дома блог страница 1462

Тешка cooбpaќajка помеѓу автомобил и моторцикл во Битола

На 11.08.2022 во 17.05 часот во СВР Битола е приjaвено дека на крстосницата од ул. ,,Стрчин“ и ул.,,15 Корпус“ во Битола се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „тојота“, yпpaвyвано од О.Р.Г.(43), и мотоцикл „апачи“, yпpaвyван од А.Ј. (33), двете со битолски peгиcтapcки ознаки.

Во нecpeќата мотоциклистот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничка болница Битола.

Извршен е yвид од страна на yвидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Вработените во едно прилепско јавно претпријатие ќе се опарат

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски најави радикализирање на штрајкот од септември, доколку Владата не ги исполни нивните барања, а тоа е со покачување на минималната плата за 18,4 проценти, да се усогласат сите останати плати.

-Согласно Законот за минимална плата и новата методологија, со порастот на минималната плата треба да се усогласат и сите останати плати. Значи, минималната плата се зголемила за 18,4 проценти и во тоа законско решение се вели дека во рок од шест месеци мора да се усогласат и останатите плати. Но, видовме дека тоа не се случи, рече Димовски во вчерашното гостување на ТВ Сител.

Тој посочи дека уште е во тек штрајкот во јавниот сектор, а радикализирање ќе има во септември, бидејќи според Владата, законот им овозможува до септември да ги усогласат платите.

-Како социјални партнери, на 1 мај последен пат остваривме средба со владини претставници, каде што ни беше ветено дека Владата ќе излезе во пресрет и ќе даде по 2.860 денари со ребалансот на буџетот. Видовме во ребалансот на Буџетот, министерот за финансии Бесими тоа го нема предвидено туку почнаа од ракав да се делат некакви покачувања. Затоа, ние од септември ќе радикализираме доколку не се случи ова покачување, рече Димовски.

Тој најави дека од септември ќе ги повикаат сите работници без разлика дали од приватниот или од јавниот сектор да излезат на улица.

-Ги повикуваме сите работници на улица, за да може најпрвин да егзистираме, да опстанеме, бидејќи како што вели Владата, од септември не знаеме што ќе се случи поради најавената нова енергетска криза, се најавуваат штедења, уште поголема инфлација, додаде претседателот на ССМ.

Во моментов, како што информираше, штрајкот се води во јавниот сектор, се штрајкува и се добива на локално ниво и во јавните комунални претпријатија. Утре, како што рече, ќе бидат во Прилеп каде што ќе потпишат покачување за 18 проценти во едно општинско јавно комунално претпријатие. – истакна Димоски во гостувањето во ТВ Сител.

-Во септември треба да земеме сите покачување за 18,4 проценти, зборувам и за јавниот и за приватниот сектор, бидејќи Законот е ист за сите, додаде Димовски.

Во однос на даночните реформи, тој смета дека сега воопшто не е време за даночни реформи.

-После 1 мај, од кога исчезна социјалниот дијалог, ние преку медиумите и преку она што го презентираше министерот Бесими разбравме дека се зборувало за прогресивен, но мене ова повеќе ми личи на регресивен данок бидејќи истиот повеќе ги зафаќа сиромашните отколку богатите. Преку тој данок, пониските примања на плати од нивниот профит ќе бидат повеќе оданочени, додаде Димовски.

Посочи дека Сојуз на синдикати на Македонија ќе му предложи на министерот за финансии Фатмир Бесими да го оданочи профитот на банките, со 33 отсто данок а не, како што истакна, да ги чепка работниците, пензионерите и младината.

-Не може цело време данокот да паѓа на грбот на работниците и на граѓаните со пониски примања, незначително дали станува збор за плати, пензии или друг вид на примања. Моментно никако не е време за даночни реформи, смета претседателот на ССМ.

