дома блог страница 1455

(Фото) Кузманоски пречекан како икона во романски Одорхеи – Таму сега се врати како тренер на РК Скопје

Екс македонскиот репрезентативец и интернационалец, прилепчанецот Горан Кузманоски-Таста, по 4 години се врати во романскиот клуб Одорхеи, каде помина 7 години од својата б богата ракометна кариера. Овој пат Таста беше гостин заедно со клубот кој го предводи РК Скопје, а целта беше да се одигра пријателски натпревар на повторната промоција на Одорхеи во Супер лига.

Кузманоски за романскиот клуб потпиша во 2010. Клубот во тоа време беше спонзориран од сенаторот во романскиот парламент Верестој Атила. Одорхеи е место во Трансилванија каде 90% од населението се Унгарци и зборуваат унгарски јазик.

“Градот живееше за ракомет, без разлика дали беше првенствена утакмица, европски куп или пријателска средба, салата беше преполна. Картите беа продадени уште пред почетокот на сезоната. Секоја година Одорхеи играше во Европските купови, а во романското првенство за тие години додека бев, завршивме на второто и третото место. 2015 година ќе биде запомнета по првата европска титула – го освоивме Челинџ Купот, а јас како капитен имав можност да го кренам пехарот”, се потсетува Таста.

Во 2018 година главниот финансиер на клубот починал, па клубот се растурил, а сите играчи биле слободни да си заминат. Сепак, после една година општината оформила клуб со истото име и се натпреварувале во Втора лига. Минатата сезона беше среќма, па Одорхеи после 4 години повторно се врати во Супер лигата.

“После 4 години беше феноменално чувството да се вратиш повторно во град каде што си ги поминал најубавите години како играч. Луѓето, публиката, новиот клуб, ни направија голем пречек и бев изненаден и не очекував такво нешто. На 19 и 20 август РК Скопје е поканет и на CUPA POLI, каде ќе одигра натпревари со Темишвар, Металопластика и Турда”, вели Кузманоски.

Десет фирми на турски инвеститори ќе инвестираат во Индустриската зона во Новаци (Фото)

Десет турски инвеститори од Адапазари, Сакариа, Република Турција регистрираја фирми со седиште во Општина Новаци со цел да купат земјиште во Индустриската зона во Новаци на кое ќе изградат фабрики и ќе започнат свои бизниси.

„ Денес во Општина Новаци имаме гости од Адапазари, Сакариа, Република Турција кои се заинтересирани да ги вложат своите пари во нашата општина во индустриската зона која започнавме да ја градиме. На денешниот состанок ги информиравме и им одговоривме на сите прашања кои ги имаа во врска со сообраќајната поврзанот на нашата општина со останатиот дел од државата, поврзаноста и граничните премини со соседните земји, близината до автопат, аеродром, состојбата со стручниот кадар со кој располага пазарот на трудот во овој момент, цената на струјата ,висината на просечната и минималната плата, можноста за користење на субвенции за странски инвеститори и сл.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Индустриската зона Новаци е во завршна фаза со проектната документација. Потоа ќе следи фазата кога ќе започне да се продава земјиштето во зоната на заинтересираните инвеститори.

„ Многу мие мило што сум денес во Новаци и претставници од нашата стопанска комора САСАИД во која вие бевте гости во месец март, веќе започнаа со отворање фирми со цел да инвестираат во Индустриската зона Општина Новаци.“ рече Умут Карајака, претседател на Стопанската Комора САСАИД, Адапазари, Сакариа, Р.Турција.

Градоначалникот Стевановски ги информираше турските инвеститори дека на следната седница на Советот на Општина Новаци ќе се направи ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2022 година и ќе се измени Планот за Јавни набавки со цел да може до крајот на годината да се објави тендер и да се започне со изградба на еден крак од патната инфрастурктура во индустриската зона во Новаци.

Денешните турски инвеститори имаат успешни фирми со долгогодишни традиции во Турција од сферата на производство на машини за обработка на млеко имлечни производи, производство на алуминиум, челик и прозорци, синџир на супермаркети и хотели, градежни компании, хортикултурно уредување, производство напластична амбалажа за пакување на месо, производство на памперси, влошки и други санитарни производи, компанија за изработка на накит, капи, чанти и сл.

Делегација на Општина Новаци предводена од градоначалникот Стевановски во месец март беше во посета на неколку стопански комори во Адапазари, Сакариа, Турција со цел претставување на зоната, можностите за инвестирање и привлекување на странски инвеститори. Само неколку месеци потоа од таа посета веќе има конкретни резултати со регистрирање на турски фирми во Новаци кои по создавањето на соодветните преуслови ќе започнат да градат и свои фабрики.

