дома блог страница 1466

(Видео) Македонецот кој беше спасен по 18 часа од водите на Егејско море: “Тоа беше најлошиот роденденски подарок”

Скопјанецот Иван беше еден од спасените Македонци, кои исчезнаа минатиот месец на отворено море на Халкидики, па сега ја раскажа неговата приказна за преживувањето.

„Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок. Најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето. Ја најдов топката во морето и допливав кон неа и ја држев со раце. Таа беше малку издишана. Беше разочарувачки“, вели Иван.

Иван кажа дека тоа бил најлошиот роденденски подарок и се обидува да го заборави тоа што се случило, иако никогаш нема да може.

Од морето беше спасен и неговиот пријател Васил, додека потрагата по Мартин Јовановски беше прекината пред десетина дена.

Николоски: Споменот на паднатите херои на Карпалак е вечен – генерации да се сеќаваат како се бранеше и се одбрани Македонија

Тука сме денес да оддадеме почит на хероите коишто бранејќи ја Македонија, независноста, целовитоста, унитарноста на Македонија во 2001 година ги дадоа своите животи на Карпалак. Нивниот спомен е вечен, тоа е спомен кој што ќе остане векови пред нас, генерации да се сеќаваат како се бранеше и се одбрани Република Македонија, но во исто време тоа е и завет за иднината, за следните генерации да го продолжат нивното дело да се гради Македонија како просперитетна, суверена, самостојна, економски стабилна држава, да се гради Македонија како напредна држава. Така што денес затоа сме тука да оддадеме почит и да кажеме слава им на овие херои, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Дозволете ми во оваа прилика зборувајќи за стабилна, напредна и економски просперитетна Македонија, но и Македонија во која што ќе има функционална правна држава и функционален систем на владеење на правото уште еднаш да отворам една тема која што е многу актуелна во Прилеп, а тоа е поврзана со безбедноста на Прилеп и на прилепчани. За жал градот се претвори град од див запад, град во кој што царува мафијата, која што е во спрега со ониe со кои што треба да го спроведуваат законот, мафијата која што не само што не е созбиена од полицијата, туку е во соработка со истата. Поминуваат недели од некои случаи, дури и месеци без да се откријат сторителите на запалените возила тука во Прилеп, пред се тука мислам на пратеникот Петар Ристески, кој што е денес до мене, исто така на директорот на јавното претпријатие, исто така на вработена во општината и бројни други случаи за коишто чаршијата во Прилеп гласно заборува, ама ете надлежните органи никако да ги откријат, истакна Николоски.

Ги повикувам да ги откријат затоа што добро знаеме сите кои се. После промената на власта секако дека ќе бидат и откриени и казнети, но заради безбедноста на градот, добро е да бидат веднаш процесуирани затоа што ниеден криминал нема да биде заштитен, додаде тој.

Прекрасна семакедонска средба во битолско Ношпал за празникот Св. Петка (Видео)

Големиот христијански празник Св. Петка традиционално се одбележува во истоимениот манастир во битолското село Ношпал.

Оваа година кругот на манастирот е претесен да ги собере сите верници и добронамерници кои дојдоа да запалат свеќа, да се помолат и да уживаат во прекрасната македонска песна.

За забавата синоќа се погрижија група “Носталгија” и Татјана Стефановска, а денеска забавната програма продолжи со настап на културно уметничките друштва: КУД “Божилак” (Ношпал, Добрушево), КУД “Новаци”, КУД “Мирче Ацев” (Тополчани) и КУД “Гоце Делчев” (Битола).

Веднаш по нив забавата продолжи со настап на група “Носталгија”, заедно со Оливер Лозаноски и Елена Велевска.

Фатен кpaдец од прилепско Големо Коњари: Укpaл пapи од сместувачки објект во Охрид

На 07.08.2022 година во 12.45 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Д.(51) од прилепското село Големо Коњари.

По пријава од малолетник од прилепското село Големо Коњари, тој бил затекнат непосредно по извршена кражба на пари од сместувачки објект во Охрид.

Парите се пронајдени и вратени на оштетениот, а против сторителот, кој бил приведен во полициска станица, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Големо намалување на цените на гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80% во однос на одлуката од 5.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,569%, кај дизелот за 2,117%, кај екстра лесното масло за 2,960% и кај мазутот намалување за 1,402%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг и сега ќе изнесува 52,786 ден/кг.

Од 9.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм)

На 12 години останал сирак, животот му помина во аргатување, загина на пат за Карпалак

Марко Деспотоски е роден на 28 септември 1973 година во прилепското село Новоселани. Деспотоски на 12 години останал сирак, и оттогаш бил постојано со својот дедо.

