дома блог страница 1463

Синоќа пpиведени 5 лица во Прилеп

Во текот на изминатата вечер (10/11.08.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите пет лица се лишени од слобода, од кои кај едно лице била пронајдена марихуана, три лица поради нарушување на јавниот ред и мир, а кај едно лице биле пронајдени шишиња со бензин во автомобилот што го управувал и истите биле сопственост на лицата кој го нарушиле јавниот ред и мир.

Регулаторна комисија донесе одлука: Цените на горивата повторно се намалуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,786 ден/кг.

Еве кога ќе започне оваа учебна година, секоја наредна ќе има променет датум

Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни.

За оваа идеја дискутиравме заради тоа што, во некои од нашите земји во регионот како на пример Албанија, Хрватска, учебната година не започнува на 1 септември како кај нас, туку подоцна. Јас би сакал да се помести стартот, размислувам за тоа, иако треба да видиме како ќе се усогласиме со СОНК, синдикатите, како и останатите институции кои се врзани со датуми, на пример, Државниот испитен центар кој е врзан со рокови заради мноштво полагања, меѓу кои и полагањето државна матура. Инаку сметам дека идејата за пролонгирање на учебната година е добра – вели Шаќири за Мета.мк.

Од 1 септември, треба да започне учењето по новата Концепција во второ и во петто одделение. За овие две одделенија, вели министерот, сѐ уште не се испечатени учебници.

Во однос на тоа, дали ќе успеме на време да ги обезбедиме учебниците, можам да кажам дека на време ќе има и учебници и материјали за учење за трето, шесто, седмо и за деветто одделение. Новите учебници кои треба да се испечатат за прв пат, за прво, второ, четврто и за петто одделение, сите постапки се започнати во најбрз временски рок. Бидејќи ќе се доцни, го задолживме Бирото за развој на образованието да направи подготвителни материјали за учење, наменети за првите три месеци од наставата, додека не стасаат учебниците. Тие материјали се исто како учебници, но содржат теми само за првите три месеци – информира Шаќири.

Прилепчанецот Toдороски потпиша за еден од најдобрите клубови од Азербејџан

23-годишниот македонски фудбалски репрезентативец од Прилеп, Тодор Тодороски, како слободен играч бараше нов клуб, па сега потпиша за еден од најдобрите клубови од Азербејџан.

Десниот бек досега во кариерата настапуваше за Кожув, Металург, Вардар, вторите екипи на Осјек и Шибеник, како и во Раднични Ниш во Србија, а последно настапуваше за Серед од Словачка.

Тодороски имаше одлични партии за словачкиот клуб, но не дојде до продолжување на соработката.

Екипи од три земји беа заинтересирани за потписот на Тодороски. 23-годишниот прилепчанец во текот на летниот преоден рок водеше преговори со клубови од Турција, Бугарија и Словенија, со екипи од најквалитетните шампионати, но во меѓувреме пристигна богата понуда од Азербејџан, од тимот на Сумгаит, која Тодороски се реши да ја прифати.

Вучиќ: Имаме поевтина cтpyja и од Македонија, а ќе имаме и 1.000 евpa пpoceчна плата

Српскиот претседател, Александар Вучиќ при своето гостување во емисијата „Кирилица“ изјави дека Србија има најниска цена на електричната енергија во цела Европа.

-Тука ја имаме најниската цена на електрична енергија во Европа, пониска цена отколку што ја има Република Македонија, значaјно пониска од Црна Гора, пониска од БиХ, а имамe значајно повисоки плати, изјави Вучиќ.

Вучиќ додаде дека до крајот на мандатот на Владата, просечната плата ќе достигне до 1.000 евра.

-Сакам да кажам и луѓето да видат дека ние на извесен начин го субвенционираме тоа, притоа помагајќи го нашето население, посебно оние најсиромашните, а она што е најсуштински е дека до крајот на мандатот на оваа влада можеме да дојдеме до просечна плата од 1.000 евра, рече Вучиќ.

Траеше само пред камери: Tргната плочата за АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски во Србија (Фото)

Извадена е плочата поставена во чест на одржаното заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски.

Македонски државјани кои го посетиле манастирот за expres.mk тврдат дека плочата ја нема на местото каде што била на Илинден.

