дома блог страница 1465

Бајден се мачеше и со јакната (Видео)

Американскиот претседател Џо Бајден се борел подолго време да ја облече јакната, а првата дама морала да му пријде на помош.

По неколку неуспешни обиди да ја облече јакната која постојано му се измолкнувала, сопругата му помогнала, но само неколку моменти подоцна се случила уште една лоша среќа и му испаднале очилата за сонце.

Клипот беше објавен на Твитер со коментар „Бајден не може ни јакна да облече. Ова е само тажно. И станува се потажно“.

Елена Велевска крена на оро и младо и старо во прилепско Полчиште каде традиционално се одбележа празникот Св. Пантелејмон (Видео)

Денешниот христијански празник Св. Пантелејмон традиционално со голема прослава се одбележува во прилепското село Полчиште во Мариово.

Во недопрената мариовска природа и оваа година уживаа голем број верници и добронамерници, кои пристигнаа за празникот во манастирот Св. Пантелејмон да запалат свеќа за здравје и да се забавуваат заедно со Елена Велевска.

За многу години!

На граница фатено злато кое го криеле во пелени

Српската Царина вчера во соработка со полицијата на граничниот премин Прешево со Северна Македонија спречија обидот на двајца патници во памперс пелени да прошверцуваат преку граница златен накит чија вредност се проценува на повеќе од 2,2 милиони динари (18.752 евра), јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Царинската управа, прекршокот бил откриен кога на влезот на овој премин во Србија бил издвоен на детален преглед автомобил „фолксваген пасат“ со швајцарски регистарски ознаки, во кој од правец на Македонија кон Швајцарија се движеле млад брачен пар.

-Иако рекоа дека немаат што да пријават, царинскиот службеник при преглед на автомобилот, пред совозачкото седиште пронашол торба во која меѓу другото имало и неотворено пакување памперс пелени. Неговата необична тежина го подигнала сомнежот дека нешто се крие во него, што набрзо се испостави дека е вистина, бидејќи во неколку пелени се пронајдени речиси половина килограм златни ланчиња и алки со дукати „Франц Јозеф“, како и синџири и прстени, соопштија од Царината.

Бидејќи вредноста на откриениот накит надминува една третина од вредноста на возилото, со судската одлука, покрај златото, трајно е одземено и возилото проценето на над милион динари.

Teшка cooбpaќajка на ул. “Александар Македонски” во Прилеп: Се cyдpиja aвтомобил и мопед

На 08.08.2022 во 13.28 часот било пријавено дека во Прилеп на ул„Александар Македонски“ се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко моторно возило “фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од С.Р.(63) од Прилеп и мопед “миглори“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(45) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од СВР Битола.

Данела избрка 30 “џабелебојадачи” од Д У И кои земале плата, а не оделе на работа, па доби закани по животот

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доби закани од висок функционер на ДУИ откако заедно со директорката на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева решија да расчистат со рамковните вработени во претпријатието.

Имено 33 лица со години биле вработени со договор на дело, но не доаѓале на работа. Арсовска и Мазнева донесоа одлука истите договори на дело да не ги продолжат поради фактот што вработените не ги извршувале своите работни задачи и не се појавувале на работните места.

-Данела немој да мислиш дека си нашла „планина без волк“ и можеш да правиш што сакаш!!

Закани кон Градиначалничката на Скопје Данела Арсовска упати Директорот на УЈП Скопје, Абдул Селам Селами затоа што во Комунална Хигиена им се прекинати договорите на 33 лица што со месеци и години зимале плата, а не оделе на работа.

МВР синоќа со ноќен радар улови 30 возачи за брзо возење на подрачјето од СВР Битола

Во текот на изминатата вечер (08/09.08.2022) во периодот од 21.00 до 02.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 30 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Николоски од Прилеп: Ја повикувам власта да се согласи и за предвремени избори и за референдум

Најновата анкета за истражување на јавното мислење и расположение на народот на француски ИПСОС, според кои резултати ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност во однос да СДСМ е точна и ја отсликува реалноста и расположението на македонските граѓани, вели потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој денеска во Прилеп оддаде почит на 21 годишнината на загинатите армиски прпадници кај Карпалак.

Во однос на обвинувањата на од страна на СДСМ дека анкетата била нарачана од ВМРО-ДПМНЕ, Николоски истакна дека анкети нарачуваат политички партии за да се види расположението на народот помеѓу два изборни циклуса.

„Анкети нарачуваат политички партии. Значи, анкетите секогаш се нарачани од политички партии, евентуално од институции и се главно мерило за тоа каде се наоѓа секоја политичка партија помеѓу два изборни циклуси. Секако најдобра анкета се изборите, но во меѓувреме, во цел демократски свет, тоа е начинот на кој што се мери перформансот и поддршката на секоја политичка партија“, рече Николоски.

Додаде дека француската куќа за истраживање на јавното мислење ИПСОС, кој ја спроведе и последната анкета на барање на ВМРО-ДПМНЕ, до сега нема промашено истражување ниту на Балканот, ниту во Европа и ако тие излегуваат со тие бројки, тогаш во тој момент тоа е расположението на народот и доказ за тоа е и бегањето на власта и од избори и од референдум.

Николоски од Прилеп ја повика власта предводена од СДСМ и ДУИ, за да се увери дека бројките од анкетата се вистините, нека се согласи за предвремени парламентарни избори и за организирање референдум, каде што граѓаните преку овие две форми на непосредна демократија ќе ја кажат најточната анкета.

„Во однос на резултатите на анкетите, тие се апсолутно точни. Се работи за најголемата куќа во Европа за истражување на јавно мислење, тоа е француски ИПСОС кој што до сега нема промашено истражување, не само на Балканот туку зборувам на ниво на Европа. Така што, доколку ИПСОС излегува со тие бројки, тогаш во моментот тоа е расположението на народот. А всушност, најдобар доказ дека бројките се вистинити и на тоа што власта предводена од СДСМ и од ДУИ бега од две клучни работи на кои што точно може да се види расположението на граѓаните. Првото се предвремени парламентарни избори и второто е референдум на кој што граѓаните масовно ќе го одбијат овој бугарски предлог. Така што, ова се двете форми на непосредна демократија каде што граѓаните можат да ја кажат најточната анкета. Ги повикувам од тука, од Прилеп да се согласат и на предвремени избори и на референдум“, истакна Николоски.

54-годишен битолчанец пpoнajден мpтoв во својот дом

На 07.08.2022 е пријавено дека околу 22.00 часот на ул.„Јосиф Христовски“ во Битола, во неговиот дом е пронајден починат П.Л.(54). Од страна на лекар од Итна медицинска помош е констатирана cмpт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. СВР Битола работи на расчистување на настанот.

Утре е Св. Пантелејмон, заштитник на болните и на патниците и ден кога си заминуваат штрковите

Во прилепско Кривогаштани, според неофицијалната процена на жителите, има 50-тина штркови. Според традицијата, штрковите заминуваат во потоплите краишта на празникот „Свети Пантелејмон“, на 9 август, секоја година.

За штрковите се мисли дека се верни на семејството, живеат во двојки и доколку почине еден, остануваат сами.

Во прилепско Кривогаштани навикнати се на гнездата на штрковите крај куќите, на високите бандери, столбови, на покривите. И штрковите и луѓето живеат заедно од пролет до август.

Свети Пантелејмон се родил во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Во младоста ја изучи лекарската вештина. Подоцна поверува во Христа и се крсти.

Господ му имаше дадено голема благодат да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва. Така излечи и еден слепец од кого сите лекари веќе беа дигнале раце. А тоа ги побуди истиве, поради нивната завист, да го обвинат пред властите како христијанин.

Свети Пантелејмон беше ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво. Тој клекна на колена, се помоли на Бога, а потоа му беше отсечена главата.

Пострада во 304 година. Чудотворец во текот на животот, тој продолжи да исцелува и преку неговите свети мошти кои се зачуваа.

Доколку планирате да започнете некаков бизнис, утре е вистинскиот ден за тоа. Се верува дека секое работење на Свети Пантелејмон е благословено и ќе ве направи успешни.

Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете токму на овој ден.

Свети Пантелејмон бил голем патник, а денес е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом.

Доколку на овој ден во црква се сретнат две непознати лица кои денешниот ден го слават како куќна слава, веднаш треба да си честитаат и прегрнат, бидејќи се верува дека се роднини.

Пpиведен прилепчанец кој се бapaл со меѓyнapoдна потepница

Денеска (08.08.2022) полициски службеници од Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода Д. С. (37). од Прилеп за кого била распишана меѓународна потерница заради издржување на казна затвор во траење од 10 месеци за сторено кривично дело од чл.236 ст.1 од КЗ.

Тој ќе биде спроведен во КПУ Идризово – Скопје – информираат од СВР Битола.