дома блог страница 1486

Апceње кај сала “Македонија” во Прилеп: Лишени од cлобода тројца млади прилепчани

На 18.07.2022 на паркинг просторот од сала „Македонија“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода П.А(30), А.М.(26) и С.Л.(24), сите од Прилеп.

Kaj нив биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Од СДСМ честитаат: Денеска нашата татковина започнува преговори со ЕУ

После 17 години чекање, денеска нашата татковина започнува пристапни преговори со ЕУ! Ова е историски ден и нов голем успех за сите наши граѓани.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски ја предводи македонската владина делегација во Брисел која во Советот на ЕУ ќе уечствува на првата меѓувладина конференција.

Советот на Европската Унија синоќа даде зелено светло Северна Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ а официјално преговорите за полноправно членство започнуваат токму со денешната меѓувладина конференција.

Она што за македонскиот народ е особено важно, почнуваме преговори со ЕУ како Македонци, со заштитен македонски јазик, идентитет, историја, култура и посебност.

Честитки до сите граѓани! Македонската иднина е европска!

СДСМ

Изгyбен е 55-годишен прилепчанец

На 17.07.2022г. во 13:00часот во ОВР Прилеп, Д.Б.(44) од Прилеп пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг Г.Б. (55).

ОВР Прилеп презема мерки за пронаоѓање на лицето – информираат од СВР Битола.

Има само 16 години, доаѓа од Индија, ги брани боите на Прилеп и прави чуда на Европските и Светски шаховски купови

Домарају Гукеш е 16-годишен шахист кој е член на прилепскиот шаховски клуб “Прилеп”. Гукеш стана третиот најмлад играч во историјата кој постигнал рејтинг од 2.700.

Младиот Индиец од минатата сезона е дел од прилепскиот шаховски клуб, а во последниот период бележи огромни успеси.

„Честитки до 16-годишното индиско шаховски чудо Гукеш што стана третиот најмлад играч во историјата што преминал 2700! Прилеп е горд што во своите редови го има ова чудо од дете. Заедно со Гукеш го освоивме четиринаесетто место во Европа, а тој на првата табла на ШК Прилеп освои златен медал. Ден за паметење и историја“, велат од редовите на прилепскиот клуб.

На последниот Европски клупски Куп кој се одржа во Струга, Гукеш заврши како најдобар од сите 277 учесници, иако на стартот од натпреварувањето беше рангиран на 42. место.

На Светското првенство во Варшава, кое што се одржа минатата година, Гукеш одново имаше фантастичен настап и го подели петтото место со само половина поен помалку од шампионот Карлсен.

По потпишување на Протоколот, Бугарија објави Декларација: Го заштитивме бугарскиот национален интерес

По вчерашното потпишување на билатералниот протокол помеѓу Македонија и Бугарија, бугарската влада денеска објави декларација во која се вели дека двете влади покажале храброст и политичка волја за надминување на несогласувањата.

Бугарската страна е среќна со тоа што се заштитуваат правата на Бугарите во Македонија, но и бугарскиот национален интерес. Во документот се наведува дека почнува нова страница во односите меѓу двете земји и народи, кои ќе ги постави основите за взаемна доверба и почитување, ќе ги зајакне врските во сите области и уште повеќе ќе ги зближи луѓето од двете страни на границата.

„Без граници меѓу нас, но со почит едни кон други. Тоа е европски начин да се развиваме заедно. Немаме илузија дека со тоа сите проблеми меѓу двете држави се решени. Но вие веруваме дека веќе имаме јасна основа, изградена врз едвропски вредности и принципи, врз основа на кои ќе ги решаваме меѓусебните прашања“, стои во писмената декларација од Софија.

Инаку, Екатерина Захариева, пратеничката на ГЕРБ во изјава за БНТ посочи дека најважно е што Бугарија и натаму не го признава македонскиот јазик.

Рекордни температури и денес се очекуваат во Западна Европа

Западна Европа денеска се соочува со уште потопол бран, а во Франција и Велика Британија се издадени предупредувања за екстремно топло време додека северна Шпанија регистрира температура од 43 степени.

Во исто време шумски пожари беснеат во Франција, Португалија, Шпанија и Грција, а дел од жителите се евакуирани.

Денеска се очекува да биде најтоплиот ден во Велика Британија, а експертите велат дека делови од Франција се соочуваат со „топлотна апокалипса“.

Во неколку делови од Франција забележани се рекорди температури, а за Нант забележани се 42 степени, соопшти националната метеоролошка служба.

Шумските пожари во последните денови приморале над 30.000 луѓе да ги напуштат своите домови, а поставени се засолништа за итни случаи за евакуираното население.

Се предвидува температурите малку да опаднат, но тоа нема да донесе олеснување додека траат сувите услови и променливите ветрови.