Претседателот Стево Пендаровски прв се поклони пред новопоставената спомен-плоча за Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, кога се поставени темелите на современата македонска држава по Втората светска војна. Во изјава за медиумите тогаш изрази надеж дека во иднина чествувањето на заседанието на АСНОМ ќе се одржува во манастирот.

Реките Рајна и По соочени со пpecyшyвање: Европа погодена од најголемата сyша досега

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија предупреди дека сушата што моментално ја погодува Европа, може да биде најлошата во изминатите 500 години.

Андреа Торети, виш истражувач во Центарот, истакнува дека според моменталните податоци, што не се конечни затоа што годината не е завршена, се чини оти сушата ќе биде полоша од таа од 2018 година.

Според неговото мислење, тоа што најмногу предизвикува загриженост во наредните три месеци е големиот ризик од екстремно сушен период во централна и западна Европа.

Сушите особено ги погодија реките во Европа. Така, нивото на водата на Рајна предизвика големи проблеми во Холандија. Меѓу најпогодените реки е По во Италија. Водостојот на реката во текот на јули беше на најлошо ниво во изминатите 70 години. Реката По наводнува една третина од земјоделското производство во Италија.

Поради суша, без питка вода во Франција останаа над 100 општини. Премиерката предупреди дека државата се соочува со најголемата суша забележана некогаш во земјата. Во Холандија, исто така, е прогласен официјален недостиг на вода.

Климатските промени годинава особено се одразија во Велика Британија, каде, според официјални податоци, јули бил најсушен од 1935 година.

Резервоарите за вода во Шпанија, поради сушата, се исполнети само до 40,4 отсто од нивниот капацитет. Тоа е за 20 проценти помалку од просекот во изминатите десет години за овој период. Официјални лица повикаа да се ограничи употребата на вода, особено во регионот на Андалузија, што е еден од најголемите производители на храна во Европа.

Властите во Португалија пријавија дека над 1.000 смртни случаи во земјата се поврзани со високите температури. Здравствениот институт Карлос Трети процени 510 смртни случаи.

Голем проблем во Европа годинава предизвикаа и пожарите. Особено се опустошени подрачјата на југоисточна Франција и Шпанија. Поради пожари, земјите во еден момент мораа да евакуираат над 15.000 свои жители.

Тешка cooбpaќajка помеѓу “туарег” со прилепски и “БМБ” со битолски регистарски таблици

На 09.08.2022 во 22.04 часот било пpиjaвено дека на крстосницата од кракот Битола – државна граница со Р.Грција и патот Ѓавато-Тополчани се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“, со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од У.Р.(45) од Битола и патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, yправувано од Н.Р.(34) од с.Могила.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил Н.Р., конcтатирани во Клиничката болница во Битола.

Извpшен бил yвид од yвидна екипа од СВР Битола.

Еве каде најмногу пocкапе лебот на Балканот: Македонија во првите три места

Во претходниот период се соочивме со серија поскапувања на основните производи, а се зголеми и цената на лебот.

Статистиката на „Радио Слободна Европа“ покажува дека цената на лебот (во период од јули 2021 и 2022 година) најмногу се зголемила во Црна Гора, и тоа за 50 отсто.

Косово е на второто место со зголемување од 39 отсто, додека Македонија го дели третото место со БиХ (35 отсто).

Во Србија поскапувањето изнесува 24 отсто, додека во Албанија 20 проценти.

Берлускони најави враќање во политиката: Ќе се кандидира за место во Сенатот

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) најави дека ќе се кандидира за место во Сенатот на изборите следниот месец и ќе се обиде да се врати на јавна функција по девет години.

Милијардерот и медиумски магнат започна маркетиншка кампања пред објавувањето за државното радио дека „маси луѓе“ од движењето Форца Италија и пошироко побарале од него да се кандидира на изборите на 25 септември.

Големите екрани на метростаниците низ земјата прикажуваат помлада верзија на Берлускони со пораката „Сега повеќе од кога било – изберете страна“.

Тој водеше четири влади откако влезе во политиката во 1994 година, но привремено му беше забрането да извршува јавна функција по пресудата за даночна измама во 2013 година.

Неговата последна влада падна две години претходно поради должничка криза и скандал со секс-забави „бунга бунга“ во неговата вила во близина на Милано.