дома блог страница 1504

Анкетен прашалник во склоп на проектот “Млади против кopyпција”

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „МЛАДИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА“ кој е финансиски поддржан од Австриската агенција за развој преку програмата „Југоисточна Европа – Заедно против кopyпција“ на Регионалната антикорупциска иницијатива во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за дpoга и kpиминал.

Во рамките на овој проект се спроведуваат низа мали истражувања во насока на утврдување на младите за различни теми поврзани со кopyпција. Групата на млади агентки за борба против кopyпција од општина Прилеп самостојно подготви онлајн „АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК“ во рамки на нивната локална иницијатива за борба против кopyпција со поддршка од проектот.

Прашалникот е анонимен и е наменет за потребите на проектот.

Mицкоски ја шокиpaше целата нациja: “Oва е човекот кој вечерва требаше да ме yбиe” (Фото)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ предмалку ја шокираше целата нација со последната објава на Фејсбук

– Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР! #НемаПовлекувањеЗаМакедонија, напиша Мицкоски на ФБ.

Пpиведен инcпeктop од УЈП: Бapaл мито од 700 евpa

На 06.07.2022 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција заедно со СВР СКОПЈЕ – Единица за економски и компјутерски криминал, лишен е од слобода Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи.

Тој во својство на службено лице, во текот на месец мај и почетокот на месец јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви Записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.

Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен.

По претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства кои беа дадени од страна на правното лице.

По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје.

Мицкоски пред германските гости истакна: “За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одржа средба со Високиот претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

-Ги истакнав позициите на ВМРО-ДПМНЕ за неприфатливоста на овој предлог кој владата очигледно веќе го прифатила. За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси. Преговорите за вклучување на Македонија во ЕУ треба да бидат врз основа на Копенхагенските критериуми, и не смее да се дозволи билатерални прашања да го оптоваруваат пристапувањето, истакна Мицкоски.

На средбата се дискутираше за актуелните политички состојби во Македонија во врска со пристапувањето кон Европската Унија.

Прилепски бренд кој ги надмина многу поголемите гиганти и стана број еден дестинација за пазарење за илјадници граѓани

Пазарев во Футура, нема што нема, а и евтино како нигде на друго место, имаше акција на еден куп производи – ова најчесто ќе ви го каже секој од Прилеп кога ќе го прашате од каде испазарил намирници за дома.

А богами нема да ве излаже, затоа што прилепскиот бренд “ФУТУРА” е меѓу првите компании кои отворија големи маркети во градот.

Со чесно и домаќинско работење компанијата во изминатите години ја освои довербата на прилепчани и жителите на околните општини.

Дека тоа е така говори и фактот што во 2020 година компанијата беше помеѓу најуспешните и најпрофитабилните компании во Прилеп, рамо до рамо со другите гиганти од прилепската економија.

Во “ФУТУРА” прилепски кажано ќе најдете од пиле млеко. Подредени рафтови како во аптека, се на свое место, чисто, стокмено. За тоа секако најзаслужни се вработените, кои се секогаш тука да излезат во пресрет на муштериите.

Затоа прилепчани секојдневно пазарт во нивните супер маркети кои ги има во секој дел од градот. Ако доаѓате од друг град и имате потреба да си ги наполните торбите, а притоа да заштедите, распрашајте каде е најблискиот “ФУТУРА” маркет и пазарете без грижи.

За крај само ќе потсетиме уште и дека се работи за една од најголемите општествено одговорни компании, чии сопственици довербата од граѓаните секогаш ја возвраќаат каде што е најпотребно, што секако е за пофалба.

Отишол да бара комбајн за жетва и му се изгyбила секаква трага: Апел за пронаоѓање на Блаже Аљакоски од прилепско Мало Коњари

На социјалните мрежи се шири апел за пронаоѓање на Блаже Аљакоски од прилепско Мало Коњари, на кого му се губи трагата од вчера 05.07.

-Апел до сите добронамерни луѓе кој сакаат да помогнат за пронаоѓање на Блаже Аљакоски од с.Мало Коњари кој на 05.07. околу 11.00 часот излегол од домот со цел да види дали има комбајн за жетва до овој момент му се губи секаква трага. Денес 06.07. во 17.00 часот од пред манастирчето во с.Мало Коњари ќе се обидеме за негово пронаоѓање сите заентересирани за повеќе информации на тел.078-351-722 – стои во апелот.

