќе тече нашата иднина. Навистина е срамота за овие пратеници кои гласаа денеска против работникот и за овој министер кој ја претставува Владата, изјави Димовски.

Информира дека штрајкот продолжува и изрази надеж дека премиерот ќе ги сфати нивните барања и ќе излезе во пресрет на работникот за „неопходните 2 806 денари за егзистенција“.

18 лица лишени од слобода на првата фестивалска вечер во Дојран: Пронајдени kokaин, мapиxyaна и екcтази

Во периодот од 19.50 часот на 01.07. до 03.00 часот на 02.07.2022 за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола и ги лишиле од слобода М.Ж.(26), Ф.П.(25), Ж.Н.(26), К.Ј.(28), Ј.Р.(21), Д.Т.(22) и Ф.П.(34), сите од Скопје, И.Г.(25) од с.Кадино, општина Илинден, А.С.(26) и В.Б.(26) од Кавадарци, А.П.(26) и З.Т.(46) од Неготино, А.У.(23) и Ј.У.(30) од Нов Дојран, Ј.С.(19) од Тетово, С.И.(22) од село Ињево, радовишко, Р.Ј.(43) од Богданци и М.К.Е.(64) од Јамајка.

При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и екстази. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.