Зимово нема да има проблем со храна благодарение на домашното земјоделство и на Отворен Балкан

Македонија во пресрет на Саемот на храна и вино кој ќе се одржи во Белград во рамките на иницијативата Отворен Балкан продолжува со интензивирање на домашната агенда со која се стимулираат националните капацитети за производство на храна, промовирање на македонската традиција и намалување на увозната зависност

Националниот план за производство на храна кој содржи важни мерки за поддршка на овој сектор во време на криза подразбира одржливо и зголемено производство на домашна храна, но и увозна независност. Усвоен е и ребалансот на Буџетот, а 32 милиони евра се за зголемување на домашното производство на храна.

Веќе е зголемено производството на пченица, пченка, јачмен и увозот кај сите култури е намален. Доделени се над 20 000 хектари земјоделско земјиште за производство на стратешките производи низ неколку јавни наддавања каде што земјоделците покажаа голем интерес, а притоа зголемени се и субвенциите за вештачките ѓубрива, со што земјоделците имаат помали трошоци.

Во тек е силна регионална промоција на македонските вина, храна и туризам на првиот меѓународен саем на Отворен Балкан во Белград. Во рамки на Отворен Балкан оформена е и кризна група која ги анализа состојбите во трите држави и според чии проценки трите земји меѓусебно можат да си ги обезбедат евентуалните недостатоци од храна.

На Саемот на храна, вино и туризам на Отворен Балкан во Белград од земјава ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии. На Саемот ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна од Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.

Стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.