дома блог страница 1488

Несторо pacтypa на припремите за Удинезе: После двата погодоци против Унион Берлин, сега и хет-трик

Како што изгледа ова ќе биде сезона на Илија Нестровски во Удинезе.

Ако пред два дена им даде два гола на Унион Берлин, вчера прилепчанецот стрелаше три пати, за хет-трик на пријателската против словенечка Илирија.

Несторовски повторно натпреварот го започна од клупата, а во игра влезе на почетокот од вториот дел. Сите посакуваме оваа форма да го држи преку целата сезона во Сериа А и да полне мрежи на сите терени низ Италија.

Моменти за вечно сеќавање: “Меморија”, Ристо Самарџиев и антологиската “Дирлада” пред илјадна публика во Прилеп (Видео)

Финалето на 18-то издание на “Пиво Фест” не можеше да помиме подобро.

Легендарните “Меморија” заедно со Ристо Самарџиев и антологиската “Дирлада”, моменти кои ќе останат во вечно сеќавање.

Уживајте во продолжение:

Победа ги претстави првите две засилувања за новата сезона во Прва лига

Победа ги претстави првите две засилувања за новата сезона во Првата лига

По повеќедневните тренинзи со екипата и настапите на контролните средби со Брегалница и Работнички Стручниот штаб даде зелено светло за ангажман на Христијан Коцев. Станува збор за 22-годишен фудбалер кој настапува по левата страна и може да одговори како на дефанзивните така и на офанзивните задачи.

Коцев во Победа доаѓа од прволигашот Македонија Ѓорче Петров, претходно настапувал за Осогово и Кораби, а на преминот од младински во сениорски фудбал за Кадино. Минал низ школите на Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Металург.

Искусниот дефанзивец пак Методија Тоше Делов, е 29-годишен централен дефанзивец кој се очекува да биде еден од столбовите на одбраната на прилепските црвено-бели во повратничката прволигашка сезона.

Делов во Победа доаѓа од прволигашот Тиквеш, а во кариерата настапувал Кожуф и Вардар Неготино, како и една сезона како интернационалец во Бугарија.

Тој од првиот ден е во тренажниот процес со своите нови соиграчи под надзор на тренерот Бабунски и настапи на двата контролни натпревари со Брегалница и Работнички.

Во следните денови Победа ќе ги објави и останатите свои засилувања во сите линии на тимот.

Мицкоски: Ќе собираме 150 илјади потписи за референдум за да ја собориме бугаризацијата и асимилацијата, повикувам на обединување

Продолжуваме и понатаму да се бориме, нема застанување. Периодов кој што е пред нас, практично овие недела две планирам да излезам со предлог пред ИК на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско изјаснување со собирање на 150.000 потписи, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Мицкоски додаде дека граѓаните треба да излезат на референдум и да се изјаснат дали ја поддржуваат или не капитулацијата на Владата.

– И ценам дека граѓаните треба да си го дадат своето мислење односно треба да излезат на референдум и да кажат дали се ЗА или НЕ СЕ ЗА овие измени кои што Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација. Но, да излеземе најпрвин како партија со став, па тогаш ќе има повеќе детали јавноста, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа е следната иницијатива која што планира да ја предложи на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да отпочнеме иницијатива за собирање на 150.000 потписи и да направиме референдусмко изјаснување на граѓаните, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика граѓаните дека треба да се обединат против лошите политики на власта. Тоа што го потпишал Османи денеска не значи дека е се завршено.

Ежење! Младите македонски кошаркари покажаа како се пее државната химна (Видео)

Многу емоции и пркос кај македонските кошаркарски репрезентативци до 20 години пред победата на мечот со Австрија кој го добија со 90-54.

Ова е вистинска емоција и љубов кон татковината:

Ги освои срцата на илјадната публика, а таа му возврати со ѕвездено небо: Лозано блескаше на фестивалската сцена на “Пиво Фест” (Фото галерија)

Македонскиот шармер Влатко Лозаноски синоќа имаше извонреден настап на “Пиво Фест” во Прилеп.

Илјадната публика уживаше во неговите најголеми музички хитови и пееше во еден глас со него.

Едноставен со блескав глас и секогаш сакан од публиката. Тоа се докажа и синоќа, кога Лозано по којзнае кој пат ги освои срцата на публиката, а таа му возврати со ѕвездено небо.

Ќумбев: “Денешново пpeдaвcтво ќе ви виcи над глава, ќе немате мир и ќе изгубите кaтacтpoфално на следните избopи”

Поранешниот македонски фудбалер, Панче Ќумбев на Фејсбук се огласи во врска со вчерашното прифаќање на францускиот предлог од страна на Собранието и Владата.

– Јас Панче Ќумбев сум роден Македонец, од татко Македонец,од дедо Македонец од прадедовци Македонци.

