(Фото) БК “АС” Прилеп со 3 од 3 победи во третото коло од Младинската бокс лига, цврсто го држи првото место на табелата

Боксерскиот клуб “АC” од Прилеп се зацврсти на водечкото место во Младинската бокс лига, откако во третото коло прилепчани забележаа 3 од 3 победи.

Третото коло од младинска и прва лига во бокс на Македонија што се одржа на 25.09.2022 во Арена “Борис Трајковски” во Скопје.

-БК “АС” ПРИЛЕП учествуваше на третото коло од младинска и прва лига во бокс на Македонија со осум пријавени боксери, од кои борби имаа само три боксери. Од три борби освоивме три победи. Го зацврстивме првото место во младинската лига во бокс на Македонија.

Следи државното првенство во бокс на Македонија на 08 и 09 октомври во Скопје. Пријавивме 10 боксери и очекуваме добри резултати .

Втората половина на октомври ќе го организираме четвртото коло во бокс во Прилеп.

Оваа година напорно работиме да го освоиме првото место на младинската бокс лига и да освоиме златни медали на државното првенство. Нашиот тим е задоволен од работата на нашите боксери со макотрпните тренинзи и се надеваме оваа година Прилеп да биде прогласен за боксерски град – истакна тренерот на БК “АС” Прилеп, Дарко Чатлески.

Боксерите кои издвоија победи се: Марко Петрески победи со 3:0, Демир Демиров победи со 3:0 и Емануел Абдуловски победи со ТКО 2 рунда

Боксерите кои беа без борба и испаднаа со ждрепка: Теодор Тошески, Максим Стојановски, Стефан Иваноски, Николче Соколоски и Матеј Чатлески

Тренери и секунданти во ќошот беа: Дарко Чатлески и Игор Поцев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.