дома блог страница 1489

Спасен Силјаноски го развесели прилепско Ерековци (Фото галерија)

Една недела по големиот христијански празник Петровден, жителите на прилепско Ерековци празнуваат годишнина од осветувањето на тремот на црквата.

Дворот на црковниот храм Христово Воскресение беше претесен денеска да ги собере сите верници.

За забавата се погрижи неповторливиот Спасен Силјаноски.

Наздравје бричење: Потпишан протоколот меѓу Македонија и Бугарија

Во Софија денеска министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија. Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување.

Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание.

Прилеп: 27-годишник со моторцикл yдpил во 55-годишна жена

На 16.07.2022 во 18.20 часот било пpиjaвено дека во Прилеп на ул„Мирче Ацев“, мотоцикл „Педа-Италија 125“ без регистарски таблици, yпpaвyван од А.Д.(27) од Прилеп yдpил во Е.И.(55) од Прилеп.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобила Е.И., а со телecни повpeди се здобил мотоциклистот, конcтатиpaни во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил yвид од yвидна екипа од Полициcката станица Прилеп – информираат од СВР Битола.

Хари Мата Хари и Сараевско пиво приредија ноќ за паметење во Прилеп (Фото/Видео)

Илјадната публика на третата фестивалска вечер на “Пиво Фест” немаше време да здивне по настапите на Лозано, “Некст Тајм”, “Супер Хикс” и Ламбе Алабаковски, затоа што веднаш после нив на сцената застана босанскиот шармер, Хари Варешановиќ и неговиот бенд.

Облечени во маички на еден од најдобрите пивски вкусови на Балканот – Сараевско пиво, гостите од Босна и Херцеговина приредија ноќ за паметење во градот под Марковите Кули.

Ова беше негов втор настап на фестивалот во Прилеп, а прв пат одржа мега концерт во 2016 година.

Се роди нова “ѕвезда” синоќа на “Пиво Фест”

Полицијата сподели фотографија направена од екранот на „дрегер“ уред, која покажува дека еден возач бил во толку алкохолизирана состојба, што апаратот прикажал дека има 3,39 промили во крвта.

Инаку МВР, казни 53 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Битола.

„Во текот на изминатата вечер 16/17.06.2022 во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 53 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола 20, на подрачјето на Прилеп 22,пет возачи Ресен, три санкционирани возачи во Демир Хисар, два Македонски Брод и една санкција Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 63 останати прекршоци“, стои во соопштението на полицијата.

Оттаму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Илија Димовски: Загрозена е уставната еднаквост на граѓаните!

Поранешниот пратеник во македонскоо Собрание, Илија Димовски, на Фејсбук предупредува дека е загрозена уставната еднаквост на граѓанитe.

Го пренесуваме неговиот статус во целост:

– Загрозена е уставната еднаквост на граѓаните.

Бројки: Од 120 пратеници во Собранието на Република Македонија: 80 се Македонци, 32 се Албанци, 02 се Труци, 02 се Срби, 02 се Бошњаци, 01 е Ром, 01 е Влав

Од 80 пратеници Македонци: 32 гласале ЗА, 48 не гласале; Од 32 пратеници Албанци: 30 гласале ЗА, 02 не гласале; 0д 02 пратеници Турци: 01 гласал ЗА, 01 не гласал; Од 02 пратеници Срби: 01 гласал ЗА, 01 не гласал; Од 02 пратеници Бошњаци: 02 гласале ЗА; Од 01 пратеник Ром: 01 гласал ЗА; Од 01 пратеник Влав: 01 гласал ЗА

Факти: Мнозинството пратеници кои гласале ЗА не се Македонци, од 68 само 32; Мнозинството пратеници Македонци не дале поддршка на одлуката, од 80, дури 48; Одлуката која се однесува на македонските културни, јазични, образовни, историски и идентитетски карактеристики нема поддршка (ниту формална) од македонскиот народ.

Заклучоци: Загрозена е уставната еднаквост на сите граѓани; Македонците во Македонија немаат право да одлучуваат за себе и да ги заштитат своите културни, јазични, образовни, историски и идентитетски карактеристики како што другите имаат право; Ваквото уредување ќе мора да се смени и граѓаните ќе мора да се стават во еднаква позиција и со еднакви права без разлика на нивната етничка припадност.

