дома блог страница 1505

Свештеникот Стеван ја молеше полициjaта да ги ослободи пpиведените демонcтpaнти

Свештеник во мантија синоќа излезе пред полицајците на протестот пред Собранието, на кој се случија инциденти, а имаше и повредени и приведени.

Како што се гледа на снимките објавени на социјалните мрежи, свештеникот, во придружба на десетина луѓе, безуспешно апелираше до полицајците да ослободат неколкумина млади демонстранти, кои претходно беа приведени.

Апасиев: Денес уште побројни, посплотени и подостоинствени!

,,Пробугарската СДС и терористичката ДУИ од окупационата влада на Северџанистан, сакаат да го доведат народот на раб на граѓанска војна!? Не ви се плашиме!Денес уште побројни, посплотени и подостоинствени!” , пишува Апасиев.

Невидено невpeме досега во Белград, автомобилите пливаа, полициjaта евакyиpaше граѓани (Видео)

Силно невреме вчера го зафати Белград, а српската полиција објави видеа на кои се гледа како евакуира граѓани кои биле зафатени од невремето.

Невремето предизивикало големи проблеми во многу делови од градот. Полицијата интервенирала и ослободувала граѓани кои биле заглавени во надојдената вода.

Противпожарните екипи евакуирале осум постари граѓани, а се евакуирале и лица кои среде поплавените улици останале заробени во своите автомобили.

Петрушевска: Идентитетот е нешто за кое не се преговара, цел живот ни помина во уцени, притисоци и закани

Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи откако вчера присуствуваше на протестот против францускиот предлог.

-Вечерва излегов на протест за да ви кажам дека македонскот јазик е тврдина, идентитетот е нешто за кое не се преговара. Ова е наша работа за сите нас. Цел живот ни помина во уцени, притисоци и закани. Зошто да потклекнеме и да дозволиме да ни менуваат историја, култура…велат не се секирајте”бетониран е јазикот”. Па од бетон глава не кренавме! Сакаме да сме асимилирани, денационализирани и без историја? Да сме гости на сопствениот живот? Беше радикално вечерва и не поддржувам насилство, но народот е бесен и гневен. Жално и тажно за сите нас во што ни помина животот?, пишува Петрушевска на Фејсбук.

Таа вчера имаше и обраќање на кое истакна дека општествена одговорност е секој културен работник, актер, музичар да дојде и да говори дека имаме само еден јазик, а тоа е македонскиот.

Петрушевска нагласи дека никој нема право да преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик бидејќи како што рече таа тоа е нашата тврдина.

Дурловски: Секој крај е ваков, полициjaта пpoтив нapoдот!

Јавноста е ужасната од денешната полициска бруталност пред Собранието на Република Македонија.

На видеото објавено од Инфомакс се гледа како полицаец брутално тепа младо момче, кое според нашиот репортер не ни било дел од протестот, туку одел кон работното место.

Момчето во еден момент не можеше да дише, а од толпата народ се слушаа пискотници поради страв дека полицаецот ќе го убие момчето!

Oперскиот пејач Игор Дурловски реагираше на неговиот Фејсбук профил.

“Секој крај е ваков. Полиција против народ!”, напиша Дурловски на Фејсбук.

Падна договор: Вработените во прилепските јавни претпријатија ќе добиваат за 2806 денари повисоки плати

Претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски оствари средба со Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески во врска со барањата на штрајкувачите за усогласување на платите за 2806 денари согласно порастот на минималната плата.

Договорено е во текот на утрешниот ден СУТКОЗ да ги достави спогодбите за зголемување на платите кои ќе треба да ги потпишат Директорите на јавните претпријатија и Претседателите на синдикалните организации на СУТКОЗ при ССМ и со тоа на вработите во ЈКП Водовод и канализација Прилеп, ЈКП Комуналец Прилеп, ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПРОСТОРНИ И УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ – ПРИЛЕП-ЈП за ПУП Прилеп и ЈКП Пазари Прилеп да се зголемат односно усогласат за 2806 денари.

-Градоначалникот Јовчески е на страната на работниците и овие активности ќе се спроведат во најбрз рок. Локалната власт има разбирање за барањата и потребите на работниците, за разлика од централната власт, стои во соопштението од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Полициcка бpyталнocт на дело: Полициjaта на пpoтecтот потисна младо момче, тој вpecкаше и се бopeше за вoздyx (Видео)

Полициската држава и бруталност вечерва се гледа на дело – oбјави “Инфомакс”

На видеото објавено од Инфомакс може да се забележи и слушне како полицијата ТЕПА младо момче кое не може да земе воздух.

Момчето вика дека си идел од работа, а откако полициските припадници ќе го притиснат силно тој почнува да вреска и да моли за помош.

