дома блог страница 1487

(Видео) 120.000 гости на “Пиво Фест” во четирите фестивалски вечери – фестивалот помина без инциденти

По изминатите четири спектакуларни вечери, во Прилеп синоќа заврши најголемиот балкански фестивал на пивото и скарата – Пивофест Прилеп 2022.

Синоќа во Прилеп заврши 18 издание на пивото и скарата Пиво-Фест 2022. Сите четири фестивалски вечери поминаа во весело раположение, со ладно пиво и вкусна скара, со голем број посетители од земјата и странство, во добра организација и незаборавна фестивалска дружба.

На четирите фестивалски денови на двете сцени, главната и алтернативната, настапија над 35 музички имиња, поединци и групи, а беше понудена музика за сечии вкус од различни жанрови.

На фестивалската сцена настапија музички имиња како: “Некст Тајм”, “Супер Хикс”, “Дивље Јагоде”, “Галија”, Влатко Лозаноски, Ламбе Алабаковски, “Меморија”, Хари Мата Хари, ДНК и други.

Според организаторите во четирите фестивалски вечери фестивалот го посетиле над 120.000 гости, а фестивалот поминал без ниту еден инцидент.

Во продолжение проследете ја завршната прес конференција:

Koнцерт на над 1200 метри надморска висина, 300 учесници од 30 градови и уживање на Големото Езеро на Пелистер (Фото)

Дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, беше и еден специфичен настан, кој поврзувајќи ги културата и туризмот, предизвика голем интерес, посебно кај вљубениците во планината, кои дојдоа да ја почувствуваат убавината на најакустичната природна сцена на Големо Езеро на Пелистер, на 2218 мнв.

Организатор на „Високо под ѕвездите“ е ПСК Олимпус Монс во соработка со Општина Битола, а настанот започна вчера со искачување од Нижеполе, од 1200 метри надморска височина, се до Големо Езеро, каде се искачија над 300 учесници, од 30 градови низ државата, кои имаа можност да уживаат во целовечерен музичко – сценски настан, придружуван со настапот на Сити Бенд.

Тоа што остави дополнителен впечаток од овој настан беше и несекојдневната можност преку телескопот на астрономот Радан Митровиќ да се набљудуваат Месечината, како и планетите Јупитер и Сатурн.

Магијата продолжи до раните утрински часови кога од Врвот Ветерница се набљудуваше изгрејсонцето над Големо Езеро на Пелистер.

Бензините поевтинуваат дури за 1,5 денари

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот и понатаму ќе остане иста, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

Тој посочи дека намалувањето на цените ќе беше поголемо доколку не се зголемеше курсот на доларот во однос на денарот.

Од РКЕ потврдуваат дека предлог цените кои треба да се донесат на седница предвидуваат намалување на цената на бензините и најавуваат дека новите цени ќе бидат објавени денеска околу 12:30 часот на веб-страницата на Регулаторната комисија.

Со последната одлука што ја донесе РКЕ во петокот на 15 јули цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 102,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 се продава за 104,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100, а Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) за 98 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС изнесува 50,903 денари за килограм.

MВР заедно со родители им појде на младите по кафулиња и паркови во Охрид (Фото)

Синоќа (16.07.2022) Секторот за внатрешни работи Охрид ја отпочна превентивната кампања „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од Секторот за образование при локалната самоуправа како и на Центарот за социјални работи, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2022“, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.

Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања.

Целта на кампањата е преку широка општествен аакција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби, пред се од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Кампањата, овој месец ќе се спроведе и во другите населени места што ги покрива СВР Охрид.

Горивата изгop, па капак и ова: Од денеска стартуваа со работа уште две патарини во Македонија

Од денеска изутрина ставени се во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци- Штип.

На наплатните рамки, како што најави Јавното претпријатие за државни патишта, целосно ќе функционира електронскиот систем за наплата на патарина.

Оттаму во четвртокот информираа дека првите две ленти од десно ќе бидат за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката.

Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини и ги изгради актуелната власт откако претходно автопатот го изгради „режимот на Груевски“, односно претходната власт во Македонија.

Игор ја посети куќата во Прилеп каде после скопскиот земjoтpec живеел со семејството: “Во оваа куќа проодев” (Видео)

Игор Џамбазов кој викендов беше водител на “Пиво Фест” во Прилеп, ја посети и куќата каде после земjoтpecот во Скопје живеел кратко со неговото семејство.

Како што вели Игор, во оваа куќа во старото турско маало во Прилеп проодел.

Несторо pacтypa на припремите за Удинезе: После двата погодоци против Унион Берлин, сега и хет-трик

Како што изгледа ова ќе биде сезона на Илија Нестровски во Удинезе.

Ако пред два дена им даде два гола на Унион Берлин, вчера прилепчанецот стрелаше три пати, за хет-трик на пријателската против словенечка Илирија.

Несторовски повторно натпреварот го започна од клупата, а во игра влезе на почетокот од вториот дел. Сите посакуваме оваа форма да го држи преку целата сезона во Сериа А и да полне мрежи на сите терени низ Италија.

Моменти за вечно сеќавање: “Меморија”, Ристо Самарџиев и антологиската “Дирлада” пред илјадна публика во Прилеп (Видео)

Финалето на 18-то издание на “Пиво Фест” не можеше да помиме подобро.

Легендарните “Меморија” заедно со Ристо Самарџиев и антологиската “Дирлада”, моменти кои ќе останат во вечно сеќавање.

Уживајте во продолжение:

Победа ги претстави првите две засилувања за новата сезона во Прва лига

Победа ги претстави првите две засилувања за новата сезона во Првата лига

По повеќедневните тренинзи со екипата и настапите на контролните средби со Брегалница и Работнички Стручниот штаб даде зелено светло за ангажман на Христијан Коцев. Станува збор за 22-годишен фудбалер кој настапува по левата страна и може да одговори како на дефанзивните така и на офанзивните задачи.

Коцев во Победа доаѓа од прволигашот Македонија Ѓорче Петров, претходно настапувал за Осогово и Кораби, а на преминот од младински во сениорски фудбал за Кадино. Минал низ школите на Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Металург.

Искусниот дефанзивец пак Методија Тоше Делов, е 29-годишен централен дефанзивец кој се очекува да биде еден од столбовите на одбраната на прилепските црвено-бели во повратничката прволигашка сезона.

Делов во Победа доаѓа од прволигашот Тиквеш, а во кариерата настапувал Кожуф и Вардар Неготино, како и една сезона како интернационалец во Бугарија.

Тој од првиот ден е во тренажниот процес со своите нови соиграчи под надзор на тренерот Бабунски и настапи на двата контролни натпревари со Брегалница и Работнички.

Во следните денови Победа ќе ги објави и останатите свои засилувања во сите линии на тимот.

Мицкоски: Ќе собираме 150 илјади потписи за референдум за да ја собориме бугаризацијата и асимилацијата, повикувам на обединување

Продолжуваме и понатаму да се бориме, нема застанување. Периодов кој што е пред нас, практично овие недела две планирам да излезам со предлог пред ИК на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско изјаснување со собирање на 150.000 потписи, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Мицкоски додаде дека граѓаните треба да излезат на референдум и да се изјаснат дали ја поддржуваат или не капитулацијата на Владата.

– И ценам дека граѓаните треба да си го дадат своето мислење односно треба да излезат на референдум и да кажат дали се ЗА или НЕ СЕ ЗА овие измени кои што Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација. Но, да излеземе најпрвин како партија со став, па тогаш ќе има повеќе детали јавноста, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа е следната иницијатива која што планира да ја предложи на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да отпочнеме иницијатива за собирање на 150.000 потписи и да направиме референдусмко изјаснување на граѓаните, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика граѓаните дека треба да се обединат против лошите политики на власта. Тоа што го потпишал Османи денеска не значи дека е се завршено.