дома блог страница 1502

„За Наше Куманово” го отфрли францускиот предлог и не прифаќа отворање на Уставот

Актуелниот градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски најави формирање граѓанско движење кое задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори.

Вчера Здружението „За Наше Куманово”, на состанокот на извршниот одбор, а потоа и на вонредната седница на Собранието во проширен состав, детално го разгледа понудениот Француски предлог и ги донесе следните заклучоци:

1) Предлогот е целосно неприфатлив и штетен, и директно навлегува во македонските национални интереси. Нема јасна формулација и гаранција за македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската историја и заштита на македонските историски настани и личности.

2) Како таков, прифаќање на овој Француски предлог би претставувало невиден преседан и велепредаство на македонската држава, самоукинување на македонскиот јазик, нација и самобитност, за која многу македонски синови и ќерки го дале својот живот низ историјата бранејќи ја и создавајќи ја нашата татковина Македонија.

3) Како здружение кое е про-европски ориентирано, сметаме дека предлогот не ги содржи основните темелни вредности на европската цивилизација: правото на самоопределување и чувството за припадност на една нација, рамноправност, почитување на човечки и граѓански права, толеранција и правата на малцинствата.

4) Овој предлог, во ваква форма, не го отвара патот на Република Македонија кон исполнување на нашата стратешка цел, почеток на преговори и влез во Европската Унија. Напротив, ја остава можноста за долгорочна блокада од страна на Република Бугарија и претставува опасност за асимилација на македонскиот народ, т.е. бугаризација.

5) Отварањето на Уставот на Република Македонија и вметнувањето на бугарскиот народ во истиот е неприфатливо, затоа што нашиот сосед Република Бугарија не го признава македонскиот јазик и македонскиот народ. Тоа единствено може да се оствари по принципот на реципроцитет и обострано и взаемно признавање на народите и јазиците.

6) Бараме Владата на Република Македонија веднаш да ја обелодени содржината на Протоколот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија формирана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добро соседство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Без разлика на тоа што сега зборот Протокол е заменет со фразата „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“ суштината е иста, а протоколот има доминантно место во документите на ЕУ поврзани со нашата ЕУ интеграција.

7) Бараме од Претседателот на Република Македонија, господинот Стево Пендаровски и од Претседателот на Владата на Република Македонија, господин Димитар Ковачевски да го отфрли овој предлог како директна закана за националните интереси на нашата држава. Ги повикуваме пратениците во Собранието на Република Македонија без разлика на нивната политичка и етничка припадност, веднаш да го отфрлат овој предлог и јавно да се оградат од него. Ова се историски моменти од кои враќање назад нема.

9) Здружението на граѓани „За Наше Куманово“ го подржува правото на секој граѓанин, поединец, да го изрази својот став, револт, незадоволство, преку протест, како основно демократско право, но не подржува насилство, инциденти и настани (сценарија), кои ги поткопуваат и рушат институциите на државата и подгреваат меѓуетнички тензии.

10) Сметаме дека за вакво историско прашање, кое одлучува за судбината на македонската држава, постоењето на македонскиот јазик и нација, не треба одлука да носи Владата и Собранието, туку преку институцијата референдум, треба да се изјаснат граѓаните на Република Македонија.

11) Здружението „За наше Куманово“ го осудува непрофесионалното менаџирање на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со МВР, како и во последните случувања при протестот кај ТЦ Мавровка во Скопје и бара негова неотповиклива оставка од функција Министер на МВР и поставување на негово место професионалец со искуство кој што ќе работи неселективно без политички калкулации и согласно законските овластувања.

Д-р Пановски: Не ни требаат нови ковид-мерки, возрасните и болните да внимаваат каде летуваат, за младите – без ограничување

Додека болниците се празни и нема висок број на хоспитализирани и нема смртни случаи кои настанале како последица од ковид-19, нема потреба од воведување на мерки за заштита од ширење на вирусот, вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски, кој за „Нова Македонија“ го коментира порастот во дневната статистика на новозаразени од ковид-19 во земјава.

-Мерките требаше да се фокусуираат на ризичните групи на луѓе. Во насока на сугестија да не одат на места и хотели со гужви, да стават маска каде што има потреба, односно каде има поголема концетрација на народ. Возрасните и хронично болните треба да се чуваат и да се вакцинираат. Младите нема потреба да се ограничуваат, зашто најголем дел од нив, веќе неколку пати го има прележано вирусот. Сепак, ќе видиме каква ќе биде состојбата во наредните месеци, посочува Пановски.

Додава дека бројот на позитивни случаи е поголем од тој во официјалните статистики, зашто не се тестираат сите.

-Имаме најмалку по 1.500 случаи на позитивни на дневно ниво. Се тестираат само тие што имаат симптоми и се загрижени за здравјето, додава тој.

Преку ден сончево, попладне најавено невреме со пороен дожд и силен ветер

Во текот на денот најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2).

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=6

Во Скопје во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Температурата ќе биде во опаѓање. Од недела следува стабилно и малку потопло време.

Во 13 часот: Блокади на четири места во Македонија, за недела закажан масовен протест

Протестот против францускиот предлог продолжува и денеска со блокади на четири места во Македонија.

Од 13 до 14 часот сообраќајот ќе биде блокиран во Скопје пред Владата, на магистралните патишта Штип-Велес, Струмица-Радовиш и Плетвар-Прилеп.

-Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија, соопштија неформалните организатори „Ултиматум – НЕ благодарам“.

Утре, сабота, во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести. Масовно протестирање е најавено за во недела со почеток во 19 часот пред Владата.