Поразите во првите две кола го вклучија алармот во Победа: Денеска потпишаа двајца Нигеријци

После поразите во првите две кола од Првата фудбалска лига, Победа доведе две нови засилувања во своите редови.

Првото име е 22-годишниот Нигериец Амос Губам Дадет, кој во редовите на црвено-белите од Прилеп пристигнува од словенечки Кршко. Дадет е играч од средината на теренот каде се очекува да донесе сигурност и брзина.

Вториот е исто така од Нигерија, а ќе настапува на позициите во нападот. Амасихоху Џејмс Акугбе има исто така 22 години, а во минатото настапувал за белгиските клубови Остенде и УРСЛ.

(Видео) Премиерката на Финска снимена на луда забава: Опозицијата бара да се направи дpoга-тест

Видеа објавени на социјалните мрежи, ја прикажуваат финската премиерка Сана Марин како се забавува со неколку познати фински личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и ТВ водителката Тини Викстром.

На видеото Марин танцува во занес со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат за kokaин, пренесуваат финските медиуми.

Финскиот пратеник Мико Керна, коалициски партнер на партијата на Сан Марин, ја повика премиерката да направи тест за дрога и да ги објави резултатите јавно.

„Народот може да го очекува ова од својот премиер“, напиша тој на Твитер.

На прес-конференција во четвртокот наутро, Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“, објави Политико.

Цените на гopивата повторно се зголемуваат: Овие цени ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 15.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179%, кај дизелот зголемување во просек за 3,807%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Од 19.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,111 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторната комисија.

Не стана градоначалник, ама ќе биде прв финансиски полицаец – Нов висок функционер од прилепско?

Аднан Џаферовски најверојатно ќе биде предлогот на СДСМ до Владата, за в.д. директор на Управата за финансиска полиција, дознава „А1он“.

Во внатрепартиските калкулации кој да го наследи Арафат Мауреми, откако тој и јавно обзнани дека се повлекува од функцијата, Џаферовски ја добил поддршката од сопартијците.

Џаферовски беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, а специјализирал бизнис и менаџмент. Тој беше член и на Извршниот одбор на СДСМ.

Џафероски беше и кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Долнени на локалните избори минатата година, кога беше поразен во вториот круг од кандидатот на ДУИ.

Прилепчанец фатен на дело како огpaбyва автомобил

Денеска (18.08.2022) во 04.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Прилеп од полициски службеници е лишен од слобода Е.Ќ.(36) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „кражба“ од патничко возило, со прилепски регистарски ознаки.

Е.Ќ. бил приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Плаќајте си вие редовно сметки: Годишно во Скопје се кpaде cтpyja во вpeднocт од 50 милиони евpa

Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион. Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи, пишува порталот МКД.мк.

И досега беа објавувани стотина новинарски приказни како контролорите на ЕВН едноставно немаат пристап до струјомерите од поедини домаќинства кои со години не платиле сметка за струја. Пишувавме и тоа дека често доаѓа и до физички пресметки. ЕВН како компанија со години се обидува да го унапреди системот за ефикасна наплата на сметките за струја, од 2014 година досега инвестираше десетици милиони евра во зајакнување на електричната дистрибутивна мрежа само кон Арачиново…

Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаницата број 6 со број 381145 поради кражба на струја бележи загуба од над 56%. Трафостаницата број 1 со број 380396 поради кражба на струја бележи загуба од над 65%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Бpeмените жени и лицата над 60 години ослободени од работа: Македонија денеска во пopтокалова фаза

Поради топлотен бран во земјава денеска и утре бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а се препорачува и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

Овие препораки беа донесени на вчерашната седница на Владата откако УХМР ги информираше институциите дека денеска и утре територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза. Температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени.

Владата ги донесе следните препораки:

-Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот, се наведува во соопштението.

Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките.

Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, се наведува во сопштението од Владата. е

Под влијание на топол бран денеска и утре температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени.

Како што соопшти УХМР, за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите значително ќе се намалат.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 24 степени, а максималните од 28 до 42 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Тhe Hounds со маестрален концерт го промовираа својот втор албум и славеја 14-ти роденден (Фото/Видео)

Со маестрален концерт синоќа во Bross Burger, прилепскиот рок бенд The Hounds синоќа прослави 14 години постоење и го промовираше својот втор албум со авторска музика насловен како The Hounds – Самосвест.

Гостите по којзнае кој пат уживаа во рок изведба каква само The Hounds можат да пружат.

На дечките им го честитаме 14-от роденден и им посакуваме уште долги години да функционираат заедно и секогаш лудо да не’ забавуваат.

Во продолжение само мал дел од атмосферата: