дома блог страница 1467

Нови цени на гopивата од полноќ

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ ќе поевтини за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цената на БС-98 ќе биде 94 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Teжок кpиминалец кој извpшил низа paзбojништва донесен во прилепскиот затвop од каде претходно избегал

Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Карпош при СВР Скопје расчистија три кривични дела „разбојништво“ сторени на подрачјето на Скопје.

На 04.08.2022 од слобода беа лишени Ш.И.(31) од с.Грчец, скопско и Л.Ј.(23) од с.Крушопек, скопско, откако со закана со огнено оружје одзедоа пари и повеќе предмети од продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје.

Во службен разговор во полициска станица тие признале уште две дела кои ги сториле на 29.07 и 01.08.2022 во Скопје.

На 29.07.2022 во 22.23 часот во продажен објект на ул.„Козле“ со закана кон вработените одзеле пари и предмети и на 01.08.2022 во финансиско друштво на ул.„Ѓорче Петров“ со закана одзеле пари.

По документирање на случаите, Ш.И. бил пренесен во Казнено-поравната установа Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор од околу 7 години, од каде претходно бил во бегство.

Додека, пак на лицето Л.Ј. му е поднесена кривицна пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена.

MВР објави фотографии: Фативме малолетници со алкoxoл после 12 часот во Прилеп и прилепско

На 07.08.2022 во периодот од 00.10 до 03.00 часот, во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции во координација со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Прилеп и прилепско.

При контролата биле констатирани повеќе прекршоци, а приведени биле 19 лица, од кои седум малолетници. Во објектите биле затекнати седум малолетници после 24 часот, а двајца малолетници биле затекнати при конзумирање алкохол. Исто така, 10 лица не поседувале докумнет за идентификација, кај едно лице бил пронајден нож, затекнат е еден странски државјанин со нерегулиран престој, а едно лице го нарушило јавниот ред и мир. Против сите лица и правни субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Воедно, од претставниците на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат биле констатирани прекршоци во сите контролирани објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.

Прилеп се сеќава на хероите од Карпалак

На 8 август кај месноста Карпалак 2001 година армискиот конвој беше нападнат од заседа и загинаа 10 прилепски резервисти.

Пред споменикот на загинатите бранители во кругот на касарната „Мирче Ацев“ семејствата на загинатите, претставници на Гарнизонот, од локалната самоуправа и граѓани ќе положат свежо цвеќе и ќе биде посетена спомен собата во касарната.

Од 19 часот ќе биде посетен и спомникот на загинатите во селото Лениште кај Прилеп, а вечерна богослужба ќе се одржи во манастирот „Света Петка“ во селото.

Утре изутрина, на 8 август, делегации ќе се упатат на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, ќе бидат посетени вечните почивалишта на загинатите бранители на прилепските градски гробишта и во населените места. Во 10 часот ќе се одржи панихида во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила.

Централното одбележување е во 13 часот пред споменикот „Карпалак“ во центарот на градот.

На 8 август 2001 година кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

За влез во ЕУ ќе се плаќа по 7 евра

Кога не си дел од друштвото ќе мора да платиш влезница.

Граѓани на земји кои не се дел од ЕУ , ќе плаќаат 7 евра за влез во земјите на Унијата а овој систем ќе почне да се применува од ноември 2023, а не како што беше најавено во мај 2023.

Според Европскиот систем за патни информации и одобрување ЕТИАС жителите надвор од ЕУ, меѓу кои и оние од Македонија, ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини 7 евра.

Пријавувањето ќе се врши со пополнување на краток онлајн-формулар и прикачување фотографија од пасош. Сите посетители на возраст од 18 до 70 години кои пристигнуваат во ЕУ од странство ќе мора да аплицираат за престој во рамките на Шенген преку ЕТИАС и да платат.

Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за БиХ, Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора.

Нов бран на поскапувања: Четвртина бурек ќе се продава за 100 денари?!

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во повеќето маркети ржаниот леб скокна на 93 денари, интегралниот на 84, а белиот на парчиња се продава по цена од над 50 денари. Нови цени и во пекарниците – сегашната цена од околу 70 ден за четвртина бурек може да достигне и до 100 денари во наредните недела две, анализира ТВ  24.

Причината за ваквиот раст е поради неколкукратното поскапување на струјата и гасот. Граѓаните затекнати и исплашени од новиот бран на поскапувања особено кај основните продукти за прехрана.

Според Сојузот на синдикатите, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти. Велат работниците кои и покрај тоа што работат, од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто. Тие сметаат дека Владата нема слух за потребите на граѓаните и работниците оти во услови на криза не презема никакви мерки.

„Синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, на електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс“, реагираат од ССМ.

Украина со благодарност до Македонија за воената помош: „Пријателот се познава во неволја“

Советникот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, Михаило Подољак на својот Твитер профил се заблагодари за македонската донација на оружје за Украина.

„Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од G20. Како Македонија, која ѝ пружи помош на Украина. Ние никогаш нема да го заборавиме ова,“ вели тој.

Тој во друг твит се заблагодари и за тенковите и авионите кои Македонија ги испрати за Украина во нејзината борба против соседна Русија.

Во чест на паднатите прилепски бранители на Карпалак: Членови од ПСД “Момата” поставија ново знаме и го овновија спомен обележјето на врвот Устрелец (Фото)

Екипа од Планинарското здружение “МОМАТА” денеска го посети споменикот “Карпалак” кој се наоѓа на врвот Устрелец на Селечка Планина.

Од страна на екипата беше поставено ново државно знаме, варосан споменикот и освежени буквите кои беа избледени и не се читаа, а со кои се испишани имињата на десеттемина паднати прилепски бранители.

Со oвој потег од ПСД “МОМАТА” им оддадоа почит на паднатите прилепски херои во пресрет на 8-ми август, денот кога нападнати од заседа загинаа на Карпалак во 2001 година. Слава им!

Синоќа апceње за мapиxyaна во Прилеп и Битола

Од дневниот билтен на настани на МВР

На 05.08.2022 во 23.20 часот на ул„11-ти Октомври“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од cлобода Ј.Д.(33) од Прилеп затоа што кај него била пpoнajдена и одземена мapиxyaна.

По целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

На 05.08.2022 во 21.00 часот во Градскиот парк во Битола, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода Б.Ј.(24) и И.Б.(18), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – стои во соопштението од СВР Битола.

Фатени двајца битолчани кои кpaделе нафта од машина во рудник

На 06.08.2022 во 01.22 часот во рудникот Брод-Гнеотино, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода Д.Д.(37) и К.С.(30), двајцата од Битола.

Тие биле затекнати при обид од рудникот да изнесат повеќе туби и балони со нафта која ја извадиле од работна машина со која работеле.

Кај нив биле пронајдени околу 100 литри нафта, кои биле вратени на сопственикот и други предмети со кои го извршиле делото. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.