дома блог страница 1490

Никој немал олку гости на својот роденден: Игор Џамбазов синоќа со маестрален настап во Прилеп го прослави својот 59-ти роденден (Видео)

Maкедонскиот шоумен Игор Џамбазов синоќа во Прилеп го прослави својот 59-ти роденден.

Џамбазов кој е водител на 18-то издание на “Пиво Фест”, имаше и маестрален настап со својот бенд, а доби и прекрасно изнeнaдување од градоначалникот на општина Прилеп, кој на сцената му даде подарок и роденденска торта.

За време на својот настап рече: “Никој немал олку гости на својот роденден”, а потоа се заблагодари и на ФБ каде напиша:

“Кога имав 39 години, го гледав Мик Џегер на 59, како растура со своите Стоунси. Си викав: “А бе кого лажат овие, кај е можно ова?” Денес, јас на 59, се уште свирам со својот бенд. Додуша, седам на шанк столче додека пеам, а другар ми @mickjagger , скока по сцената ко да има 19. Ој животе, песно недосвирена… Благодарам Прилеп, сполај ти Македонијо”.

Еве кои пратеници гласаа за францускиот предлог – Еден пратеник од СДСМ не гласаше

Пратеникот Диме Велковски е еден од пратениците кои не гласаа за прифаќање на бугарската рамка во собранито.

Велковски е пратеник од СДСМ и човек со долга километража во партијата. Овој истакнат социјалдемократскат потекнува од Кавадарци, еден од градовите со најголема анти-фашистичка традиција.

Велковски до сега има објавувано неколку високи функции во СДСМ, меѓу кои и претседател на централниот одбор на партијата.

Името на Велковски го нема на листата на пратеници кои гласале За.

Списокот на пратеници, можете да го погледнете на следниот линк.

Oригинална маркетинг кампања на “Витаминка”: Oткриј ги своите “супермоќи” со новиот вкус на Цевитана (Видео)

Витаминка преку својот бренд Цевитана ја започнува кампањата „Твојата свежа страна“ за запознавање со обичните суперхерои кои имаат исклучителни таленти и инспиративни приказни.

Компанијата во соработка со нивната маркетинг агенцијата Дивижн ја започнуваат оваа кампања за промоција на урбаните херои и нивните оригинални, свежи страни, со цел да ги поттикнат и мотивираат младите за откривање на личните „супермоќи“ и развивање уникатни таленти и вештини.

Како компанија која е насочена кон помагање на заедницата и поддржувајќи голем број позитивни настани и активности, со новата платформа Витаминка пред јавноста ќе промовира поединци од нашето опкружување преку нивната свежа, непозната страна. Со ова брендот Цевитана кој е синоним за свежина и кој одамна ги слави сите обични суперхерои (Кампања „За сите обични суперхерои“) прераснува во нова платформа и со нов освежен изглед.

„Кампањата ‘Твојата свежа страна’ има за цел да истакне и промовира несекојдневни лични приказни на поединци кои се специфични и оригинални по својата свежа страна, но и истовремено да ја разбуди мотивацијата кај оние кај кои таа ‘страна’ е само желба. Секој од нас во себе носи некои таленти, нешто што нè одвојува од она што е примарно, како одредена пасија, хоби, спорт, страст за нешто… Таа страна кај некого е реализирана, кај некого не е. Свежината којашто ја носат во себе сите 9 вкусови на Цевитана е бранот од нова енергија со чија помош желбата може да стане реалност“, велат од компанијата и маркетинг агенцијата.

Кампањата започнува со серијал од 9 видеа во кои ќе бидат претставени несекојдневни приказни за луѓе, урбани херои кои се околу нас, некои повеќе а некои помалку познати, но за кои не сме имале можност да ја запознаеме нивната скриена страна и свеж, оригинален талент.

Првата епизода е посветена на Ѓорѓи Чешмеџиевски (12 години) ученик и голем вљубеник во математиката, а неговата свежа страна е решавањето рубикови коцки. Учествувајќи на меѓународни натпревари тој секојдневно ги руши личните и државните рекорди, а досега има освоено над 30 медали.