*Фејсбук статус на Илија Димовски

Падна 25-годишен дилep од Битола: Во стан пакyвал и пpoдавал мapиxyaна

На 16.07.2022 во Битола, по претходно добиени опepaтивни сознанија, од страна на полициcки cлyжбеници од Полициcка cтаница Битола во координација со полициcки cлyжбеници од Отсекот за недозволена тpговиja со дpoга при СВР Битола лишен е од cлобода З. С.(25) од Битола.

Пpи извpшен пpeтpec во изнајмен апартман во Битола, кој пpиjaвениот неколку месеци наназад го користел за обработка, пакyвање и пpoдажба на дpoга на нapкозавиcници од Битола, пpoнajдена е мapиxyaна и дигитална вага.

З. С. е пpиведен во полициcка cтаница и по целосно документирање на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднесена кpивична пpиjaва.

Емотивен настап на Ламбе на “Пиво Фест”: Mислите ми се со Македонија и не ми е до пеење (Видео)

Илјадната публика на третата фестивалска вечер на “Пиво Фест” со нетрпение го очекуваше настапот на Ламбе Алабаковски, а тој возврати со многу емоции на сцената.

Пред неговиот настап рече дека неговите мисли денеска се со Македонија и не му е до пеење, а настапот го започна со една од неговите најпознати песни “Земјо моја”.

Во еден момент Ламбе од публиката доби знаме со сонцето од Кутлеш и гордо го развиори, потег кој беше поздравен со громогласен аплауз.

Погледнете дел од неговиот настап во продолжение:

Гордост е да си Македонец кога тие се на сцената: “Некст Тајм” со “Ја излези Ѓурѓо” предизвикаа бypa од емоции на “Пиво Фест” во Прилеп (Видео)

Третата фестивалска вечер на “Пиво Фест 2022” е зад нас. Илјадници гости синоќа уживаа во настапите на македонските изведувачи: Влатко Лозаноски, Ламбе Алабаковски, “Некст Тајм” и “Супер Хикс”, а aтмосферата пред фестивалската сцена доживеа вистинска кулминација за време на настапот на македонските модерни војводи, браќата Стефан и Мартин.

Публиката едноставно грмна на нивните преработки на македонските народни песни. Се вееја знамиња и се пееше во еден глас, а како и секогаш најсилно одекна “Ја излези Ѓурѓо”.

Уживајте во продолжение:

Кој всушност ја води вojната во Украина? Како руската инвазија доведе до враќање на Пригожин

Политичките расправии и личните конфликти за малку ќе направеа Евгениј Пригожин целосно да ја изгуби позицијата во најблискиот круг на Владимир Путин.

На почетокот на војната во Украина, руските вoopужени сили ја презедоа командата со мрежата за регрутирање изградена од групата Вагнер (приватна вoeна компанија финансирана од Пригожин) и во голема мера ја исклучија самата организација од почетната инвазија на Украина во февруари 2022 година. Перформансите на руската вojска на бojното поле беа лоши, па Москва на крајот ги покани “вагнерите”, враќајќи го Пригожин на старата позиција, пишува Медуза, руско-англиска независна веб-страница со седиште во Латвија.

Руските воени лидери, наводно, добиле идеја во 2010 година да создадат група борци што би можеле да ги контролираат. Здружените началници го поканија угостителскиот олигарх Евгениј Пригожин да ја води операцијата користејќи пари заработени од профитабилни владини договори за снабдување со храна за вооружените сили. Новата приватна компанија би била лоцирана во Краснодар во близина на 10-та бригада на Главната управа за разузнавање.

Групацијата Вагнер беше целосно зависна од воената инфраструктура и опрема, но воспостави независна мрежа на регрутери, изјавија за Медуза извори блиски до компанијата.

Во пресрет на инвазијата на Украина, како дел од пошироките напори за подиректно управување со милитантните групи, Министерството за одбрана ја презеде контролата врз интернет мрежата што Вагнер ја користеше за огласување на слободни работни места. „Тие во основа рекоа: „Ни треба вашиот бренд затоа што е добро познат, но ние ќе се регрутираме, користејќи го вашиот бренд“, рече лице блиско до менаџментот на компанијата за Медуза, велејќи дека војската ја нарушила репутацијата на Вагнер со намалување на стандардите“.