Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денес е достапна и на Google playstore.
-Корисниците на апликацијата, треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот ,,профил,, во прозорчето ,,тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“
Управата за јавни приходи, исто така информира и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ, изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.e-pdd.ujp.gov.mk.
На 09.08.2022 СВР Битола до ОЈО Битола поднece кpивична пpиjaва пpoтив С.Ш.(24) од Битола, пopaди пocтоење на ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „неовлacтено пpoизводство и пyштање во пpoмет нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанци и пpeкypcopи“, предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од Kpивичниот законик.
Имено, пpиjaвениот во период од четири месеци во текот на 2022, откако од САД неовластено набавил семе од канабиc сатива, добиениот расад го засадил на ридски терен на м.в. „Брусничка населба“ и преземал активности за негово одгледување.
На 08.08.2022 од страна на полициcки cлyжбеници од Одделот за кpиминалистичка полициja – Одделение за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje, пpиjaвениот е затекнат на местото на засадените насади и лишен е од cлобода, при што одземени му се предмети поврзани со кривичното дело. Извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Битола.
Музички спектакл на отворена сцена на 10 и 11 август најавуваат организаторите од иницијативата “Го сакам Тетово”, со настапи на Ламбе Алабаковски и Некст Тајм.
Концертите ќе бидат на отворено и бесплатно во “Жена парк”, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и средства за загрозено семејство.
-Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и опстанок на младите во Тетово, истакна Станислав Бојчески од иницијативата.
Oд иницијативата “Го Сакам Тетово” најавуваат и други музички настани во текот на летото.
На 09.08.2022 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.С.(34) од Куманово.
Тој бил ocyден на 8 години затвopcка казна за стopeни кpивични дела „тешка кpaжба“ по член 236 и „paзбojништво“ по член 237 од Kpивичниот законик, а се бapaл со потepница за доиздpжyвање на 5 години казна затвop.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвop Прилеп. за доиздpжyвање на казната – информираат од СВР Битола.
Во саботата, на 06.08.2022г. во храмот Св. Никола во Крушево се одржа вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.
После вечерната богослужба, со неговите мошти, се одржа и свечена Литија по улиците на градот Крушево.
Литијата започна од храмот Св. Никола и се движеше по главната улица во Крушево, а на крајот моштите беа вратени во храмот.
Голем број верници учествуваа во литијата и се поклонија пред моштите на светиот Климент Охридски!
Еден прекрасен настан кој зрачеше со љубов, радост и топлина.
Според неофицијални информации на Алфа во Македонија има прв сомнителен случај на мајмунски сипаници. Според наши извори најавено е прием на пациент сомнителен на мајмунски сипаници во Инфективна клиника во Скопје. Пациентот е од Кичево, а го очекуваат да пристигне во секој момент на Инфективна клиника. Кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Алфа се обиде да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега не одговори на нашите повици и пораки , додека пак дежурниот доктор вечерва на клиниката ни кажа дека досега нема пријавено и регистриран таков пациент.
Но, сепак според неофицијални информации пациентот треба да пристигне на инфективната клиника во секој момент, по што ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Денеска (09.08.2022) во 14.35 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Б.(33) од Скопје.
За неа била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „напад на овластено службено лице“.
Истата била предадена на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје во соработка со Управата за јавни приходи, а по насоки на ОЈО Скопје и добиени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во текот на вчерашниот ден (08.08.2022) извршија претреси на две локации во Скопје кај еден правен субјект и едно физичко лице поради основано сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“ по чл. 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.
При претресот во правниот субјект биле затекнати 17 лица кои работеле како оператори за комуникација со играчи на кои им се приредува спортско и друг вид на обложување и други видови на игри на среќа.
При тоа, одземени се компјутери и компјутерска опрема, како и документација поврзана со нелегалното работење на правниот субјект.
При претресите исто така се пронајдени и одземени 103.545 евра, 400 долари и 100 фунти, лични документи, празна рамка од пиштол, мобилни телефони и компјутерска опрема користена за вршење на кривичното дело.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Во понеделникот во Струга се одржа Mеѓународниот арт фестивал ,,Езерски бисери’’ каде настапија голем број на естрадни солисти и кореографи.
Според нас, со нејзиниот настап се истакна Маја Марија Богдан од Прилеп. Таа се претстави со песните ,,Sorry’’ и ,,Make you feel my love’’. Во големата конкуренција, само 5 поени ја одделија младата прилепчанка од гала вечерта.
“За прв пат официјално настапував пред толку многу публика и пред такво еминентно жири. Задоволна сум од својот настап, иако мислам дека секогаш има простор за подобрување. Ова ме мотивира да продолжам понатаму и да вложам уште повеќе труд. Мило ми е што покрај искуство, стекнав и многу пријателства”., вели Маја Марија.
“Единствено жал ми беше што немав можност да се претставам со песни на мајчин јазик, но сепак пред соучесниците од различни места низ светот се потрудив да ја претставам мојата држава во најдобро светло. На следниот настап се надевам ќе ја имам таа чест да пеам на македонски јаизик”, додава Маја Марија.
“Од мала ја сакам музиката, а и спремам сопствен проект кој ќе излезе наскоро”, завршува Маја.
Maркукуле и’ посакува на талентираната прилепчанка многу поголеми успеси во иднина, настапи на многу фестивали и успешна музичка кариера. Се работи за талентирана девојка која несомнено заслужува да успее.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ОЈО-ГОКК ја прошири истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири.
Од Обвинителството, за МИА информираат дека станува збор за нова истрага за уште еден кривично правен настан.
– Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција врз основа на прибраните докази при спроведување на истражната постапка што беше започната во април годинава, донесе Наредба за спроведување на нова истрага против лицето за кое покажувате интерес за уште еден кривично правен настан. Имено, Владата на РСМ преку тогашниот генерален секретар склучила договор за консултантски услуги за реорганизација на Желeзници со правно лице без да се испочитуваат законските процедури за склучување на вакви договори, информираат од ОЈО ГОКК.
Обвинителството го товари Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.
На 9 април годинава на Зекири му беше одредена мерка притвор, која што поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор.