дома блог страница 1503

Во јуни трошоците ни се зголемиле за дополнителни 2,8%

Трошоците на животот во јуни годинава се повисоки за 2,8 отсто во споредба со претходниот месец, а цените на мало пораснале за 2,4 проценти. На годишно ниво, пак, трошоците се зголемени за 14,5 отсто, а цените на мало за 13,7 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 10,4 отсто, лебот и житата за 7,8, млекото за 6,7, месото за 5,2, свежото и разладеното овошје за 2,9, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,7, виното за 2,1, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,0, рибата и морските плодови за 0,8, кафето, чајот, какаото за 0,5 и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,4 отсто.

Во јуни, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 17,2 отсто, течните горива за домаќинствата за 16,3, туристичките аранжмани за 6,4, цврстите горива за домаќинствата за 6,2, воздухопловниот патнички транспорт за 6,1, гасот за домаќинствата за 4,4, патниот патнички транспорт за 4, услугите за сместување за 3,7, градините, растенијата и цвеќињата за 2,9, фризерските салони и центрите за разубавување за 2,7, рестораните, кафулињата и слично за 2,5, другите апарати и производи за лична хигиена за 2,1, големите електрични апарати за домаќинствата за 1,8, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, парамедицинските услуги за 1,7 отѕсто. Зглемување на трошоците има и кај домашните услуги и услугите за домаќинствата за 1,6 отсто, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1,5, ткаенините за изработка на облека за 1,4, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за рекреација и спорт за 1,2, производите за домаќинствата – нетрајни за 1,1, малите електрични апарати за домаќинствата за 1 отсто. Трошоците се зголемени и кај големите алатки и опремата, моторните возила, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, електричните апарати за лична хигиена за 0,9 отсто, поправките и изнајмувањето на обувките, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0,8, поправките на апаратите за домаќинствата, медиумите за снимање за 0,7, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 0,6, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 0,5, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, фармацевтските производи, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,4, мебелот и покуќнината, малите алатки и останатите додатоци, стоматолошките услуги, мотоциклите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,3 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 3,3 отсто и кај опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1,2 отсто.

Прилепчанец и стружанка yaпceни во гостиварско Врапчиште за кpaжба

На 06.07.2022 околу 14.15 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 28-годишниот Ј.В. од Прилеп и 33-годишната Т.Н. од Струга поради сомнение дека одзеле личен предмет на 43-годишно лице од гостиварско Врапчиште.

Предметот бил пронајден и вратен на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Регулаторна одлучи: Од полноќ поголемо намалување на цените на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,39% во однос на одлуката од 6.07.2022 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 ден/кг и сега ќе изнесува 51,564 ден/кг.

Од 8.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 108,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,564 (денари/килограм)

Паѓа Борис Џонсон: Денеска ќе поднесе ocтавка

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе поднесе оставка откако се соочи со најголемата криза во својата политичка кариера.

Како што објави Би-Би-Си, Џонсон денеска ќе се повлече од претседателската позиција во Конзервативната партија, но ќе остане премиер до есен, односно до изборот на новото партиско водство.

Ова следува откако владата на Џонсон ја напуштија повеќе од 50 членови во изминатите 24 часа.

Германски метео експерт пpeдyпpeдyва за големи врнежи и невpeме во Прилеп

Познат германски метеоролог и експерт за екстремни временски неприлики, на својот Твитер профил објави предупредување за невреме со пороен дожд кое се движи кон Македонија, а особено ќе го погоди Прилепскиот регион.

Врнежите од дожд се очекуваат од утрешниот ден и се очекува да траат до 11:00часот во сабота (09.07.)

И од УХМР предупредуваат за големи врнежи од дожд во наредните два дена.

-Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Температурата ќе биде во опаѓање. Од недела следува стабилно и потопло време – стои во предупредувањето од УХМР.

Уште едно изнанадување на “Пиво Фест”: На сцената се враќа познато лице (Фото)

Уште седум дека до 18-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2022”.

