дома блог страница 1461

Неодоливо: Слатко момче објаснува зошто најмногу од се сака да јаде пченка (Видео)

Видео во кое едно симпатично момче објаснува зошто сака пченка стана хит на социјалните мрежи.

Водителот Џулијан Шапиро-Барнум интервјуира момче на кое му недостасува предниот заб, но може да џвака пченка без никакви проблеми, па ги сподели своите размислувања за оваа храна.

„Многу сакам пченка. Од кога ми кажаа дека постои пченка, таа ми е омилена. Кога ја пробав со путер, сè се смени! Обожавам пченка!”, вели момчето.

„Секој треба да се обиде да јаде пченка, иако не секој може да ја сака толку многу како мене.“

Видеото досега е прегледано 12 милиони пати на „Тик-ток“.

„Ова момче е толку паметно“, „Преслатко“, „Опседнато сум со ова видео“, „Го сакам“, „Каков крал“, „Зошто децата се толку смешни?“, „Ова дете е икона“, се само дел од коментарите под видеото.

Денеска е еден од нajцpните датуми во македонската историја: Ден кога се cтpeлани струмичките студенти и загинале двајца вojводи

Тринаесетти август, во нашата историја е запишан како еден од црните денови за Македонија.

На овој ден се случиле најмалку три погибија: херојската смрт на Мечкин Камен на војводата Питу Гули, неговите знаменосци и 40-тина македонски комити, на планината Кожув загинувањето на војводата Лука Иванов во борба со грчките андарти, а за време на СФРЈ во 1951 година ликвидацијата на петте струмички студенти на планината Беласица, членови на ВМРО.

Од поновата историја 13 август е запишан како ден на потпишувањето на Охридски договор, во Скопје, со кој беше завршен конфликтот меѓу бранителите на Македонија и терористичката ОНА.

На денешен ден во 1903 година во месноста Мечкин Камен, близу до Крушево, македонскиот војвода Питу Гули го распореди својот одред и со куршуми ги пречекуваше јуришите на османлиската војска.

Во епопејата на Мечкин Камен херојски загинаа Питу Гули, двајцата негови знаменосци Ѓорѓи Димев и Нове Смугре и 40-тина македонски востаници.

Питу Гули е роден во 1865 година во Крушево.

Во 1906 година кај Влашките колиби на планината Кожуф, во борба против андардите, загина Лука Иванов, македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание.

Како војвода дејствувал во Воденско, Костурско, Ениџеварско, Кичевско и во Крушевско.

Роден е во Панаѓуриште, денешна Бугарија, во 1880 година.

Во 1951 година кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната комунистичка власт дека сакаат да бегаат преку граница во Грција, убиени се пет струмички студенти, членови на ВМРО.

Убиени беа Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов.

Нивната вина била само тоа што биле патриоти и си ја сакале Македонија, некои од нив студирале во Загреб и биле популарни меѓу младите во Струмица.

На денешен ден во 1995 година во Софија починал Симеон Гугуловски, македонски оперски уметник и солист на Операта при МНТ во Скопје и голем родољуб, кој меѓу другото испеал и повеќе македонски песни со родољубива тематика. Роден е во Солун во 1941 година.

Акциски контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Битола: Се точело на алкохол на малолетници кои биле присутни и по полноќ

На 13.08.2022 во 01.00 часот при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти во Битола се затекнати малолетници, од кои кај еден од нив било утврдено присуство на алкохол од 1,38 промили. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите.

Исто така, во Ресен од 23.00 часот на 12.08.2022 до 02.00 часот на 13.08.2022 преземени се активности во врска со почитување на работното време на угостителските објекти, точење алкохол на малолетни лица, пронаоѓање на лица кои се бараат со потерница, пронаоѓање на предмети кои потекнуваат или се наменети за вршење на кривични дела и др. При контрола во угостителски објекти беа затекнати повеќе малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци за што ќе следува пријава за угостителите по чл. 204 од Кривичниот законик. Исто така, кај еден малолетник е пронајден метален боксирач, кој бил одземен, а против лицето ќе следува поднесок по Закон за оружје.

За време на акциската контрола на ул. „1 Мај“ во Демир Хисар биле констатирани 20 прекршоци за непрописно паркирање, а на ул.„Крушевска Република“ во Битола биле затекнати и санкционирани 15 непрописно паркирани возила.

Уапceн битолчанец за кpaжба: Го фатиле додека го товарал пленот

На 11.08.2022 на патот за с.Брусник, битолско од страна на полициски службеници од СВР Битола поради извршена кражба лишен е од слобода Г.Т. (44) од Битола додека ги внесувал украдените предмети во неговото патничко моторно возило „рено кангу“ со битолски регистарски ознаки.

По документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.

Трајанов: Не очекувам двотретинско мнозинство за уставните измени

Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов вечерва изјави дека не очекува дека ќе се обезбеди поддршка од 80 пратеници за уставните измени и оти неговата поддршка за промена на Уставот е условена со признавање на правата на Македонците во Бугарија.

– Мислам дека тие најави дека дел од пратениците дека ќе се премислат од опозицијата се шпекулации и не очекувам дека во овој парламентарен состав ќе се случат тие промени, верјанто ќе се одржат предвремени избори, рече Трајанов во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 ТВ.

Според Трајанов, пак, регистрацијата на здруженија кои носат имиња на докажани фашисти е на штета на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.

– Мислам дека одговорноста лежи кај државните институции кои дозволуваат регистрација на здруженија на граѓани со различни имиња кои апсолутно не се прифатливи за граѓаните, за јавноста, бидејќи се работи за поранешни соработници на Хитлер, на фашизмот, или, пак, во тоа време извршувале високи државни функции во Бугарија, рече Трајанов.

И Владо Јаневски им откажа на Груби и Д У И: Немало да пее на прославата за Рамковниот договор

Владо Јаневски го откажа настапот на фестивалот организиран од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби, во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор.

Јаневски се огласи преку Инстаграм, објавувајќи дека нема да пее на прославата на плоштадот „Скендербег“.

Претходно Антониа Гиговска го откажа настапот на „Peace festival“, велејќи дека менаџментот прифатил ангажман за кој не знаеле дека има политичка конотација.

Фестивалот ќе се одржи утре на полштадод Скендербег во Скопје. Вкупните трошоци за одбележувањето на 21-годишнината од потпишувањето на амнковниот договор, државата ќе ја чинат 70.000 евра.

Бранко се враќа и ќе формира нова партија „За наша Македонија“

NEWS1.MK дознава дека при крај се процедурите за формирањето на нова партија. Името дознаваме ќе биде „За наша Македонија“. Зад партијата стои поранешниот претседател Бранко Црвенковски со сите негови структури. Нашиот извор вели дека претходно Црвенковки и лобито од Охрид, оствариле контакти и средби со политички актери,а меѓу нив и еден поранешен градоначалник на Охрид.

Најверојатно лидер на партијата „За наша Македонија“ ќе биде Максим Димитриевски.

Гимназијата доби нов директор

Ве известуваме дека за в.д директор на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ е назначена М-р Лидија Споа, дипломиран психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија, вработена во училиштето. Лидија Споа, доаѓа на местото на директорката Фани Наумовска, која од директорската позиција, поднесе оставка на 10.08.2022 – стои во соопштението од општина Битола.

Според Централен регистар здружението “Цар Борис” не претставува никаква опасност за Македонија

Централен регистар на Република Македонија во своето работење секогаш постапува и се води согласно постоечките закони во државата.

“Во Законот за здруженија и фондации не се предвидени посебни одредби (Регистар) за спорни и негативни личности од историјата

Централниот регистар постапува согласно важечкиот Закон за здруженија и фондации во кој е наведено дека Правото на слободно здружување се остварува преку здружување во здруженија, фондации, сојузи и организациони облици на странски организации (во натамошниот текст: организации) за остварување на нивните цели, дејности и заштита на права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и закон.

Се забранува основање на организација ако програмата и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост презема активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.

Во членот 65 и 66 од Законот за здруженија и фондации се предвидени случаите кога се забранува работата за организацијата. Согласно член 66 секој може и има право да поднесе иницијатива за забрана на организацијата пред надлежен јавен обвинител доколку дејствувањето е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица”.

Авион на ВИЗЕР леташе прениско, туристите за влакно извлекоа жива глава (Видео)

Шокирани, но и фасцинирани беа туристите на грчкиот остров Скијатос, кога патнички авион на „Визер“ слетуваше на аеродромот и за малку ќе предизвикаше катастрофа.

Имено, авионот леташе прениско – само неколку метри над главите на туристите присутни на аеродромот кои од страв се фрлаа на земја за да спасат жива глава. Авионот едвај ја помина оградата на аеродромот и за среќа сѐ се заврши добро.

„Ова ќе го паметам до крајот на животот“, „Ова за малку ќе предизвикаше катастрофа“, „Ова е најниското слетување што сум го видел“, „Ова беше страшно, но пилотот заврши одлична работа на крајот“, беа дел од коментарите на снимката од настанот објавена на Јутјуб.