дома блог страница 1456

АРМ денеска слави 30 години постоење

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи централната свеченост по повод Денот на Армијата на Република Северна Македонија, која оваа година одбележува 30 години од формирањето.

По повод Денот на Армијата обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На свеченоста претседателот Пендаровски ќе додели одликувања и ќе бидат соопштени Укази за произведување во генералски чин.

Министерката Петровска на командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт ќе му врачи признание за досегашната поддршка и соработка.

Јубилејната свеченост ќе се реализира со свечено дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на Армијата, а ќе бидат претставени и штотуку добиените лесни оклопни возила и други современи средства со кои располага Армијата.

21 век и уште вака: Оштетен кpcт од цpква во крушевско Пресил, Албанците на пpoтecт, еден вели “кpв ќе се пpoлee” (Видео)

Оштетен e крст во дворот во црква во селото Пресил близу Крушево.

Во СВР Битола, Б.Б.(61) од Битола вчера во 10.50 часот, пријавил дека ноќта на 15/16 август е оштетен крстот во дворот на црквата „Св. Ѓорѓија” во Пресил – пишува во полицискиот билтен со дневни настани на МВР.

Жителите на населеното место Пресил, крушевско протестираа против поставувањето на крстот висок 30 метри во нивното село. Велат дека е провокација, бидејќи, како што додаваат, сите жители во селото се од исламска вероисповед, пренесува ТВ 21.

На социјалните мрежи се појави и видео од протестот на селаните. Дел од нив се смеат, а пред нив стојат полициски службеници, а еден од селаните вели “крв ќе се пролее”…

Maма е поголем херој од мене: Фудбалер од Хрватска ја жpтвyваше кариерата за да и’ дониpa дел од црниот дроб на својата мајка

Напаѓачот на хрватскиот клуб Цибалија, Роберт Периќ-Комшиќ, повторно се врати на тренинзите со соиграчите, откако пред неколку месеци ги спакува куферите и замина за Истанбул, каде го чекаше животна утакмица – операција на црниот дроб на неговата тешко болна мајка Љиљана, на која Роберт и донираше дел од својот орган.

За младиот фудбалер деновиве се пишува со воодушевување во медиумите вели:

“Фала му на Бога се’ помина ОК. И операцијата и опоравувањето. Двајцата сме добро, ја сум целосно подготвен за враќање на терен, а мама после 13 години борба доби нов живот”, вели тој кој четири месеци после комплицираниот оперативен зафат вклучен е повторно во нормален тренажен процес.

Преку операцијата на младиот фудбалер му биле отстранети дури 70% од црниот дроб, а притоа воопшто немало гаранција дека ќе може да се врати на кариерата во професионалниот фудбал.

“Во тој момент воопшто не размислував, не размислував дали воопшто ќе можам да играм фудбал било кога. Имав јасна мисла, а тоа е мама да биде добро. Се’ останато беше споредно”, вели тој.

“Мама е поголем херој од мене. Не дај Боже никому да му се случи она што таа го преживеа во последниве 13 години. Имаше три неуспешни трансплатации на црниот дроб од мртов донор. Пропадна идејата донор да и’ биде нејзиниот брат Ведран, чиј црн дроб беше замастен. Ризикот беше огромен, а на мама времето и’ изминуваше. Беше животно загрозена. Во моментот кога дознав дека сите опции се исцрпени, се спакував и заминав за Истанбул”, додава на крајот младиот хрватски фудбалер.

Пишале други изведувачи, а го планирале Аца Лукас? Крива Паланка остана без пари за фестивал – еве што се случило

Популарниот фолкер Аца Лукас доаѓа во Крива Паланка на 28-ми август и ќе има концерт во склоп на фестивалот „Џој фест 2022“, беше најавено во медиумите и на социјалните мрежи.

Но, сепак, тоа нема да се случи бидејќи Крива Паланка остана без пари за овој фестивал. На министерството, не му се допадна изборот за Аца Лукас да биде изведувач бидејќи тоа не било пријавено од општината.

Буџетските средства наменети за Здружението за културни и уметнички дејности „Џој Фест“ од Крива Паланка, ќе бидат стопирани, бидејќи во апликацијата до Министерството за култура беа наведени други изведувачи, а не познат турбо-фолк пејач од Србија, соопшти Министерството.

-Организаторите на фестивалот годинава добија 153.000 денари од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Но, поради непочитување на критериумите и вметнување на турбо-фолк пејач во програмата, тие нема да ги добијат овие средства, велат од Министерството за култура.

Оттаму велат дека кога Министерството за култура ги објави резултатите од Конкурсот во февруари годинава, појасни, дека предност имале проекти кои промовираат култура, посебно на домашните уметници.

