Споменот за Нешкоски трае: Ракометни ентузијасти и годинава по седми пат го организираат меморијалниот турнир “Миле Нешкоски”

Во знак на сеќавање на нашиот сограѓанин и спортски работник Миле Нешкоски оваа година по седми пат се организира традиционалниот меморијален меѓународен турнир во негова чест. Турнирот ќе трае од 26-28 август, а новина оваа година е што на турнирот ќе учествуваат две странски екипи, односно Дубочица од Лесковац, Србија и РК Паок од Солун, Грција.

“Учесници се екипите на РК Прилеп, РК Паок, РК Струга, РК Дубочица, РК Скопје и РК Мулти Есенс. На 26.08. во петок од 16:30ч. имаме положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски пред Универзалната сала и свечено отварање на турнирот. После тоа во 18ч. го имаме првиот натпревар помеѓу екипите на домаќинот РК Прилеп и РК Паок. Во 20ч. играат РК Дубочица и РК Мулти Есенс. Во саботата натпреварите почнуваат во 10ч. и првиот натпревар го играат РК Паок и РК Струга. Во 12ч. играат РК Дубочица и РК Скопје, во 18ч. играат РК Прилеп и РК Струга,  додека во 20ч. се РК Скопје и РК Мулти Есенс. После одигрувањето на натпреварите во група, во недела се игра разигрување за место, во 9ч. се игра за 5 место, во 11 се игра за 3 место, а во 12ч. е финалниот натпревар. Во 14:30ч. имаме свечено доделување на награди и затворање на турнирот”, истакна Рубинчо Седлоски, член на организациониот одбор на турнирот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.