дома блог страница 1491

Во живо: Прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Денес е трет ден од расправата во македонкското собрание околу францускиот предлог.

Откако ќе завршат сите говорници ќе се гласа за овој предлог.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 13:45 во седиштето на партијата ќе оддржи прес-конфенција.

-Почитувани, ве известуваме дека денеска во 13:45 часот, пред Централен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе се одржи прес конференција за медиуми, при што ќе се обрати, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија, се вели во соопштението испратено до медиумите од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски: “Ова е најголемото предавство во историјата на Македонија, многу брзо ќе дојде генерација која ќе го избрише ова пpeдавcтво”

„Еве трет ден дебата за можеби една од најбитните и најсуштински работи за која што македонското Собрание дискутирало во оваа сала од прогласувањето на независност до денес. Можеби како никогаш претходно разговараме за суштински работи околу иднината на Македонија. Знаете политиката е стара колку и цивилизацијата, кога луѓето почнуваат организирано да живеат почнуваат и да политички се организираат и да бираат претставници кои што ќе го уредуваат нивниот живот. Во Македонија ние сме тие 120. Во политиката исто така е познато од античко време до денес дека многумина влегуваат од користољубие, од среброљубие и од славољубие, малкумина влегуваат затоа што сакаат чесно да се посветат на оние кои што ги бираат. И затоа низ историјата и денес постојат многу политичари кои што народот ги заборавил, на кои што паднала пепелта и маглата и отишле вечно во заборавот и само малкумина кои народот и историјата ги памети и ги цени. Кога ќе се запрашате зошто, одговорот е оваа седница деновиве. Затоа што на едната страна се луѓе кои што за ден повеќе привилегии за службено возило денес, или на времето за некои други привилегии на пример да имаат земја околу себе која што ќе им ја обработуваат робови или за подобра плата или за некоја друга привилегија се спремни да направат се. И од другата страна се такви што се спротивставуваат и не се согласуваат на ова“, истакна Александар Николоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Николоски додаде дека за овие три дена разликата е јасна, се гледа многу прецизно и многу јасно кој каде е, односно кој е предавникот, а кој ги брани интересите на Македонија.

„Не го потценувајте народот, многу е попаметен и до што мислите и од што ќе ви каже, и од што чувствувате. И кога ќе се видите на улица ви се насмее, во суштина во себе го има гневот и ве пцуе длабоко во себе, затоа што знае што правите. Народот знае каде ја водите работата. Да бидете свесни за таа работа.“, им порача Николоски на пратениците од СДСМ.

Тој посочи дека тој не е од вчера во Собранието.

„Јас не сум од вчера во Собранието, сум видел и власт и опозиција. но, верувајте вакво понижување не сум видел, ниту сум верувал дека ќе видам било кога. Кога почнав како средношколец да се занимавам со јавна работа, а од мојата 20-та година со политика, ни на крај памет не ми беше дека во македонското Собрание владејачката структура и владејачката коалиција, значи доминантна структура ќе зборува за тоа дека треба да ја ретушираме историјата, дека треба да ги згазиме гробовите на предците, дека треба да им поплукаме на сета жртва и на сите маки кои што ги виделе“, нагласи пратеникот.

Николоски запраша зошто ова го направи власта на македонскиот народ.

„Зар ова го направивте за уште еден ден власт, за уште пет тендери во РЕК Битола, за уште десет местенки на едно или друго место, за 100-тина вработувања кои што ќе се поделат на една или на друга позиција, за фин одмор кој што веројатно ќе одите во текот на месец август, и каде што кога ќе седите на плажа ќе си велите добро направивме, а длабоко во себе мислам дека и вие знаете што правите“, рече Николоски.

„Ова што се случува денес е злосторство на цел еден народ. Ова што се случува денес е триумф на 150 годишна империјалистичка бугарска политика. Прочитајте малку во историјата, од основањето на бугарската држава во 1878 година на која и претходи основањето на бугарската егзархија во 1871, стратегијата и позициите се исти, непроменета без разлика дали е Бугарија била кнежество, царство, била во комунизам, или денес демократска Република, стратегијата е непроменета. А, таа е дека помеѓу Македонија и Бугарија постои вештачка граница која што треба да се урне затоа што во Македонија живее доминантно бугарско население кое што говори на бугарски дијалект. Тоа е тоа што го имате во предлогот кој што не сакаа ниту да го поделат од Влада“, истакна Николоски.

Тој додаде дека прифаќањето на бугарските барања е најголемо предавство во независна Македонија, но многу брзо ќе дојде генерација која што предавството ќе го избрише.

“Дивље јагоде” и нивната “Мотори” го “запалиja” синоќа Прилеп: Илјадници пееја во еден глас (Видео)

Зад нас е втората фестивалска вечер на “Пиво Фест 2022”, најмасовната фестивалска манифестација во годината во Македонија.

Кулминацијата на фестивалската вечер синоќа во Прилеп настана со настапот на гостите од Босна и Херцеговина, “Дивље јагоде”.

Мегапопуларните рокери својот настап го започнаа со нивниот најголем хит на сите времиња, “Мотори”, што предизвика вистински делириум кај илјадната публика во Прилеп.