Втората епизода е посветена на Владо Ѓорѓиев, познат шминкер и фотограф кој последните неколку години ја развива својата свежа страна преку изработка на кинетички скулптури со што е единствен на Балканот со ваква пасија и меѓу ретките во светот.

Останатите уникатни приказни очекувајте ги наскоро…

Цевитана – твојата свежа страна.

Несторовски се враќа во препознатливата форма: Два пати ја тресеше мрежата на Унион Берлин

Илија Несторовски полека, но сигурно се враќа во топ форма, а тоа го покажа со нови два погодоци за Удинезе, кои ги постигна на пријателскиот натпревар против Унион Берлин, натпревар кој заврши нерешено 3:3.

Несторовски на натпреварот влезе во 15-та минута и два пати ја тресеше мрежата на германската екипа, прво во 26. минута, а потоа и во 43.

Несторовски погоди и на претходната контролна средба за Удинезе, во убедливата победа над Лиенц (11-0).

Министерство за здравство со препорака: Да се носат маски во затворен простор

При престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3. Просториите во кои се престојува подолго (канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат. Да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра.

Ова се дел од препораките кои денеска Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од зapaзни болecти ги упатија поради, како што наведуваат, во нашата држава се забележува зголемување на трансмисија на кopoнавиpyc, но и дека ова е општ тренд што не може да се очекува да не одбегне.

Од Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болecти посочуваат дека активно ја следи состојбата со KOBИД-19 во земјата, но и активно ги следи состојбите и на европско и светско ниво.

–Затоа, иако во моментот состојбата е релативно мирна, со цел да остане таква Министерството за здравство препорачува внимание и преземање мерки за лична заштита. Ова особено се однесува, но не исклучиво, на постарите лица, лицата кои имаат една или повеќе хронични болести, и сите кои имаат намален имунитет поради која било причина, истакнуваат од министерството.

Препорачуваат доколку граѓаните почувствуваат некои од стандардните симптоми (сува кашлица, температура, болки во грло, болки во мускулите и слично) веднаш да побараат помош од матичен лекар и задолжително да носат маска.

– Во Здравствените домови ширум државата веќе е зголемен бројот на термини за тестирање на пациенти, а само во ЗД Скопје тестирање се врши во пет пункта. Исто така, се уште најефикасна заштита од развој на потешки форми на ковид и хоспитализација останува вакцинацијата против ковид. Така што, за целосно заштитени се сметаат тиeкои имаат примени две дози вакцини и дополнителна, т.е. бустер доза. Сите оние кои не се вакцинирале или не го завршиле целиот вакцинален циклус, се препорачува истото веднаш да го направат, а кај оние кои поминале четири месеци од бустер дозата им се препорачува и второ бустирање, порачуваат од МЗ.

Потсетуваат дека на сила е се уште обврската за носење маски во јавен превоз, здравствени установи, аптеки и домови за стари лица.

Прилеп го поздрави Миле Талевски, пратеникот кој има само Голф 5-ка, ама ја нема Македонија во срцето (Фото)

Транспарент на кој пишува: “Mиле Талевски гробар на Македонија, Прилеп памти!”, е поставен попладнево на бизнис центарот, откако Талевски кој е единствен пратеник на СДСМ од Прилеп, гласаше за усвојување на францускиот предлог во Собранието.

Талевски вчера жестоко од собраниската говорница го бранеше францускиот предлог и рече дека треба да сме горди на СДСМ.

За него деновиве медиумите пишуваа дека во анкетниот лист како свој имот има пријавено само автомобил “Голф 5”.

Ахмети се распеа после прифаќањето на францускиот предлог во Собранието (Видео)

А уствари оти да не пее, што му фали… Се што намислил СДСМ ќе му изгласа во Собрание…

Ламбе пред настапот на “Пиво Фест”: “Прилеп ЧЕ гopи, а пиво ќе го гаси”

Прилеп се подготвува за третата фестивалска вечер на “Пиво Фест”, а една од музичките ѕвезди која ќе има настап на фестивалската сцена вечерва е Ламбе Алабаковски.