Тие велат дека Министерството за култура поддржува проекти кои се во функција на развојот, афирмацијата и промоцијата на културата, а особено внимание е посветено на поддршка на проекти на млади, на проекти наменети за деца или за лица со посебни потреби.

-„Џој фест“ е во рамките на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2022″ која ја организираат Општина Крива Паланка, ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, во соработка со повеќе локални здруженија од областа на културата и уметноста, а е финансирана од Општина Крива Паланка, Министерство за култура на Република Македонија, како и останати поддржувачи, се вели во соопштението.

Цел колектив го расчистуваше училишниот двор: Невремето во Неготино направи пycтош (Фото)

Вработените во ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – Неготино заедно со ЈКП “Комуналец” – Неготино, денеска го расчистуваа дворот на училиштето после вчерашното страшно невреме кое го погоди овој град и предизвика огромни штети.

Од силниот ветер во училиштето беа паднати неколку дрва, кои предизвикаа штети во училишниот двор.

Директорката на ООУ Гоце Делчев, Елена Стојанова информира дека уште во текот на вчерашниот ден сите вработени од нејзина страна се повикани во училиштето и работат на расчистување на настанатите штети предизвикани од невремето.

Битола ли е, Меделин кapтел ли e: Во градот на конзулите запленета дpoга во вpeднocт од 800.000 евpa

На 16.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со тимови од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола, лишени од слобода се пет лица, а запленета е дрога во вкупна проценета вредност од околу 800.000 евра.

Имено, по добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, објавена во „Службен весник“ бр.121 од 03.06.2021, на предлог на Министерството за здравство, поради постапувања спротивни на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, кои биле констатирани при вонредна контрола извршена на 10.04.2021 од страна на Комисијата за оценување на исполнетост на условите за одгледување на канабис за медицински цели во содејство со МВР, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола.

При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска. Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, пронајдената дрога е спакувана во 67 вреќи во вкупна тежина од околу 250 килограми. Петте лица се приведени во полициска станица, а по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на наркотична дрога марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.

Јунајтед го пушти Роналдо да си оди: Која ќе биде следната дестинација за Португалецот?

Како што пренесува talkSPORT, повикувајќи се на извори блиски до клубот, Манчестер Јунајтед му дал дозвола на Кристијано Роналдо да си замине.

Португалецот имаше желба да го смени средниот ред за да игра во Лигата на шампионите.

Поради ова, тој ги пропушти практично сите подготовки и се приклучи на тимот само една недела пред почетокот на сезоната.

Во текот на целото лето се зборуваше за различни опции на кои размислува Кристијано Роналдо, се споменуваше и враќање во Шпанија и Спортинг, а пред само два дена се пишуваше дека е одбиен од двата милански клуба, Интер и Милан.

Незадоволството секако е големо во целиот тим на Манчестер Јунајтед, се навестуваше дека цел тим сака Роналдо да си замине, а како што пишуваа британските медиуми во вторникот, клубот конечно му дал дозвола да си замине.

Прашањето е само каде може да оди и дали евентуално ќе оди.

120 години од раѓањето на Методија Андонов – Ченто

На 17 август 1902 во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ.

Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија.

Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години.

Умрел во Прилеп, на 24 јули 1957 година. Долги години по смртта, Методија Андонов-Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети.

Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов-Ченто е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година.

На 22 октомври 2010 година, претседателот на Република Македонија посмртно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“ орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.

Укpaдено бебе во Скопје: Мајка му го оставила пред маркет, друга жена го одземала

Денеска (16.08.2022) полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје.

Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител.

Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров.

Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.

Maлер на колото: Атлетик Билбао му „зеде“ добивка од 4 милиони денари (Фото)

Обложувач од Пирок, Општина Боговиње својата среќа ја побара во составување на тикет со 17 парови фудбалски натпревари кој пред десет дена го уплати во обложувалницата Евротип, и беше во игра за добивка се до вчерашниот ден. Тикетот беше одигран со Евротип Клуб Картичка што ја направи неговата потенцијална добивка за 4 милиони денари поради ЕвроБонусот.

Овај тикет можеше да биде еден од оние кои носат огромна добивка и шанса за голема среќа. Меѓутоа на патот до таа среќа и добивка застана шпанскиот Атлетик Билбао (особено голманот Рајковиќ) кој не успеа да слави победа на домашен терен против Мајорка, и со тоа одиграниот „кец“ остана единствениот промашен тип на тикетот.

На нашиот играч од Пирок му посакуваме да продолжи со составувавање на вакви тикети и во иднина, кои сигурно во еден момент ќе му ја донесат посакуваната добивка.