Уживајте во нивниот настап:

Велосипедист од Прилеп со тешки повpeди донесен во прилепската болница, откако во него yдpил автомобил, а возачот избегал

На 15.07.2022 во 19.50 часот било пpиjaвено дека во Градската болница во Прилеп бил донесен В.Х.(72) од Прилеп кој,според пpиjaвеното, се здобил со тешки телecни повpeди во cooбpaќajна нecpeќа.

Имено, според пpиjaвеното, на ул.“Динара“ во Прилеп патничко моторно возило yдpило во велосипед, yпpaвyван од В.Х., по што го напуштило местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вечерва кулминација на “Пиво Фест”: Втората фестивалска вечер донесе забава за паметење (Фото галерија)

Штандовите и за време на втората фестивалска вечер беа преполни со посетители, а забавата која започна во 19 часот со настапот на Рок Блуз бенд, продолжи со настапите на Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Дивље Јагоде, за да кулминира со енергичниот настап на Брас Брадрс. На алтернативната сцена свои дј сетови имаа Dj Anna Noodle и Dj Lili Diva.

Денес се очекува и најмасовна посетеност на фестивалот. Бројот на посетители досега е големо изненадување и според организаторите далеку над сите очекувања и прогнози за првите два дена.

Со вчерашниот настап на Дивље Јагоде и денешниот на Хара Мата Хари, веќе во градот може да се забележат и гости од регионот.

Втората вечер помина во најдобар ред, без никави проблеми, а сабајлево градот блесна во сиот сјај, подготвен да ги пречека сите кои од рано утрово пристигнуваат во Прилеп, а со тоа ги потврдуваат и очекувањата за голема посетеност денеска. Обезбедени 12.000 паркинг места, а во центарот на градот има изменет режим на сообраќај.

Вечерва, програмата на главната сцена почнува во 18 часот, со настапот на DJ Вера Јанковиќ, а продолжува со Суперхикс, Ламбе Алабаковски, Лозано, Некст Тајм и Хари Мата Хара, додека на алтернативната сцена свои Dj сетови ќе имаат Dj Mitrik, Dj Dimitr, Dj Alexander од ROOMMANIA.

Пратеник од Велес му искара се по список на својот колега сограѓанин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски на својот ФБ профил напиша статус кој вечерва вирално се шири на социјалните мрежи. Статусот е всушност упатен кон пратеникот на СДСМ од Велес, Ненад Коциќ, кој за време на собраниската седница при една реплика го прозвал Здравковски со тврдење дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ имал бугарски пасош.

– Абре ѓубре расипано, олицетворение на гнојот и црното под ноктите… Идиот и дебил како тебе втор не се раѓа! Идиот како тебе дури и земјата не знам како го трпи! Сакаше да бидеш градоначалник изгуби како никој досега! Сакаше да бидеш претставник на народот, а дома, во комшии и сегде низ градот изгуби! Кажи бе изроду еднаш машки кој има бугарски пасош, не да се криеш зад говорницата мамицата твоја! Биди маж, биди достоен, биди Македонец а не како лингур да се криеш зад имунитетот! Торлак, над торлаците, гангрено бедна дебилна… Биди еднаш велешанец, оти ние велешаните сме потомци на Гемиџиите, а не дрво без корен како тебе ќутук еден, изрод еден!, напиша Зравковски.

Прилепчанец и битолчанец се пpecметале во центарот на Прилеп

Од билтенот со дневни настани на МВР

-На 15.07.2022 на ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп полициски службеници од СВР Битола–ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Т.К.(46) од Битола и Б.К.(48) од Прилеп затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 14.07.2022 во ОВР Прилеп, Б.М.(51) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орде Чопела“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Битолчанец yaпceн на улица “Прилепска” – Kpaдел велосипед, па ја нападнал сопственичката

На 14.07.2022 во 10.00 часот на ул.„Прилепска“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.Б.(20) од Битола.

Тој се сомничи дека околу 02.30 часот со метален предмет ја нападнал И.И.(68) од Кичево. Според пријавеното, И.И. го забележала Б.Б. како претура во метален шкаф пред влезната врата од нејзиниот дом, кој потоа ја нападнал со метален предмет, по што одзел велосипед и побегнал.

И.И. била пренесена во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош, а по преземени мерки Б.Б. бил пронајден и лишен од слобода и од него биле одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Видо) Билатералните прашања со Бугарија немало да бидат во преговорите и да сме биле горди на СДСМ”, порача прилепскиот пратеник

Видно изнервиран, пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски денеска од собраниската говорница порача дека билатералните прашања со Бугарија немало да бидат дел од преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Taлевски викаше на цел глас….”Бидете горди на СДСМ, бидете горди на Македонија”….

Голем солистички концерт на Јордан Митев во Битола

На 20-ти јули во Битола, голем солистички концерт ќе одржи фолк пејачот Јордан Митев.

Гости на вечерта ќе бидат Марјан Коцев и Демир Кантуровски со неговиот блех оркестар УСКА КАН од Берово.

Митев е еден од ретките македонски фолк пејачи, кој, освен што е комплетен автор на сите досегашни негови хитови, повремено има и големи солистички концерти по македонските градови, но и надвор од Македонија.

Концертот ќе се одржи на ракометното игралиште, со почетокот во 21:00 часот. Влезниците се пуштени во продажба на две места во градот, на касата на ракометното игралиште и во кафе „Пајтон“.