дома блог страница 1506

Николовски за Ламбе: “Тој не е пиpoман, тој е ѕвезда и горд Македонец, а Владата на СДСМ и ДУИ е пpeдавничка”

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, објави заедничка фотографија со пејачот Ламбе Алабаковски.

-Тој не е пироман, тој е ѕвезда и горд Македонец. А Владата на СДСМ и ДУИ е предавничка. Ултиматум, НЕ благодарам! – напиша Николовски.

Учениците во Битола ќе имаат можност бесплатно да изучуваат кинески јазик

Претставници од институтот „Конфуциј“, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, денес ја посетија општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот, Тони Коњановски.

На средбата беа презентирани активностите на институтот, кои се однесуваат на перманентно изведување на настава за изучување на кинескиот јазик на почетно, средно и напредно ниво, како и курсеви по традиционални кинески вештини – калиграфија, уметничко обликување хартија и слично, како и можностите за вклучување на овие активности како избор за учениците од битолските училишта.

Курсевите кои ги овозможува институтот „Конфуциј“ се бесплатни и се наменети за ученици од основно и средно образование, за студенти и останати заинтересирани лица од сите возрасти, од индустријата и јавниот сектор.

Претставниците на институтот информираа, дека во рамките на нивните активности, се реализираат и повеќе културни настани, кои имаат за цел интензивирање на комуникацијата, културната и научната соработка помеѓу граѓаните на НР Кина и Македонија.

Градоначалникот Коњановски, истакна дека општина Битола е отворена за соработка со институтот, а во втората половина на месец август во координација со директорите на училиштата, ќе бидат разгледани можностите и заинтересираноста на учениците за следење на курсеви по кинески јазик и традиционални кинески вештини.

Воспоставувањето на ваквата соработка, отвора и нови можности за поддршка на учениците и студентите преку стипендирање, студиска размена и други видови соработка.

Позната програмата за алтернативната сцена на “Пиво Фест”

Уште девет дена до најмасовната фестивалска манифестација во Македонија. Од 14-17 јули сите патишта ќе водат во Прилеп, каде оваа година ќе се одржи 18-то издание на фестивалот на скарата и пивото “Пиво Фест 2022”.

Голем број млади луѓе прашуваа дали оваа година ќе се врати алтернативната сцена на камената бина, и на задоволство на сите организаторите ја објавија програмата и за оваа така наречена “афтер парти” сцена.

Па така во четврток ќе не’ забавува диџејот Mario Eddie, во петок АNA NOODLE и LILI DIVA, во сабота диџеите од ROOM 313, a во недела диџеј BABURA JUNIOR.

Урнебесно видео: Демонстрант се јави во Влада и им порача кафиња по 6 денари, рамстек за 180, тост за 40…

Познатиот рапер од Пука Козметика Дарко Масларковски се мајтапеше со вработените во бифето на Владата од кампот на демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог.

Тој порача 5 рамстека, 30 тоста и 50 кафиња.

-ДРУГАРИ ВРТЕТЕ У ВЛАДА ПРИМААТ НАРАЧКИ, РАМСТЕК 180, ТОСТ СО ПРШУТ 40, КАФЕ 6 ДЕНАРИ, ТЕЛЕФОН 23118022, БАРАЈТЕ ЛОКАЛ БИФЕ, МАЛКУ Е ЗАЕБАНО СО ДИЛИВЕРИ АМА ПРЕКУ ШТРУМФОВИТЕ МОЖЕ ДИЛ ДА СЕ НАПРАВИ

Погледнете го ова урнебесно видео:

Живописниот манастир во Беранци широко ќе ги отвори вратите за верниците на Иванден: Посетете ја оваа Пелагониска убавина (Фото)

Беранци е село Пелагонија и припаѓа во Општина Могила. До селото најлесно се стигнува по стариот пат Прилеп-Битола и се наоѓа на 17 километри од Битола.

Селото најпрвин запишано како Беранци се сретнува во 1468 година во турски документи. Се верува дека името потекнува од личното име Беран.