Во пресрет на неговиот настап во Прилеп, Алабаковски на Фејсбук напиша: “Утре 20:30 “Прилеп Че гори а пиво ќе го Гаси”

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ потпишаа изјави заверени на нотар дека нема да гласаат за уставни измени

Ако беше толку добра работата за Македонија, немаше да ги чува полиција како во Бејрут. Тие мислат дека го завршија предавството, но треба да знаат дека заедно со народот ќе победиме во оваа борба, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

=Ова им е само алиби, а ние ќе го врвиме најдолгиот пат. Но верувајте дека ќе победиме. Информацијата која што претходно ја усвои Владата на Ковачевски и формално иако не беше задолжително, помина во македонското Собрание. Но пред да проговорам за ова, сакам со особено чувство на гордост да му се заблагодарам на народот кој масовно и во огромен број излезе на улиците и со денови беше тврдината на непокорот кој покажа не само дека Македонија е жива, туку демонстрираше невидена енергија и волја за борба за својата иднина и за нашата татковина, и таму имаше Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Бошњаци, Роми и сите останати. Многумина приоѓаа и многумина даваа поддршка. Ова не беше битка ниту моја, ниту пак на ВМРО-ДПМНЕ, заслугата е на народот, илјадници мажи, жени и деца кои излегоа на улиците и кажаа што мислат за предлогот кој Владата решила да го турка, но и за се она што се случува овој период во Македонија. Илјадитиот народ кој и покрај сите жестоки жиговсувања, напади, полициски инфилтрати, молотови коктели, местенки и притисоци излегуваше и не отстапи. Благодарам народе мој, и ова не е крајот, туку почетокот на заедничкиот бедем кој Македонија ќе ја врати на народот. И пред да кажам зошто ништо не е завршено, сакам да се осврнам на она што се случуваше овие денови. Договорот таков каков што владата го усвоила и се согласила преставува срам за целата држава, а самиот чин на прифаќање преставува предавство на националните и државни интереси. Ова е комплетирање на вториот дел од предавството започнато на Заев уште јули – август 2017-тата година, истакна Мицкоски.

Како што рече тој, предавството сега кое содржи план за бугаризација и асимилација на Македонија и македонскиот народ ќе биде немирната совест со која мора да живее секој пратеник и секој член на Владата кој го поддржа овој срамен документ.

-И знам дека сега не се свесни но ќе помине ова, ќе помине и пратеничкиот имунитет, ќе поминат и овие полициски кордони кои што неволно ги обезбедуваат, ќе заврши се ова и за неколку години повторно ќе треба да го погледаат народот во очи на улица. И знам дека тие сега се фокусирани на гола борба за фотелји, бидејќи и кога ја предаваа Македонија не заборавија да крадат, не заборавија на анексите, тендерите, договорите во четири очи. Ама народот и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е тука да ги потсеќа за предавството, за трговиите, за ударот кон Македонија за кое ви ветувам народе македонски дека ќе дојде ден кога тие ќе одговараат. Тие се ставија на темната страна на историјата и тие наместо страната на народот ја одбраа страната на предавството. Сега малку и околу суштината на договорот кој ќе добие зелено светло од Владата овие денови. За тоа колку е гарантиран македонскиот јазик кажа вчера заменик портпаролот на Европската Комисија која практично ја надсинхронизира претседателката Урсула Фон Дер Лајен која што во македонскиот Парламент велеше дека јазикот е гарантиран но во суштина мислела на јазикот кој што го говореле мнозинството граѓани во Македонија. Воедно оваа информација се усвојува во Собранието, а Владата ја прифаќа преговарачката рамка без да биде објавен Протоколот каде според бугарските медиуми изрично се содржат барањата за бугаризација. Сега бугарските асимилаторски барања за промена на учебниците, за откажување од националните херои, за преиначување на историјата стануваат услов за влез во Европската Унија, и додека тие не се исполнат нема почеток на преговори, ниту напредок кон патот на Унијата. Само каков тежок дебакл и нокаут е ова за дипломатијата и тимот на најнеспособните Маричиќ и Ковачевски, тука не би го ставил Бујар Османи затоа што тој има друга агенда, иако му е полна устата за Македонија, тој одработуваше за други, туѓи интереси. Тие со ова се одрекуваат и поплукуваат на столетната борба на Илинденците, на партизаните. Газат врз гробовите на нашите херои, врз маката нашиот народ. Трајна и длабока лузна и за партијата СДСМ која како наследник на комунистите од денес станува чирак на големо бугарската кауза. Срам кој ќе си го носите вие, но товар за сите идни поколенија. Но и сакам јасно и гласно да се знае дека ништо не е готово, а народот не треба да очајува. Борбата продолжува. И ќе победиме, се додека сме заедно, цврсти како карпа, обединети. Обединети не заборавајте и силно фокусирани за нивниот пад, за што мора избори да има. Информацијата која помина во Собранието нема никакво значење затоа што рамката ја усвојува Владата. Но затоа обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, а тоа е промена на Уставот со цел внесување на Бугарите, нема да помине во македонското Собрание. Повторувам нема да помине во македонското Собрание промена на Уставот со цел внесување на Бугарите во него. За тоа гаранција е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници седат позади мене и сме заедно во оваа битка. Народот може да биде спокоен, ова не е 2019-тата година. На иницијатива на пратениците како гаранција со која се обврзуваме пред граѓаните за ова наше ветување, со цел блокада на предавството на оваа Влада се изјавите на пратениците заверени на нотар, дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Уставот, а за тоа гарантираат со својата чест, совест и оставка која веднаш стапува на сила доколку тоа се случи. Јас верувам дека ниту еден пратеник нема да го одобри ова предавство и за тоа го имате и мојот збор дека тоа нема да се случи тоа. Ова се тие изјави, заверени на нотар, потенцираше Мицкоски.