Како поранешен спортист секоја минута на зелениот терен ја имам поминато како Македонец,секаде во светот сум ја преставувал Македонија најдобро што можам и умеам.Во сите мои интервјуа и изјави за странски медиуми со гордост сум потенцирал дека сум Македонец.

Така сум роден,така живеам така и ќе умрам, како Македонец и ништо друго.Ништо на светот,никакви договори и предавници нема да го сменат она што сум и она што се моите деца.

Денешното предавство на сопствениот народ ќе ви виси над глава,ќе немате мир. На следните избори ќе изгубите катастрофално а оние што треба да дојдат на ваше место ако не ве осудат за национално предавство ќе ги сметам за ваши соучесници во продавањето на мојата родна земја.

Да живее мајка Македонија и сите Македонци, напиша Ќумбев на Фејсбук.

ЛИНК од објавата.

Пендаровски исвиркан во родниот Галичник: Предавник, не продадовте на Бугарија (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од Галичката свадба каде што присуствуваат членови на Владата и претседателот Пендаровски.

На видеото може да се види и слушне дека граѓаните ги иссвиркаа властите, а се слуша и “никогаш северна само Македонија”.

Во текот на вчерашниот ден Собранието ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата на вонредна седнца го прифати предлогот.

Претседателот Пендаровски го поздрави ваквиот чекор, а честитки стигнаа и од Европската Унија.

Денеска Бујар Османи во Бугарија го потпиша Протоколот со Бугарија, а бугарската МНР Генчовска изјави дека Бугарија не го прифаќа македонскиот јазик и вистински преговори со ЕУ ќе почнат после промена на Уставот за внесување на Бугарите во истиот.

(Видео) Авион кој полетал од Ниш се срушил во Грција: Објавени застрашувачки снимки од очевидци

Авион од типот „Антонов 12“ кој синоќа полетал од Ниш се запалил во воздух, а потоа се урнал во поширокото подрачје на градот Кавала во Грција.

Во товарниот авион во сопственост на украинската компанија за карго транспорт „Меридијан ер карго“ во моментот на несреќата имало осум членови на екипажот.

Министерот за одбрана Небојша Стефановиќ денеска на вонредна прес-конференција изјави дека во авионот имало 11,5 тони opужје „валир“ и дека крајната дестинација е Бангладеш.

– Авионот полета во 20.40 часот. Нарачателот беше Министерството за одбрана на Бангладеш и летот имаше рута. Почна од Србија, а ги имаше сите соодветни дозволи. Загинатите не се државјани на Србија. Стануваше збор за осветлувачки минофрлачки мини и училишни мини – рече Стефановиќ на прашањето што превезувал авионот.

Генчовска открива детали од протоколот кој денеска го потпиша со Османи: Еве што не’ очекува

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска нагласи и дека нема промена во т.н француски предлог и дека преговарачката рамка е таква каква што ни е дадена.

– Овој политички и долг разговор во РС Македонија беше насочен кон нивната јавност, но веќе појаснивме дека нема да има промена – нагласи Генчовска.

Таа потсети дека во денешниот протокол што го потпишаа двете страни има конкретни рокови за што треба да го направи Македонија. Документот, рече таа, ги вклучува четирите барања на бугарската страна – да се решат историските прашања, да се вклучат Бугарите во Уставот, да се стави крај на јазикот на омразата и Македонија да ги отвори досиејата на југословенските тоталитарни комунистички служби (УДБА).

– Навистина, денеска сите бевме сведоци на еден многу важен момент – состанок на втората меѓувладина комисија. На средбата се разговараше за тоа што е сработено во секторските политики, има пет работни групи, беше пријавен напредок и се разговараше за тоа што и кога би можело да се случи во секторите енергетика, транспорт, градежништво, култура итн. Најважниот резултат е потпишувањето на вториот протокол. Содржи исклучително амбициозни краткорочни и долгорочни мерки, кои во пракса имаат за цел да решат голем дел од отворените прашања – рече таа.

Генчовска нагласи дека овој протокол не е документ сам по себе, туку е дел од пакетот на таканаречениот „француски предлог“. Има механизам за следење на неговото спроведување и ги обврзува другите земји-членки да го следат, што според неа, е највредното од т.н француски предлог.

– Како што повеќе пати изјавивме, тоа е составен дел од пакетот на францускиот предлог, мислам на Рамката за преговори и на заклучоците на Советот. Отсега продолжуваме со работата на ниво на експертски групи со колегите од РСМ со цел подобра координација и нивните следни чекори кои се однесуваат на промена на Уставот и вклучување на Бугарите не само во основниот закон, но и во останатиот дел од законската регулатива – рече министерката Генчовска, која му се заблагодари на тимот на МНР за нивната професионална работа.