дома блог страница 1509

Бypна ноќ за полициjaта во Прилеп: Teпачка, кpaжба, апceње…

Oд полицискиот билтен со дневни настани на МВР

-На 03.07.2022 во 02.15 часот на улица „Пере Тошев“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ја лишиле од слобода Т.М.(18) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори) од Кривичниот законик.

-На 02.07.2022 во 18.00 часот во ОВР Прилеп, Д.С.(30) од Прилеп пријавил дека, додека бил во Битола, бил физички нападнат од З.Д.

-На 03.07.2022 во 05.30 часот во ОВР Прилеп, А.В.(22) од Прилеп пријавил дека околу 00.30 часот пред угостителски објект во Прилеп бил физички нападнат од лицето Б.„Н“.

-На 02.07.2022 во 21.53 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на бензинска пумпа во Прилеп едно лице со закана кон вработените одзел пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на сите случаи – информираат од СВР Битола.

Уништен детскиoт парк во Крушево до спомен куќата на Тоше (Видео)

Целосно уништен и руиниран детскиот парк на Гумење во Крушево. Прилепчанец кој денеска отишол со својата фамилија да помине еден неделен одмор, се разочарал кога наишол на ваква слика во детскиот парк.

Испокршени огради и реквизити за играње. Руинирани клупи и детски нишалки…. Каде паднало, таму останало…

Жално!

Ограбена бензиска пумпа на Макпетрол во Прилеп

На 02.07.2022 во 21.53 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на бензинска пумпа во Прилеп едно лице со закана кон вработените одзел пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Според неофицијални информации, се работи за бензиската пумпа на Макпетрол која се наоѓа на битолско џаде.

За многу години: Денеска е Свети Наум Охридски Чудотворец

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јуни.

Денеска е Св. Наум Охридски.

Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник. Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро.

Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар). Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.

Божиновски: “Државата ја продадовте, не успеавте Мерцедесот на Груевски да го продадете за амбулантни возила”

,,Касно е сега другарчиња од сдсм да плашите народ со вмро. Го вративте вмро и честито. Со години молчевте на кражби, на корупција на вашите, секоја критика која можеше да ве доведе до некое подобрување ја карактеризиравте ко вмрана, неутровмрана, леви димчиња и што уште не, се обидовте да ја задушите секоја критика, секој кој не мисли ко вас, продолживте со истите практики на вработување партиско, со неодговорно владеење, присили, патни трошоци, хонорарци. Државата ја продадовте, не успеавте Мерцедесот на Груевски да го продадете за амбулантни возила.

Сега е касно за да се промените. Време е да ги соберете плодовите од вашата работа. Во овоштарниците на КПУ Идризово” , пишува Божиновски.

Свештеник од Прилеп да ви каже како стојат работите: Четиво кое предизвикува морници во време кога го губиме идентитетот, јазикот и државата

Пишува: Протоереј Златко Ангелески

Во време кога го губиме идентитетот, јазикот, државата и се’ она, што не’ прави Македонци, благодарение на три банди предавнички, никогаш да не заборавиме неколку факти:

Прво: Во времето кога Колумбо пловел по морињата за да го пронајде новиот континент, македонскиот народ веќе почнал да се жртвува за Христа!

Второ: Во времето кога големиот Шекспир со мастило ги пишувал своите трагедии, Македонците своите трагедии ги испишувале со крв!

Трето: Во времето кога Кромвел во името на Библијата се борел за слобода во нивниот парламент, македонските јунаци пребивале низ густите шуми и кории и меѓу себе си раскажувале за тешките злосторства кои ги гледале како се случуваат врз сопствениот народ!

Четврто: Во времето кога Милтон ја напишал маестралната поема „Изгубениот рај“, Македонците веќе почувствувале дека го загубиле Рајот!

Петто: Во времето кога Ливингстон отишол во Африка со светлината на просветена цивилизација, во Македонија се’ уште управувале мрачните сили, многу помрачни од оние во Африка!

Шесто: Во времето кога философот Лок ја напишал книгата „За воспитувањето на луѓето“, Македонецот веќе се учел на воспитување од примерите на своите светли водачи и просветители!

Седмо: Во времето кога Адам Смит ја напишал книгата „За богатството на нациите“, Македонецот веќе поседувал свое богатство – цврстата вера и светата надеж за опстој!