Официјално: Светското првенство во Катар ќе почне еден ден порано

Светското фудбалско првенство 2022 во Катар ќе почне на 20 ноември. На овој датум ќе се одржи церемонијата на отворање, по што ќе се одржи првиот натпревар, објави ФИФА.

Во првиот дуел ќе играат домаќинот Катар и Еквадор.

Првично беше планирано овие две репрезентации својот натпревар да го одиграат на 21 ноември, но беше одлучено овој натпревар да се премести еден ден порано.

Со оваа одлука Светската фудбалска федерација ја запазува традицијата, домашната репрезентација да биде учесник на првиот меч на шампионатот.

Мундијалот во Катар ќе трае до 18 декември за кога е закажано големото финале.

Водовод бара нов финансов директор – Плата 30.800 денари

Jaвното комунално претпријатие “Водовод и канализација” Прилеп објави конкурс за вработување на Раководител на одделение за сметководство, Сектор за финансиско работење.

Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент)
– најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Паричен нето износ на плата: 30.800,00 денари

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Свират одличен рокенрол и се од Прилеп: Слушнете ја првата авторска песна на бендот The Schmucks (Видео)

Младиот прилепски бенд The Schmucks ја издаде својата прва авторска песна насловена како Chaos.

Дечките кои свират одличен рокенрол бендот The Schmucks го формираа во 2019 година и звучат одлично на секоја свирка.

Членови на бендот се: Михаил Јагуриноски – вокал и главна гитара, Кирил Трајкоски – ритам гитара,
Филип Ристески – бас гитара, Андриано Чолаковски – бас гитара и Дамјан Ристески – тапани.

Нивната прва песна е снимена во Matrix Studio, а продуцент на истата е Давид Нешкоски.

Уживајте во продолжение:

Ѓубре и кучиња скитници во комплексот кај вештачкото езеро: Европа не’ чекала, ама со вакви манири ќе почека (Фото)

Граѓани кои секојдневно рекреираат со најмалите во комплексот кај вештачкото езеро испратија фотографии до нашата редакција, на кои можат да се видат растурен отпад и кучиња скитници наоколу.

Граѓаните реагираат до надлежните служби комплексот редовно и навремено да се чисти, но и до несовесните поединци кои на ваков начин се однесуваат со природата.

Јовчески на традиционално Ашуре во Канатларци (Фото)

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески денеска во Канатларци беше гостин на традиционално Ашуре.

-Ашурето се нарекува и јадење на љубовта и хуманоста, се споделува со соседите, пријателите и роднините.

Соживотот и заедничкото негување на традиционалните вредности претставува вистински пример за меѓуетничко почитување – напиша Јовчески на ФБ.

Eден порано ќе ги носеше Фејсбук и Гугл, а Ковачевски пак ќе носел фабрика за електрични возила

Во Република Северна Македонија првпат ќе се произведуваат електричните возила e-GO. На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

Тој посочува дека првата фабрика од автомобилската индустрија во која првпат ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово.

-Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Северна Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме сѐ за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

Уaпceн дилep на xepoин во Битола

Денеска (11.08.2022) од страна на полициcки cлyжбеници од Отсекот за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje при СВР Битола извршен е пpeтpec во дом на Л.С. (37) во Битола, при што пpoнajдени се xepoин и мapиxyaна.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кpивична пpиjaва – информираат од СВР Битола.

Владо Јаневски ќе пее на концертот организиран од ДУИ за Рамковниот договор

Иако од Министерство предводено од Артан Груби, на Фејсбук прво објавија дека пејачката Aнтонија Гиговска ќе настапи на прославата на Рамковниот договор на плоштадот Скендербек во Скопје, потоа ја избришаа објавата и на нејзино место беше посочено дека на концертот ќе пее Јаневски.

Младата пејачка порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.

– Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира… Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене – стои во пораката од Гиговска.

Фестивалот ќе се одржи в сабота, а покрај Владо Јаневски, ќе настапат Нора Истрефи, Ермал Фејзулаху, Луми Б, Фифи и други.