Верица Папакоча Каракулева од Прилеп, млада мајка чие чедо починало, како што вели од негрижа и нестручност на лекари, преку Фејсубк статус раскажа за трогателната голгота низ која поминале таа и нејзиното семејство, борејќи се за животот за своето најмило.
Portrait an unknown male doctor holding a stethoscope behind
Нејзиниот фејсбук статус во целост го пренесуваме во продолжение:
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО.
Сите кои ми се блиски знаат дека Николија беше медицински комплексно дете и беше потребно на неа да се обрне повеќе внимание од секој аспект. После 2 недели од нејзиното раѓање бевме испратени во Клиниката за Детски Болести во Скопје за доиследување на нејзината состојба, каде што се откри дека таа има вродена срцева маана, вентрикуларен септален дефект и атриален септален дефект, за кои ми беше кажано дека е потребна операција. Поради целокупната состојба на моето дете потребни беа повеќе испитувања за да се утврди дека таа нема друг проблем. Во таа една недела додека лежевме во болница беше направено ехо на абдомен, ехо на централен нервен систем и рентген на уринарните делови, како и ехото на срце кое ја потврди срцевата маана.
Забележав дека после цели 2 недели од нејзиното раѓање, таа сеуште исфрлаше мекониум. Мекониум е првата столица на бебињата, која се исфрла во првите 24 часа од раѓањето на бебето. Кога прашав ми беше даден одговор дека можеби во болницата во Прилеп не ја хранеле доволно или имала проблеми со пиењето млеко па затоа сеуште не го имала исфрлено. Наредниот ден таа доби нормална столица, но со многу не дигестирани парченца млеко, што е нормално да го има во мала количина,но не толку колку што имаше кај неа, за кое исто ми беше кажано дека е нормално.
Кога се правеше ехото на абдомен, докторката забележа нешто и го праша докторот кој седеше до неа, цитирам:
“Докторе што е ова?” На што тој и одговори “Фекалии се тоа, ќе пројде,ќе го искака нормално е”.
Исто така во неколку наврати, таа поврати во млаз, што не е рефлукс и не е нешто што би требало да се занемари,а и за тоа беа известени и сестра беше викната кога нагло поврати.
Бевме испуштени дома со сите уредни наоди,во отпусното писмо пишуваше да се преземат мерки за рефлукс, но нејзиното обилно повраќање продолжуваше.
По 1 недела бевме хоспитализирани во детската болницата за респираторни болести Козле поради Ковид 19, каде што беше измерена и ми беше кажано дека не напредува во тежина,после третиот ден во столицата на Николија имаше крв и слуз.
Направија само тестови копрокултура и тест за алергија на кравји протеин зошто ја дохранував со АД формула (тестови што не се секогаш точни, точен тест за алергија кај бебе се прави после наполнети 9 месеци до година) кои покажаа мало покачување и беше дијагностицирана алергија на кравји протеин, ми беше кажано да го сменам млекото со хидролизирано млеко, но нејзините столици сеуште беа исти и сеуште имаше обилно повраќање, планираа да бидеме пуштени бидејќи лекувањето за Ковид заврши, но во меѓувреме таа доби уринарна бактерија и поради идиотскиот однос на докторките и сестрите во болницата решив да се потпишам и да си одам и терапијата за бактерија да ја прими во Прилеп.
Од како дојдовме, ги сменив сите млека кои постојат од хидролизати, со надеж дека ќе се среди, но таа сеуште не напредуваше во тежина и сеуште имаше исти столици. Постојано имав мисла дека не е само алергија и во последните 7 месеци постојано бев во Скопје на Детска Клиника каде што им кажував за состојбата но беа правени само амбулантски прегледи и не бевме хоспитализирани ниту еднаш, ниту па се имаше направено некое подетално испитување, во извештаите пишува да се направи ревизија на млекото во Плодност,ЗАМИСЛЕТЕ ВО ПЛОДНОСТ КОЈА Е ПРИВАТНА БОЛНИЦА, а мене државното здравство ми е бесплатно за детето до 1 година, во болницата во Прилеп каде што кога и да отидев коментарите беа “А сега зошто ја донесе” , “Ти постојано идиш ние на детево незнајме шо да му прајме”, “Зошто не го однесиш детето во Скопје”, поради тоа што не сакаше воопшто да пие млеко морав да и ја држам устата отворена и да и давам со сила со шприц додека плачеше на цел глас и и се појавуваа дамки на лицето од држењето, од преголем притисок на очите од плачење и се појавија црвени подкожни изливања,барав да се намести нозогастрична сонда за да не се мачи-не наместија,не сакаа, а додека лежевме кај нив постојано ја слушаа како пишти на цел глас и ме гледаа мене како со сите сили пробував да ја нахранам, во Плодност, каде што исто беше направен уште еден алерго тест и крвна слика, каде што докторката кажа дека на ехото не ја гледа храната во нејзиното дебело црево и дека е отечено, каде што исто добив одговор дека млекото е проблем.
Го сменивме со млеко кое едвај се најдува, е пре скапо и не содржи воопшто кравји протеини, симптомите пак беа исти. На докторката која нема да ја именувам и пишав пак на вибер за состојбата и и се јавив на телефон но таа престана да ми крева и да ми одговара на пораките, а предходно ми одговараше.