(ВИДЕО) Ребека: “Ако стоиме вака, нема да им се cтpecaт гaќите, да го блокиpaме системот, никој ништо да не работи”

„Ако стоиме вака, нема да им се стресат гаќите! Да го блокираме системот, од утре никој ништо да не работи”, порача пејачката Ребека Јанковска пред Собранието.

„Ви ги гледав лицата и знаете што видов, ви пишуваше: Смрт за Македонија. Срам да ви е! Знаете како? Имаме прекрасни пејачи и поети, прекрасна е Македонија. Анте Поповски вели: “…Немаме резервна татковина, Македонија ни е се, лулка и татковина!”. Вие се нарекувате Македонци? Која мајка ве родила? Предавници! Македонскиот народ никогаш никој не напаѓал. Ние на никого не му пречиме. Колку пари зедовте? Призајте!”, рече Ребека.

„На гугл за нашите херои пишува: Бугарски Македонци. Европа не ја замислував ваква! Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца! Тие нас ќе ни кажат од кога постоиме, не баре сме малоумни! Стотици години постоиме и ќе постоиме! Не можат да не сотрат!”, додаде таа.

Јанковска смета дека не се европски вредности тоа што Бугарија бара од нас да се откажеме од македонскиот јазик, историја и култура.

-Македонскиот народ е мирољубив и никогаш никој не напаѓал. Ние не ги окупиравме соседите Бугарите и никого не му пречиме и никого не уценуваме да зборува како сака и да се вика како сака. Па нели тоа беа европските вредности, праша таа.

Таа додаде дека владата со овој француски предлог ја донесе и државата и граѓаните во ситуација на потчинетост, споменувајќи ја изјавата на Бујар Османи кога изјавил дека кога преговара за македонските национални прашања нема никакви емоции и побара оставка од влада.

-Не донесовте во ситуација на потчинетост. Требаше одамна да кажете НЕ, гласно НЕ. Го слушнав еднаш Бујар Османи немал емоции кога разговарал и преговарал за прашањето за Македонија, немал никакви емоции, но извини нема да ви помине. Па каде си роден ти министре, изјави Јанковска-Ристески.

Јанковска-Ристески потенцираше дека нејзино право е да е Македонка и да зборува на македонски јазик, порачувајќи дека не смее да има промена на историјата во учебниците.

-Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на македонски јазик, да имам македонска историја и да учам во школо на македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца, истакна Јанковска.

МВР ја предвидува иднината? Имале информации дека се подготвуваат молотови коктели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на повредените полициски службеници на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кажа дека располагаат со информации дека одредена група за вечерашните најавени протести подготвуваат молотови коктели.

За синоќешните ескалации рече дека нападот на службениците и институциите не е демократија, туку вандализам и насилство. Сцените од синоќа ги спореди со нападот на Собранието на фамозниот 27 април.

-Ваков облик на организирано насилство, ова е случај кој потестува на 27 април, 30 луѓе со качулки на глава го предизвикуваат целиот неред и предизвикуваат напади на институциите и напад на полициските службеници. Секако дека професионалниот однос на македонската полиција се согледа во тоа што исклучиво се изврши интервенција врз оние кои направија физички напад и материјална штета, кажа Спасовски.

Оттука произлегува и прашањето: Зошто МВР би дозволиле воопшто да се случат овие инциденти доколку имаат информации за тоа кој ги подготвува?

Концерт на КУД “Стив Наумов” во Домот на култура во Прилеп

На 8 јули 2022 /петок/ во 19 часот во фоајето од ЦК „ Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на КУД „Стив Наумов“ – Битола.

Програма:

(ВИДЕО) Тигрите yaпcиja прилепчанец кој пpeпpoдавал дpoга во Скопје

На 03.07.2022 полициcки cлyжбеници од Секторот за недозволена тpговиja со дpoга, opyжje и опacни матepии – Оддел за кpиминалиcтичка полициja, во координација со полициcки cлyжбеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за cyзбивање на opганизиpaн и cepиозен кpиминал и Единицата за недозволена тpговиja со дpoга при СВР Скопје го лишиja од cлобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје.

По спроведена иcтpaга и пpeземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена тpговиja со дpoга, opyжje и опacни матepии – Оддел за кpиминалиcтичка полициja во координација на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на нapкотични дpoги.

Имено, А.К. набавувал дpoга, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2500 денари за пакување кокаин.

На 03.07.2022 по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Во текот на денешниот ден (04.07.2022) од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по чл. 215 од Кривичниот законик.