Видеото погледнете го ТУКА

Ви треба добро сместување за едно поинакво уникатно искуство? Ова е најдобрата платформа за таа намена

Кајак.мк е платформа која се занимава со промоција на туризмот во Македонија.

Поточно се работи за комбинација, платформа на која што има добар спој од новинарство и туризам, и преку приказните кои се раскажуваат од областа на туризмот, го прават кајак.мк одлична комбинација на медиум и промотор.

Идејата на овој проект кој успешно функционира веќе две години, е да се докаже дека кај нас има луѓе кои што навистина вредат и кои треба да го добијат заслуженото внимание.

Платформата „Кајак.мк“ има одлични совети за патување кои може да ви бидат од огромна корист за нова авантура.

Доколку сè уште размислувате каде да појдете за престојниот викенд, на летен одмор, или на неколку дена да посетите некое уникатно место, наш совет е да ја посетите платформата „Кајак.мк“ каде секојдневно се споделуваат нови уникатни сместувања, кои дел од нив се отцепени од јавноста, далеку од градските средини, а има и такви кои се наоѓаат во планински предели каде нема друго објект во соседството.

Покрај сместувањата кои се огласени на платформата, неодамна „Кајак.мк“ лансираше нова категорија именувана како „Гастромонија“ која има цел да ги собере сите уникатни места и семејства кои нудат вкусни гастрономски приказни.

Денеска Кајак.мк е повеќе од платформа. Кајак.мк е движење со кое се идентификуваат дигиталните номади, авантуристите, гурманите и луѓето кои се во постојана потрага по нешто ново и уникатно.

Посетете ја платформата веднаш и уживајте во откривањето на Македонија, верувајте ќе се изненадите какви се места има во нашата преубава држава.

Два века старата црква во прилепско Лениште огpaбена од вандали: Укpaле предмети од кујната, камбаната, опустошени липите (Видео)

Осакатени липи во дворот од гробиштата, украдено клепало од црковното ѕвоно од камбанаријата, како и поситен црковен и кујнски инвентар во вредност од над 20.000 денари се последиците од последната „посета“ на се уште непознатите сторители на два века старата црквата „Св. Атанасиј“ во прилепското село Лениште – објави “АЛФА ТВ”.

„Се докажа дека во црквата има провалено. Има штети направено, липите се искршени. Инвентар кој ни треба во црквата: свеќници, кандила, инвентар од кујната има земено, шерпи, тенџериња, лонци за готвење..Јас кога дојдов во моментот да ја удирам камбаната, видов дека камбаната не функционира и сфатив дека е украдено тоа за тропање што е во ѕвоното, сајлата ја немаше и така увидов дека се работи за провала, за кражба“,- ни рече Кире Нешкоски, член на Црковниот одбор.

Нешкоски вели дека оваа кражба од пред десетина дена не била прва. И претходно на повеќе наврати се случувало да им снемува градежен материјал и алат. Се сомневаат дека се работи за добро организирани групи кои пустошат во овој регион, заради што бараат и поголема будност и ангажман од полицијата.

„Еве да поставиме камери, ама тој систем како функионира, јас не знам. Да има стражар, треба некој да го плаќа. Црквата е стара, една од најстарите во околината на Прилеп, на овој дел нагоре што е кон Плетвар. Затоа нека си преземе власта начини, нека си праќа патроли со возило, нека ги обиколува Лениште, Плетвар, значи овие се места без население, а има богатства, цркви, вредности кои треба да се чуваат. Има и дрвокрадство, два-тројца што се тука, велат дека им доаѓаат дури и до нивните куќи и немаат начин да се одбранат“, – објаснува Нешкоски.

Инаку, кражбите и вандализмот во црквите и манстирите во околината на Прилеп, за жал, не се непозната работа. Пред неколку дена, по којзнае кој пат, повторно мета на крадци и вандали беше и црквата „Св. Никола“ во с. Дабница, при што украдени биле круните за венчавање, кадилници, кандила и др. поситини предмети кои се користат во богослужбите. А додека пред три месеци, арамиите ја уништија трпезаријата, го искршиле фрижидерот, а ги украле и металните плочи од шпоретот за готвење, како и металните врати и прозорци. Арамиите, се уште не се пронајдени.

KAРОЛИНА ДУРЛО

(Видео) Македонска новинарка го шокиpaше Мишел: “Во ЕУ можете да бирате пол, ние не смееме да сме Македонци”

Новинарка денеска го нокаутираше Шарл Мишел кога го запраша зошто додека тие во ЕУ може да го бираат полот, ние во Македонија не смееме да кажеме дека сме Македонци.

Од страна на новинарка на МКД.мк, Мишел беше запрашан зошто ЕУ ги поддржува примитивните бугарски барања и тврдења за непостоење македонски народ и јазик, а истовремено дозволува граѓаните на Унијата слободно да го изберат својот род.