Во Шпанија и Португалија над 1.000 смртни случаи се препишани на високите температури изминативе денови. Во Португалија во четвртокот температурите достигнаа 47 степени, што е рекорд за јули.

Фронтменот на “Меморија” на “Пиво Фест” во Прилеп: “Добро вечер Македонијо, ама не северна – Никогаш!” (Видео)

Македонските музички легенди од групата “Меморија” синоќа со спектакуларен концерт предизвикаа бура од емоции на последната фестивалска вечер на “Пиво Фест” во Прилеп.

Илјадниците во публиката уживаа во безвременските хитови, а најмоќни беа изведбите на “Оган под ѕвездите”, “Дирлада”, “Македонија”…

Toкму после изведбата на антологиската “Maкедонија” од Дадо Топиќ, фронтменот на “Meморија”, Апостол Икономов- Поце, ја наелектризира публиката кога рече: “Добро вечер Македонијо, ама не северна, никогаш”.

Захариева: Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, историските прашања се дел од преговарачката рамка

Пратеничката на ГЕРБ, Екатерина Захариева посочи дека со потпишувањето на протоколот, историските прашања се дел од преговарачката рамка, заедно со санкционирањето на говорот на омраза и другите бугарски барања. Според неа, најважно е што, Бугарија и натаму не го признава македонскиот јазик и истиот го нарекува „официјален јазик според Уставот“. Нејзиниот коментар е даден за бугарскиот медиум „БНТ“.

-Важно е да се каже дека со ова одобрение не го признаваме македонскиот јазик, туку продолжуваме да ја користиме формулата воведена од 1999 година, официјален јазик според уставот на државата. Дополнително, нашите барања за прекин на говорот на омраза, зајакнување на билатералната соработка и спроведување на одлуките на историската комисија, вклучување на Бугарите во уставот на РСМ, стануваат дел од преговарачката рамка, посочи Захариева.

Таа бара, како што вели, „да се смират страстите во Македонија“.

-Се надевам дека малку ќе се смират страстите во Македонија. Не малку, туку многу треба да се смират. Видовме што се случува таму, видовме голема тензија, видовме не само антибугарско , антиевропска, анти-НАТО реторика.Се вратија од реториката од пред 30 години. Не се чини дека сакаат да бидат членки на ЕУ, иако тоа беа протести организирани од партија која е во опозиција. Малку и помага и на Бугарија, која отсекогаш велеше дека треба да се реформираат дури и за да започнат преговори, бидејќи ќе биде штетно за РСМ и за ЕУ ​​ако не направат адекватна проценка на минатото и не почнат да гледаат напред, ако не се демократизираат, рече Захариева.

За македонскиот јазик, Захариева уште еднаш посочи: „Тој има разлики, но е напишан ’45 година, на основа на бугарскиот дијалект.

Лажно се претставувал како вработен во УЈП и наплаќал долгови од фирми

Управата за јавни приходи известува дека изминативе денови непознато лице, лажно се претставувало дека работи во Управата за јавни приходи како одговорно лице за наплата на долгови и барало пари од даночни обврзници со цел да го намали долгот што истите го имале спрема Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи денес дојде до оваа информација, и согласно член 391 од Кривичниот законик веднаш ја пријави оваа случка во Министерството за внатрешни работи во ОВР Кавадарци.

УЈП известува дека задолженијата што даночните обврзници ги имаат (согласно даночните решенија и пријави) и уплатите, преку носителите на платен промет и трезорскиот систем се книжат автоматски.

Само со плаќање на даночниот долг преку носителите на платен промет и трезорскиот систем може да престане обврската на даночниот должник.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да не потпаѓаат под вакви дејствија на поединци.

(Видео) 120.000 гости на “Пиво Фест” во четирите фестивалски вечери – фестивалот помина без инциденти

По изминатите четири спектакуларни вечери, во Прилеп синоќа заврши најголемиот балкански фестивал на пивото и скарата – Пивофест Прилеп 2022.

Синоќа во Прилеп заврши 18 издание на пивото и скарата Пиво-Фест 2022. Сите четири фестивалски вечери поминаа во весело раположение, со ладно пиво и вкусна скара, со голем број посетители од земјата и странство, во добра организација и незаборавна фестивалска дружба.

На четирите фестивалски денови на двете сцени, главната и алтернативната, настапија над 35 музички имиња, поединци и групи, а беше понудена музика за сечии вкус од различни жанрови.

На фестивалската сцена настапија музички имиња како: “Некст Тајм”, “Супер Хикс”, “Дивље Јагоде”, “Галија”, Влатко Лозаноски, Ламбе Алабаковски, “Меморија”, Хари Мата Хари, ДНК и други.

Според организаторите во четирите фестивалски вечери фестивалот го посетиле над 120.000 гости, а фестивалот поминал без ниту еден инцидент.

Во продолжение проследете ја завршната прес конференција: