дома блог страница 1460

Кој е најдобриот ланец од маркети во Прилеп? Одговорот е јасен

Пазарев во Футура, нема што нема, а и евтино како нигде на друго место, имаше акција на еден куп производи – ова најчесто ќе ви го каже секој од Прилеп кога ќе го прашате од каде испазарил намирници за дома.

А богами нема да ве излаже, затоа што прилепскиот бренд “ФУТУРА” е меѓу првите компании кои отворија големи маркети во градот.

Со чесно и домаќинско работење компанијата во изминатите години ја освои довербата на прилепчани и жителите на околните општини.

Дека тоа е така говори и фактот што во 2020 година компанијата беше помеѓу најуспешните и најпрофитабилните компании во Прилеп, рамо до рамо со другите гиганти од прилепската економија.

Во “ФУТУРА” прилепски кажано ќе најдете од пиле млеко. Подредени рафтови како во аптека, се на свое место, чисто, стокмено. За тоа секако најзаслужни се вработените, кои се секогаш тука да излезат во пресрет на муштериите.

Затоа прилепчани секојдневно пазарт во нивните супер маркети кои ги има во секој дел од градот. Ако доаѓате од друг град и имате потреба да си ги наполните торбите, а притоа да заштедите, распрашајте каде е најблискиот “ФУТУРА” маркет и пазарете без грижи.

За крај само ќе потсетиме уште и дека се работи за една од најголемите општествено одговорни компании, чии сопственици довербата од граѓаните секогаш ја возвраќаат каде што е најпотребно, што секако е за пофалба.

Посетете ја нивната Фејсбук фан страна и уверете се во ниските цени и широкиот асортиман на производи со кои располагаат.

Бидете во тек со редовните промоциски и акциски цени и побрзајте до вашиот најблизок Футура маркет.

Teшка cooбpaќajка во Битола помеѓу 16-годишник на мопед и автомобил

На 14.08.2022 во 01.02 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„Солунска“ и ул.„Никола Тесла“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник и патничко возило „опел вектра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(43), двајцата од Битола.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил тешки телесни повреди, а неговиот сопатник В.М.(28) со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Битола – информираат од СВР Битола.

Cooбpaќajка помеѓу две возила синоќа во строгиот центар на Прилеп (Фото)

Синоќа околу 1 часот по полноќ на улицата “Јане Сандански” во центарот на Прилеп, се cлyчила cooбpaќajна незгода во која учествувале две возила, “фолсваген” и “хјундаи”.

Од фотографиите кои ги добивме од наши читатели се гледа дека е причинета поголема материјална штета на возилата, а засега не е познато дали има повредени лица.

Во 17ч. сите на Градски: Гостува лутиот ривал на Победа – максимална поддршка за 3 бода

По стартниот неуспех во Струга, фудбалерите на Победа денеска, со почеток од 17 часот, на Градскиот стадион “Гоце Делчев”, во премиерниот меч на свој терен по враќањето во Првата лига ќе го пречекаат Тиквеш.

Децении наназад комшиските дуели на двата клуба предизвикувале посебен интерес кај љубителите на фудбалот. Клубовите се спортски пријатели, но и лути ривали. Се чини подобра увертира за отворање на прволигашката сезона и не можеше да се посака.

Сигурно од натпреварувачки аспект бодовите се потребни за двата тима, а црвено-белите како домаќини и повратници во елитната конкуренција сигурно ќе ги посакуваат повеќе.

Гостите имаат поискусен, на хартија можеби и поквалитетен состав, но избраниците на Бабунски со своето максимално залагање, ќе треба да го наметнат и на теренот да го спроведат на дело она што од нив ќе го бара Стручниот штаб.

Несомнено на теренот ќе се води беспоштедна битка, но можеби пресудна да биде поддршката која победашите треба, и сигурно ќе ја имаат од трибините.

-Ако на решавачките мечеви во Втората лига имаше по 4-5 илјади гледачи, тогаш на овој дуел во Првата лига црвено-белите треба да имаат поддршка од побројна и погласна публика во текот на сите 90 минути, дотолку повеќе што по пауза од 12 години ќе се игра прволигашки фудбал на Градски – велат од клубот.

Бидејќи мечот е прогласен од висок ризик и вратите на стадионот ќе се затворат во време на почетокот (17 ч,) ФК Победа ги повикува љубителите на фудбалот на стадион да дојдат порано од вообичаено, и сите да си набават влезница по симболична цена од 100 денари, со што на директен начин скромно ќе помогнат во финансирањето на клубот.

Навивачите нajaвyвaaт бojкот: Тренерот на Манчестер откри што им рекол на играчите откако примија 4 гола за 35 минути

Манчестер Јунајтед сруши неколку негативни рекорди по денешниот убедлив пораз кај Брентфорд од 4:0.

Новиот менаџер на „Црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг по катастрофалното издание им се извини на навивачите и објасни што се случило.

-Ова не е пораз само поради индивидуални грешки, воопшто не се обидувавме тимски да им пристапиме на проблемите и не делувавме како еден. Овој тим мора да преземе одговорност. Жал ми е за нашите навивачи. На полувремето во соблекувалната им реков дека не ми се верува како може Манчестер Јунајтед да прими четири гола за 35 минути. Не’ чека напорна недела, вели Тен Хаг по натпреварот.

Манчестер Јунајтед во следното коло од Премиер лигата го очекува големото дерби со Ливерпул на Олд Трафорд. Навивачите најавуваат протести и празни трибини.

(Легендарно видео) Македонски господин “пошљакал” бугарски новинар како никогаш досега

На социјалните мрежи се шири видео, снимено во Скопје во 2013 година, но коешто е актуелно во денешно време поради содржината.

На видеото се гледа како еден повозрасен господин одговара на анкета што ја прави бугарски новинар, за серија историски личности, за коишто се спори и денес.

Во своите одговори, господинот мнпогу елегантно му објаснува на бугарскиот новинар зошто ликовите од македонската историја не се Бугари.

Пожap кај прилепско Тројкрсти: Гopеше железничката пpyга Прилеп-Битола

На 12.08.2022 во 12.50 часот во Полициска канцеларија Тополчани било пријавено дека покрај пругата во с.Тројкрсти, прилепско, настанал пожар во кој биле опожарени сува трева и прагови од железничката пруга Битола-Прилеп.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Прилеп.

Полициjaта и УЈП влегле во обложувалниците во Прилеп: Затекнале само едно малолетно лице

На 11.08.2022 година во периодот од 17-22:00 часот во рамките на aкцијата “Безбедно лето” беше спроведена акциска контрола на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи Битола со цел утврдување на присуство на малолетни лица во објекти за игри на среќа.

При контролата е затекнато едно малолетно лице по што ќе следат соодветни поднесоци – информираат од СВР Битола.

Прилеп и Битола ќе почекаат за автопат – можеби и неколку години?

Граѓаните ќе почекаат уште неколку месеци, а можеби и години со започнување на изградбата на новите автопатишта Тетово- Гостивар- Кичево, потоа Струга- Ќафасан, како и автопатско решение Прилеп-Битола, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат дека Владата местејќи го тендерот за надзор вреден над 22,9 милиони евра, го пропаднаа проектот вреден од над 2 милијарди евра за изградба на 3-те автопатски делници.

– Нема тендер за некоја капитална инвестиција криминалната власт на СДСМ и ДУИ да не го наместат и да украдат голем дел од парите на граѓаните. Научени се само да крадат, никако нешто да изградат. Пропаѓаат пари од европски фондови, патиштата кои започнуваат да ги градат, не ги доградуваат. За ова сведочи автопатската делница Кичево – Охрид кои веќе 6 години тапка во место и еден километар асфалт немаат поставено, истакнуваат тие.

Оттаму посочуваат дека реконструкцијата на автопатот Петровец- Каталаново од само 5 километри веќе пола година е нефункционален и се вози во една лента, а нема ниту тронка надеж дека во догледно време ќе биде завршен, токму заради пропаднат тендер, пари добиени преку европските фондови.

– Ама за тоа експресно ги изградија патарините на автопатот Миладиновци-Штип. Најголема штета заради криминалот на власта на Ковачевски трпат фирмите, бизнисите но и граѓаните, а Ковачевски мува не го лази. За целиот грабеж и за секој криминал ќе има одговорност. За многу брзо тендер владата на Ковачевски ќе замине во историјата како најнеуспешна влада, стои во соопштението.

Неодоливо: Слатко момче објаснува зошто најмногу од се сака да јаде пченка (Видео)

Видео во кое едно симпатично момче објаснува зошто сака пченка стана хит на социјалните мрежи.

Водителот Џулијан Шапиро-Барнум интервјуира момче на кое му недостасува предниот заб, но може да џвака пченка без никакви проблеми, па ги сподели своите размислувања за оваа храна.

„Многу сакам пченка. Од кога ми кажаа дека постои пченка, таа ми е омилена. Кога ја пробав со путер, сè се смени! Обожавам пченка!”, вели момчето.

„Секој треба да се обиде да јаде пченка, иако не секој може да ја сака толку многу како мене.“

Видеото досега е прегледано 12 милиони пати на „Тик-ток“.

„Ова момче е толку паметно“, „Преслатко“, „Опседнато сум со ова видео“, „Го сакам“, „Каков крал“, „Зошто децата се толку смешни?“, „Ова дете е икона“, се само дел од коментарите под видеото.