ЗАПАМТЕТЕ! Човек да измачува човек, народ да негира народ, христијанин да биде непријател против христијанин, и тоа да се случува во XXI век, сето ова ја надминува секоја ѕверска карактеристика! Кај Индијците има едно сведоштво, дека кобрата, една од најопасните змии во Индија, никогаш нема да касни бебе, кое е во јасли!

Но, безмилосно напаѓа на човекот, кога таа е во опасност. А Европа, оваа, „цивилизиранава“, денешнава и бесрамна, распуштеницава и блудницава, со сласт и страст гледа како една фашистичко-окупаторска змија напаѓа еден кроток и мирољубив народ! Гледа и – ужива! И на какво добро можеме да се надеваме од таква Европа!?

Европа никогаш доволно не не’ познавала и уште долго време нема да не’ запознае како што треба. Но, многу поважно е самите добро да се знаеме и познаваме. Ние отсекогаш самите себе сме се потценувале, но повеќе не мораме и не смееме тоа да го правиме! Денес слободно треба да им погледнеме во очи на нашите вековни тирани и да им признаеме многу нешта и гласно тоа да им го кажеме:

Европски тирани! Ние сме мали и безначајни од мачењата и понижувањата кои вие ги правите кон другите. Во тоа сте навистина голема сила!

Европски сатрапи! Ние сме мали и безначајни во лукавствата и перфидноста, кои се ваша карактеристика. И во тоа сте навистина голема сила!

Европски голтари! Ние сме мали и безначајни кон вашите непочитувања и непризнавања на туѓите права. Ете, и во тоа сте навистина голема сила!

Но, бедни бездушници, има една работа во која вие сте многу мали, а можеби за таа работа и не знаете: Тоа е херојството – херојството во борба за слобода, херојството во одбрана на правдата, херојството во самопожртвуваноста, херојството во признавањето и почитувањето на човечките права на секој човек и на секоја нација.

Нашата борба за човечки и достоинствен опстој под ова сонце има национален и јуначки карактер, а вашата борба за наше непостоење има шпекулантски и кукавички карактер. Во тоа е разликата меѓу нас и вас! Едноставно, нашите мртви јунаци и херои се посилни од вашите живи лигушковци и полтрони! Или уште поедноставно: СО НАС Е БОГ, а со вас е стравот од нашето постоење!

MAНУ конечно има претседател како што доликува: Коцарев рамо до рамо со народот против бугаризација на Македонија

Еден од најголемите македонски и светски интелектуалци и претседател на Македонската академија на науките и уметностите Љупчо Коцарев денеска беше дел од антивладините протести пред владата.

Скромниот научник Коцарев кој е еден од најцитираните научници во светот на протестот беше во сенка на екс претседателот Иванов.

Се исплаши ли Ковачевски од бројноста на народот, па побара средба утре со Мицкоски?

По барање на премиерот Димитар Ковачевски утре во 15:00 часот ќе се одржи лидерска средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. – дознава Радио Лидер од извори во ВМРО-ДПМНЕ.

На лидерската средба, премиерот и лидерот на опозицијата ќе дискутираат околу францускиот предлог.

На протестот од 16 јуни, Мицкоски рече дека со Ковачевски би се сретнал само за од него да побара да се оддржат предвремени парламентарни избори, така што, се очекува тоа да биде позицијата на Мицкоски утре.

Вечерва Мицкоски беше присутен на опозицискиот протест пред владата на кој присуствуваа повеќе од 50.000 граѓани, пред протестот изјави дека не е можно да не се послушаат барањата на толкав број на граѓани кои кажуваат „Не“ на ултуматумот од Бугарија и ЕУ.

Поранешниот претседател Иванов заедно со неговиот син излегоа на пpoтecт пред Владата (Фото)

Поранешниот претседател на Република Македонија заедно со својот син Иван Иванов се придружија на илјадници Македонци кои излегоа на сенародниот протест „Ултиматум – НЕ благодарам“ по повод револтот кон францускиот предлог како и неговото прифаќање од страна на македонската влада.

Граѓаните на Македонија масовно излегоа на протестот пред Владата и порачаа „не“ за бугаризацијата.

66-годишен жител на прилепско Заполжани со тврд пpeдмет го нападнал својот 77-годишен соселанец

На 01.07.2022 во 12.30 часот во Полициското одделение Ропотово – СВР Битола, Г.Г.(48) од Прилеп пријавил дека во 07.00 часот во с.Заполжани, општина Долени, неговиот дедо К.Д.(77) од с.Заполжани, по претходно недоразбирање, бил нападнат со тврд предмет од Љ.С.(66) од истото село.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.