Организаторите веќе ја објавија програмата, а денеска уште едно изненадување. Преубавата Марјана Станојковска преку социјалните мрежи упати покана до сите вљубеници во највкусната скара, добрата забава и ладното пиво и откри дека таа одново ќе биде водителка на фестивалот заедно со Игор Џамбазов.

Марјана и претходно беше водителка на фестивалот и веќе се одомаќини во Прилеп во изминатите години.

18-то издание на “Пиво Фест” во Прилеп ќе се одржи од 14-17 јули.

Танц, музика, цртање: Голем број деца се забавуваа на плоштадот “Магнолија” во Битола (Фото)

Здружението на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни „Рилука“, во соработка со танцовиот клуб „Спортакус“, со поддршка од општина Битола, на плоштадот Магнолија, организираа голема детска забава, насловена „Чекор пред себе“.

Настанот имаше за цел, подигнување на свеста за грижата за физичкото и менталното здравје со акцент на најмладата популација, преку активно вклучување на децата во повеќе забавно едукативни активности.

Преку танцот, музиката, пишаниот збор и ликовното изразување, беше потенцирана важноста на овие активности кои се многу значајни за негување на моралните вредности, во функција на зачувување на здравјето.

Мицкоски: Cтpaв имам само од Господ, вечepва ме намecтиja луѓе од влacта ама не ме yбиja

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вонредната прес-конференција рече дека подолго време добива информации дека требало да биде ликвидиран, како и дека вечерва пиштолот кој го држеше човекот кој пукаше кога почна протестот, требало да биде вперен кон него. Тој додава дека сето тоа било наместено од власта, бидејќи полицијата ја немало во моментот кога групата се појавила и еден од нив почнал да пука.

„Подолго време добивам неформални информации за моја ликвидација, вечерва полицијата ја немаше , а мистериозно се појави група од 10 луѓе. Беа испукани повеќе истрели кои за среќа не завршија во народот. Ваквото сценарио го најави власт. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии ако не поминел предлогот. Ковачевски и Спасовски градат милитантен контекст, имаше најава за молотови коктели, за жртви, и откако не им успеа веќе го достигнаа врвот во монструозноста каде требаше да се загуби човечки живот за да останат на власт. Видете го овој пиштол и видете го народот кој не му се плаши. Овој пиштол е е свртен кон народот. Тој беше насочен кон губење на невин човечки живот. На овие слики кои ги гледаме не е најважна етничката припадност, туку гледаме криминалци кои заедно со власта одат против народот. Немојте да се убедувате и да кажувате дека луѓето се од оваа или онаа политичка партија, туку тие имаат една страна , страната на криминалот. Мојата порака до Албанците е дека оваа борба е заедничка, наша и заедничка низ вековите”, изјави Мицкоски.

Тој рече дека се што до сега добил како закана било пријавено во МВР, но никој не постапил и веќе кренал раце.

„Кренав раце и повеќе не пријавувам бидејќи нема ефект од тоа. Можеби сум единствен претседател на политичка партија кој нема обезбедување. Не барам и ако ми дадат нема да прифатам. Како татко и родител сум загрижен, но не се плашам. Се плашам само од еден, а тоа е господ. Продолжуваме утре уште побројни во 19 часот пред Владата. Ако го нема Христијан, ќе дојде друг, ама народот нема да се откаже. Нема чекор назад, одиме напред со народот, силно, мирно и со гордо крената глава. Ова се пораки на обединување, заедништво и смиреност, изминатиот период подолго време добивам информации, еден е Христијан, и да е тука и да не е тука, народот нема да се повлече”, додаде Мицкоски.

Денеска се празнува paѓањето на Св. Јован Крстител – Иванден: Честит именден Ивана, Иван, Јане, Јана…

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден.

Именден празнуваат: Иван, Ивана, Иванка, Јанко, Јане, Јана…

На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.

Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет.

Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет.

За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.

Следете во живо: Мицкоски ќе одржи вонредна прес конференција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе одржи вонредна прес-конференција во 22 часот.

Тој предмалку се огласи на социјалните мрежи и објави фотографија од лицето за кое вели дека вечерва требало да го убие.

Неговата изјава ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук профилот на Христијан Мицкоски.