Откако Владата вчера го достави предлогот во Собранието, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при учеството на вчерашниот протестот против францускиот предлог порача дека нема да поддржат какви било уставни измени во контекст на исполнување на бугарските барања.

-Македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува понатаму со ова национално предавство и катастрофа која што ја подготвува Владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО ДПМНЕ во Парламентот тоа нема да го прифати. За тоа се потребни 80 пратеника, бидете сигурни дека ги немаат, изјави Мицкоски.

Поради францускиот предлог изминатите шест дена се одржаа протести под мотото „Ултиматум, НЕ, благодарам“ пред Владата и Собранието, а синоќешните поминаа мирно и без инциденти.

Еве како се праќа бугарски новинар по пуканки кога ќе те нарече “северномакедонец” (ВИДЕО)

Учесник на протестите против францускиот предлог, му влезе во кадар на бугарски новинар при вклучување во живо на Бугарската национална телевизија, откако слушна дека новинарот користи „северномакедонци“.

Mицкоски: На исцениpaното нacилcтво од власта, нapoдот одговори со мудpoст, се поклонувам на овие луѓе (Фото)

Денеска во Скопје по шести пат се одржува протес против францускиот предлог, кој задира во македонскиот идентитет.

Илјадници граѓани денеска повторно излегоа на протест со цел да го искажат својот револт кон власта, за која истиот е прифатлив иако истиот ги исполнува само бугарските барања кои ја негираат самобитноста на македонскиот народ.

Проестите ќе продолжат и во следните денови, а од утре на пладне е најавено блокади низ целата земја.

-На исценираното насилство од власта кое требаше да го исплаши народот, тој одговори со мудрост и уште поголема бројност. Се поклонувам на овие луѓе, поради тебе народе. Одиме до крај со нашата борба. Ултиматум, НЕ благодарам! – напиша на ФБ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Блокада на цела држава од утре? Се интензивираат протecтите пpoтив францускиот предлог

Ивица Боцевски за време на денешниот говор на протестот пред Собранието на Република Македонија, најави блокади низ цела Македонија.

Подоцна денеска ќе се соопштат детали за точните локации низ цела Македонија, но како што најави Боцевски блокадите ќе започнат од 13 до 14 часот според првичниот план.

Шест дами кои ги pyшат предрасудите: Инструкторките од Авто школа “Семафор Нова” Прилеп се носат рамо до рамо со припадниците на посилниот пол

Tие се лидери во Прилеп и целиот регион за стекнување со возачка дозвола.

Авто школа “Семафор НОВА” го има без конкуренција најдобриот тим кој ќе ви овозможи брзо и лесно да научите да ги почитувате сообраќајните правила и прописи и да управувате со моторни возила.

Нови и удобни возила, единствени во Прилеп со свој модерен полигон за вежбање и полагање, обуки за А, А1, А2 и АМ категорија со нови и супер модерни мотори, сопствено возило за полагање Ц категорија, одлични услови за теоретска обука и загарантирано знаење за полагање тестови…

Ова се само мал дел од придобивките во Семафор, но сето ова ќе биде залудно без нивните трпеливи, внимателни и пред се искусни инструктори.

Без да ни се налути машкиот дел од тимот, кои патем се вистински џентлмени и професионалци во професијата и работата, ќе ги пофалиме припадничките на понежниот пол.

Ги има шест на број и успеаја да ги срушат сите стереотипи и табуа за така наречените машки професии. Добиваат само пофалби од нивните ученици и со сигурност може да кажеме дека се подобри и од многу припадници на посилниот пол.

Низ нивните раце поминале стотици и стотици млади, но и повозрасни, сега умешни и претпазливи возачи. Понекогаш дури и мораат да им отстапат по некој кандидат на своите колеги, затоа што телефоните знаат да им ѕвонат без прекин.

Да жените можат речиси се’ што можат и мажите. Во 21 век ретко која професија може да се квалификува како машка или женска. Жените се претпазливи возачи кои се грижат за безбедноста во сообраќајот. Затоа заборавете си ги предрасудите и симнете капа на овие дами, а нареден пат кога ќе ги забележите низ улиците на Прилеп, бидете џентлмени, имајте трпеливост со нивните кандидати ако се движат побавно пред вас во сообраќајот и отпоздравете ги.

Од нас само едно огромно браво за нивната пожртвуваност да бидат истовремено мајки, да се грижат за домот, да успеат да научат секого и да се справат со секаков карактер, да работат во сообраќај по цели денови, за трпеливоста, пожртвуваноста и успехот кој го постигнуваат.

Браво и за сопствениците на компанијата кои на ваков начин придонесуваат општеството да ни се развива во правилна насока.

Македонска убавина: Стотици верници со песна и оро го празнуваа денешниот празник Иванден во битолско Беранци (Фото галерија)

Голем број верници синоќа и во текот на денешниот ден го посетија преубавиот манастир Св. Јован Крстител во над село Беранци, битолско.

Се пееја песни, се играа ора, а за забавата се погрижи група “Ројал”.

Манастирот во Беранци е еден од најубавите во Пелагонија, а најпосетен е токму за Иванден.

За многу години и напомош!

И вечерва илјадници граѓани велат НЕ за францускиот предлог (ВО ЖИВО)

И вечерва илјадници граѓани излегоа на улица да кажат НЕ за францускиот предлог! Седми ден по ред Македонците излегуваат на улица под мотото „Ултиматум не, благодарам“ искажувајќи го својот револт против бигаризацијата на Македонија и македонскиот народ. Толпата се собра пред македонската влада од каде се упатија пред Министерство за правда.

Последна станица е просторот пред Собранието, каде се очекува да има говорници кои ќе ја објаснат причината поради која и вечерва се протестира.