Всушност, легендата вели дека прв во месноста се населил некојси Беран (или Берон) од струшкото село Вевчани, кој избегал од налетот на Турците. Тука тој создал семејство и започнал да живее.

Селото е рамничарско, на надморска височина од 640 метри и е сместено од левата страна на патот Битола-Прилеп.

Беранци е поголемо село сместено помеѓу планинската падина на Древеник на запад и рамнината Пелагонија на исток. Околни села се: Долно Српци, Вашарејца и Могила.

Беранци е македонско село и според последниот попис во селото живееле 445 жители. Над селото се наоѓа преубавиот манастир Свети Јован Крстител или познат како Беранечки манастир. Црквата била осветена на 2 август 1879 година, поточно на верскиот празник Илинден.

Токму за Иванден манастирот ја слави една од своите слави, а портите на храмот ќе бидат отворени за сите верници и добронамерници.

По повод празникот на 06.06.2022 со почеток од 19:00 часот ќе се одржи вечерната служба, а после службата ќе ве забавува група Ројал.

Исто така на 07.06.2022 со почеток од 07:00 ќе се одржи утринската служба, а после службата одново ќе ве забавува истата музичка група.

Од црковниот одбор упатуваат покана до сите кои сакаат да го посетат прекрасниот манастир да дојдат за Иванден, да запалат свеќа и да се помолат за своето и здравјето на своите најблиски.

Големо изненадување на Пиво Фест: Потврден настапот на една од најголемите балкански ѕвезди

Потврдено! Големата балканска ѕвезда Хари Мата Хари ќе настапи на 18-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2022”.

Ова ќе биде негов втор настап на фестивалот во Прилеп, а прв пат одржа мега концерт во 2016 година.

Хари Мата Хари ќе настапи на третата фестивалска вечер (сабота 16.07).

Во продолжение уживајте во дел од неговиот настап на Пиво Фест 2016 заедно со Антониа Гиговска.

И денеска во 19 пред Влада: Народот не попушта, власта да се опамети

Протестот против францускиот предлог „Ултиматум, не благодарам“ продолжува и денеска пред Владата во 19 часот.

Како што е најавено, граѓаните нема да протестираат само пред Владата, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Голем број граѓани и вчера присуствуваа на сенародниот протест кој одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“.

Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.

Покрај масовните протести пред Владата изминативе денови, социјалните мрежи се преполни со коментари со кои се бара отфрлување на францускиот предлог. Во коментарите се вели политичарите да се освестат бидејќи народот страда и има болка во душата.

Бектеши: Не само што има работа, туку и странци доаѓаат да работат во Македонија

Странските државјани се заинтересирани да работат во Македонија, вели министерот Бектеши.

Според него, иако сме на средина на 2022 година, искористени се 70 отсто од квотите на работници кои доаѓаат од странски земји кои сакаат да работат во Македонија. Бектеши рече дека работниците главно доаѓаат од Турција, но дека економските услови во земјава бараат да се либерализираат процедурите и за другите земји.

„Речиси над 70% се заинтересирани само за првиот дел од годината…ако е бројката 5000, 70 проценти имаат апликации од бројот 5000, од ​​работници од странски земји кои пазарот на РСМ го гледаат како можност, без разлика дали во градежништвото или во производство. Ова докажува дека во Македонија има работни места, но сигурно треба повеќе работа“, истакна Крешник Бектеши.

Не сте ни свecни колку е опacно! Три причини зошто не е добро да седите во мокри кocтими за капење

Доколку одите на одмор, во куферот дефинитивно треба да спакувате најмалку два костими за капење кои можете да ги носите наизменично.

Иако менувањето на вашиот костим за капење на плажа е незгодно, ако го направите тоа многу би направиле за вашето здравје.

Имено, седењето во влажен костим за капење никако не е лекарска препорака, па затоа треба да облечете сув костим за капење секогаш кога ќе излезете од вода.

