Maма е поголем херој од мене: Фудбалер од Хрватска ја жpтвyваше кариерата за да и’ дониpa дел од црниот дроб на својата мајка

Напаѓачот на хрватскиот клуб Цибалија, Роберт Периќ-Комшиќ, повторно се врати на тренинзите со соиграчите, откако пред неколку месеци ги спакува куферите и замина за Истанбул, каде го чекаше животна утакмица – операција на црниот дроб на неговата тешко болна мајка Љиљана, на која Роберт и донираше дел од својот орган.

За младиот фудбалер деновиве се пишува со воодушевување во медиумите вели:

“Фала му на Бога се’ помина ОК. И операцијата и опоравувањето. Двајцата сме добро, ја сум целосно подготвен за враќање на терен, а мама после 13 години борба доби нов живот”, вели тој кој четири месеци после комплицираниот оперативен зафат вклучен е повторно во нормален тренажен процес.

Преку операцијата на младиот фудбалер му биле отстранети дури 70% од црниот дроб, а притоа воопшто немало гаранција дека ќе може да се врати на кариерата во професионалниот фудбал.

“Во тој момент воопшто не размислував, не размислував дали воопшто ќе можам да играм фудбал било кога. Имав јасна мисла, а тоа е мама да биде добро. Се’ останато беше споредно”, вели тој.

“Мама е поголем херој од мене. Не дај Боже никому да му се случи она што таа го преживеа во последниве 13 години. Имаше три неуспешни трансплатации на црниот дроб од мртов донор. Пропадна идејата донор да и’ биде нејзиниот брат Ведран, чиј црн дроб беше замастен. Ризикот беше огромен, а на мама времето и’ изминуваше. Беше животно загрозена. Во моментот кога дознав дека сите опции се исцрпени, се спакував и заминав за Истанбул”, додава на крајот младиот хрватски фудбалер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.