Работел за двајцата во селото разни аргатски работи за да донесе парче леб. Една година пред војната 2001 година, Деспотоски ги пасел селските крави и така заработувал за себе и за својот дедо, но и за мајка му, која живее кај својата сестра во Скопје.

Сиромаштијата била постојано присутна во трошното куќарче во Новоселани, но Марко се надевал дека еден ден ќе спечали некоја паричка и ќе се ожени, ќе оформи семејство и тој, како што оформија неговите три браќа и две сестри, кои одамна веќе не живеат во селото.

Пред неколку години неговиот дедо кажа дека уште од 15 години работел како аргатче по селото, и дека така му помина животот, со мака, со аргатување.

-Имаше златен табиет, но среќа никаква. Дојде еден ден и кај нив човекот што носи позиви, влезе во дворот и вели:„Во селото донесов многу позиви, но сите ги вратија. Ти размисли што ќе правиш. Знаеш што те чека ако ја примиш, ама и што ти следува ако не ја примиш“. Јас седев под крушката и не реков ништо, не се помешав. Марко малку се подума и му вели:„Тие што ги вратиле имаат луѓе што ќе ги заштитат. Јас немам никого, јас сум сиромав, мене ќе ме закачи казната”. Ја зеде поканата и уште истиот ден замина во Прилеп. Потоа неколку дена беа на Криволак и дури беа таму два пати си дојде дома. Тоа беше за последно со дедо му Тренко. На 8 август 2001 година замина за Тетово и уште пред да стигне таму – го убија на пат кај Карпалак. Јас не верував ова да беше војна. Ова беше предавство, само што сиромашните не знаеја дека е предавство, па се јавуваа на позивите. Ниедно дете на побогат човек не загина, само сиромашните одеа и гинеа. За големите столчиња ми загина внучето, вели дедо му Тренко. Дедо му Тренко, кои имал 88 години кога му загина внучето, вели дека Марко просолзил кога курирот му ја даде поканата. Дојде кај него и му вели:Дедо ние сме сиромашни, ќе ме затворат ако ја вратам, мора да одам! Отиде и не се врати. Како што отидоа и не се вратија и децата на богатите. Но, тие отидоа во странство, а внук ми во црната земја новоселска – велеше неговиот дедо.

30 возачи на моторцикли санкционирани на територијата на СВР Битола, два моторцикли одземени

Во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 30 возачи.

Од нив, 17 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, пет возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Денеска е Cв. Петка – еве што споpeд нapoдните вepyвања не cмee да се пpaви на овoj ден

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого.

Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

На тој ден се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома.

Порано жените верувале дека на утрешниот ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за на жените да не им трнат рацете преку цела година.

21 годинa болка и сеќавање: Вечна слава на паднатите xepoи од Карпалак

21 години од загинувањето на десетмината херои, 21 години непребол и солзи за прилепчаните кои 2001-та загинаа свирепо. Прилеп се сеќава…

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет армиски припадници:

Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.

Тој ужасен ден, кога мајките ги загубија своите синови, кога сопругите останаа без своите сопрузи, а децата плачеа по своите таткоци, ќе остане вечно во сеќавање на овој град и овој народ, како кобен ден, ден на болка и тага за Прилеп и Македонија.

Градот херој на своите храбри синови им се оддолжи со монументално дело во центарот на градот, спомен обележје кое вечно ќе потсеќа на нивните прерано згаснати животи.

(Видео) Појачавме со тенковиве за Украина, пуштивме уште четири во бopба

Уште еден конвој со тенкови од Македонија тргнал кон Украина.

Според информациите на КУРИР, на 03.08.2022 во 19:10 часот се забележани четири тенкови кои се пренесуваат во нов конвој од Македонија кон Украина.

– Видеото погледнете го ТУКА.

Министерството за одбрана и Армијата на Македонија кон крајот на минатиот месец потврдија дека и се донирани тенкови на Украина, истакнувајќи дека се работи за тенкови од третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, неконкурентни и некомпатибилни.

Од Министерството без да го споменат бројот на донираните тенкови, тогаш за МИА информираа дека дополнително во наредниот период би требало да се трошат и ресурси за уништување на тенковите, што според нив е нецелисходна активност за нашата Армија.

-Согласно донесените Одлуки од страна на Владата на Македонија во неколку наврати донираше воена опрема за Украина во согласност со нивните барања и потреби, а во координација со сојузниците. Македонија како кредибилна членка на НАТО, во линија со сојузниците и партнерите, почитувајќи го територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоодбрана на Украина, притоа строго осудувајќи ја агресијата на Русија на Украина, ги донесе овие Одлуки да упати помош на Министерството за одбрана на Украина, со одредена количина на материјални средства, наведе МО.