Нема отстапување ниту милиметар од ова. Нема чекор назад, затоа што позади нас е се што имаме, нашите семејства, нашето достоинство, нашето име, и нашата Македонија, рече Мицкоски.

-Дозволете сосема на крај, уште неколку реченици до граѓаните на Македонија, до македонскиот народ, но и до Албанците, до Турците, Србите, Власите, Бошњаците, Ромите и останатите, доколку не беше ова предавство на овие луѓе кои што најпрвин во Владата се согласија па потоа и овие во Парламентот одлучија да им дадат поддршка, тогаш ќе го сочувавме нашето достоинство до крај. Но, со ова не значи дека достоинството е загубено, и не значи дека битката е загубена, не напротив таа ќе биде уште потешка како што му доликува на овој народ. Но, ништо не е завршено додека не се промени Уставот и додека не се усвои преговарачката рамка која со ова предавство воопшто не доаѓа под знак прашање. Ова што сега ќе се случува во Брисел е фотоможност да уште еднашка ги згазнат црвените килими во белгиската престолнина на неколкумина криминалци во Владата и предавници и да кажат дека прифатиле нешто кое што всушност значи обид за асимилација на македонскиот народ. Не очајувајте народе! Не е ништо завршено, Уставот нема да се смени, преговарачката рамка нема да биде прифатена. А, идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има многу тешка задача да го исправи тоа што овие сега го погрешија, да го врати украденото. А тие кои што ова го направија на Македонија, овие предавници, овие одродници и криминалци да одговараат за тоа што го сторија, истакна Мицкоски.

Затоа ќе ми дозволите да завршам со СТОП за предавствата, ДОЛУ предавниците, да ЖИВЕЕ Македонија! Подвлече тој.

Маестро Џамбаз ги поздрави Бугарите од Прилеп:”Партиџано тоа сме ние, вие сте тие другите”

Маестро Џамбазов синоќа имаше прекрасен настап на втората фестивалска вечер на “Пиво Фест” во Прилеп. Тој со неговиот бенд предизвика воодушевување кај илјадната публика.

Македонскиот најдобар шоумен синоќа го прослави својот 59-ти роденден во Прилеп, за што доби голем број честитки.

Во својот настап Џамбазов отпеа и еден специјален поздрав до оние што ги нарекува “тие другите”…

“Партиџано, тоа сме ние, вие сте тие другите. Слави Трифонов и Кирил Петков, о бела чао, бела чао…”, пееше Џамбазов.