Носењето влажен костим за капење може да предизвика бројни проблеми кои воопшто не се безопасни. На одмор дефинитивно сакате да избегнете каков било здравствен проблем, па добро е да знаете какви се можни последици доколку подолго време останете на плажа во влажен костим за капење.

Алиса Двек, гинеколог од Медицинскиот факултет Маунт Синај, вели дека габите и бактериите се развиваат во влажни и темни области, како што се костими за капење или облека за вежбање. Жените со ослабен имунолошки систем, кои имаат дијабетес или земаат одредени лекови, додека носат влажни костими за капење, се изложени на ризик да добијат инфекција.

Поради овие три причини, не е добро да седите долго во влажен костим за капење:

1. Одличен супстрат за развој на бактерии

Внатрешноста на костимот за капење е влажна и топла, што создава идеална област за бактерии. Материјалите за костими за капење апсорбираат различни хемикалии и бактерии кои се наоѓаат во базените или во морето. Откако ќе излезе од вода, половиот орган е во контакт со сите штетни материи кои остануваат во костимот.

Ова го нарушува балансот на добрите бактерии во вагината и може да внесе штетни бактерии во уретрата и да предизвика разни болести како вагинитис и воспаление на уринарниот тракт.

Симптоми на бактериски вагинитис: непријатен мирис, сивкаста боја на исцедок, чешање, оток и чувствителност.

Симптоми на инфекција на уринарниот тракт: силна и постојана потреба за мокрење, чувство на печење при мокрење, болка во карлицата и заматена урина.

Доколку имате симптоми на бактериски вагинитис, задолжително посетете лекар. Дотогаш пијте повеќе течности, особено сок од брусница, за кој е познато дека поволно делува на чистење на бактериите од уринарниот тракт и мочниот меур.

2. Габични инфекции

Бидејќи габите напредуваат во топли и влажни подрачја, влажните носии може да предизвикаат бројни габични инфекции кај жените. Пролиферацијата на бактерии предизвикува раст на габични клетки во вагината или вулвата, што предизвикува непријатни симптоми како горење, чувствителност и грутчен исцедок.

Симптоми: силно чешање во внатрешниот или надворешниот дел на вагината и бел исцедок како урда.

Се препорачува да се земаат лекови во договор со лекар и да се користи крем против габи.

3. Чешање и осип

Седењето во влажен костим за капење може да предизвика инфекција слична на атлетското стапало со ширење габи кои освен на гениталиите, можат да ги зафатат и внатрешните бедра и задникот. Инфекцијата е слична на габична инфекција, но разликата е во обликот на габата.

Симптоми: чешање и осип на бутовите и пукнатини во пределот на гениталиите, црвенило и лупење на кожата каде што осипот е најцрвен во средината.

Користете антигабичен крем или пудра за пределот на гениталиите и посетете лекар.

Утре на пладне Сугарески ќе го каже ставот за понижувачкиот договор со Бугарија?

Горан Сугарески е долгогодишен функционер во СДСМ, па не случајно социјалдемократите во Прилеп, но и голем број други граѓани очекуваат негов став околку така наречениот ревидиран француски предлог.

Гневот во Прилеп како град херој кој дал огромна жртва во Втората светска војна, борејќи се токму против бугарскиот фашистички окупатор. е огромен.

Ставот на опозицијата е познат и се манифестира преку масовните протести деновиве пред Владата, па затоа сега се очекува како ќе реагираат првите луѓе од владеачката партија.

Сугарески и претходно се изјаснуваше околу актуелни прашања за политичките и општествените случувања, а се очекува утре да го каже својот став околу договорот со Бугарија и актуелниот француски предлог со кој според мнозинството граѓани се понижува целата македонска историја, јазик и постоење.

Тоа деновие го направија и Генералниот секретар на СДСМ Минчев, Максим Димитриевски, Бендевска, пратеникот Стојаноски, единствено очекуваме Сугарески да каже дали се согласува дека сме Бугари што зборуваат на бугарски дијалект и да излези заедно со народот на протест во 12 часот.