По седми пат викендов во Прилеп “Тоptash Downhill Cup” – Настан кој не смеете да го пропуштите

Клубот за екстремни спортови “Sky Riders” Прилеп, овој викенд (24-25 Септември) по 7-ми пат ќе ја организира трката “Toptash Downhill Cup”.

Локацијата каде што ќе се одржува настанот е во близина на резервоарот за водоснабдување Топташ (место викано “Лизгајци”). Настанот ќе се одвива по следниот распоред:

Сабота 24.09.2022: 11:00-16:00 – Тренинг со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии

Недела 25.09.2022: 10:00-12:00 – Официјален тренинг / 12:00-14:00 – Квалификациски спуст / 14:00 – Финален (Официјална трка)

Екипата на “Sky Riders” веќе еден месец ја припрема патеката која што секоја година е се поекстремна како што налагаат условите во спортот. Оваа година се очекуваат околу 60-тина натпреварувачи од Македонија и соседните држави (Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Албанија и Косово) со што оваа трка станува поатрактивна за најдобрите возачи на балканот. “Toptash Downhill Cup” ќе биде државно првенство на Македонија и ќе биде бодуван за ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија.

Натреварувачите ќе бидат поделени во 5 категории:

Mini Junior (12-15 години), Junior (16-18 години), Elite (19+ години), Master (30+ години), Hobby (рекреативци)

На патеката има повеќе атрактивни места каде што публиката може да проследи возачите како ги поминуваат екстремните предели. Како што се 10 метарски скокови, Дропови од карпи, Стрмнини и многу брзи предели каде возачите поминуваа со голема брзина повеќе од 50 km/h.

Претхоните години настанот привлекувал голем број на луѓе како што се очекува и оваа година бидејќи се пријавени најдобрите возачи од балканот. Паричниот фонд за награди за најдобрите времиња на патеката оваа година изнесува 720 евра кои ги обезбедија главните спонзори: Алфа Ауто(Прилеп), Хамачи(Штип).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.