Прегледите за срце се одвиваа во клиничката болница Аџибадем Систина, каде што и се направи операцијата и беше успешна. Додека одевме на прегледи таму, побарав да се видам со гастроентерохепатолог кој ја прегледа во ургентен центар, но бидејќи немавме закажано преглед подетални испитувања не беа направени,ни даде само совет за исхрана. Одкако едвај ја добив докторката од Плодност на телефон, ми кажа дека тоа било нормално и дека на цревата им било потребно време да се опорават и заради тоа сеуште симптомите се исти, но мене сеуште ме загрижуваше нејзиното не напредување во тежина, напредуваше по 150-200 грама месечно. Прашував, викаа од срцето не напредувала и да ја носам повторно на прегледи.
Пред операцијата на срце повторно побарав да закажам преглед во систина кај гастроентерохепатолог но, докторката беше на одмор.
Операцијата на срце помина успешно, но докторите на интензивна нега во Систина го приметија проблемот со стомакот и постојано бараа одговор. Се најде, но прекасно по заслуга на нашето македонско здравство. Нејзината состојба после операцијата на срце беше постојано во промена. Доби сепса, се лекуваше, па уште една бактерија и на крај се случи застој во цревата. Стомакот и беше огромен,се сомневаа на Некротизирачки Ентероколитис кој е многу сериозна и живото загрозувачка состојба.
Јас ги презирав докторите во Систина,мислејќи дека бактериските инфекции доаѓаат од кај нив,барав детето да се префрли на клиника за да се спаси зошто мислев дека на одделот имаат епидемија на бактерии и и пишував на директорката од клиника кудејќи ги нив,мислејќи дека ќе ми го умрат детето и дека сето ова доаѓа поради тоа што таму не водат доволно хигиенска грижа за пациентите. После направени подетални испитувања се откри дека не се работи за тоа ,туку за Хиршспрунгова болест, и тука сфатив дека Клиника се криви.
Тоа е НАЈТЕШКАТА ВРОДЕНА МААНА НА ЦРЕВА, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето КОЈА ТРЕБАШЕ И МОЖЕШЕ ДА СЕ ОТКРИЕ УШТЕ ПРВИОТ ПАТ КОГА ЛЕЖЕВМЕ НА ДЕТСКА КЛИНИКА, ТОА БЕШЕ НИВНА ЗАДАЧА ДА СЕ ДОИСЛЕДИ СОСТОЈБАТА А БЕВ ДОМА ИСПУШТЕНА СО УРЕДНА ОТПУСНА ЛИСТА. Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта,тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму.
Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај. СО СВОИ РАЦЕ ДЕТЕТО СИ ГО СТАВИВ ВО КОВЧЕГ И ГО ПОГРЕБАВ. НА ДЕНОТ НА СМРТТА НА МОЕТО ДЕТЕ ми пиша директорката на Детска Клиника, не дозволувала клевети и лаги.
КАКВИ ЛАГИ??? СИТЕ ИЗВЕШТАИ ГИ ЧУВАМ ГОСПОЃО, НА СИТЕ НИВ ПИШУВА ДЕКА ДЕТЕТО КАКА КРВ И СЛУЗ И ДА СЕ ПРАВАТ КОПРОКУЛТУРИ И УРИНОКУЛТУРИ. ПРАШАЈ СИ ГИ ВРАБОТЕНИТЕ КОЛКУ ГИ МОЛЕВ ДА МЕ ХОСПИТАЛИЗИРААТ НА ГАСТРО!! Сето ова почна да дава поголеми симптоми сега поради тоа што имунитетот на децата е многу слаб после операција на срце, или било која друга операција. Дотичната ми пиша дека не сум била на преглед од кога детето ми имало 4-5 месеци.Јас и еднаш да сум била задачата на твоите вработени е да најдат,да откријат и да го решат проблемот.
Ти со ова сакаш да ми кажиш дека јас доволно грижа не сум водела за моето дете? Не,јас направив се за неа и затоа мирна ми е душата кога ќе си легнам навечер иако ме боли,а ти како спиеш??? ЕВЕ ТИ ГО ОДГОВОРОТ. ПОСЛЕ ПОСТОЈАНОТО ШЕТАЊЕ ПО БОЛНИЦИ БЕВМЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ВО ПРИЛЕП ПАК ЗА БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА,ПРЕД ДА ОДАМ КАЈ НИВ ЗА ПРИЕМ,ДОЈДОВ ПАК НА ДЕТСКА КЛИНИКА ВО АМБУЛАНТА И ПАК МЕ ПРАТИЈА ДОМА СО ДЕТЕТО КОЕ ИМАШЕ ЦРП 62,ТРОМБОЦИТИ ВО ТАВАН И САМО 1 ЕРИТРОЦИТ,МИ РЕКОА “НИЕ И СО ЦРП 150 ДОМА ГИ ИСПУШТАМЕ,НЕ БЕРИ ГАЈЛЕ”! ОД ПРИЛЕП ИСТО СЕ ЈАВИЈА ВО СКОПЈЕ КАЈ ВАС И ПОБАРАА ДА БИДЕМЕ ТРАНСПОРТИРАНИ ПОРАДИ СТОЛИЦИТЕ,НЕ НАПРЕДУВАЊЕТО ВО ТЕЖИНА И ОГРОМНИОТ СТОМАК, ТИЕ НЕ ПРИФАТИЈА И ИМ РЕКОА ДА СЕ НАПРАВИ ЕХО ВО ПРИЛЕП,КАДЕ ШТО ТАА ИМАШЕ МАЛ НАПРЕДОК, НАЈВЕРОЈАТНО ЗАРАДИ АНТИБИОТИЦИТЕ ШТО ГИ ПРИМАШЕ. ПО КРАТКО ВРЕМЕ ОД ИСПУШТАЊЕТО ОД БОЛНИЦА НИ СЕ ЈАВИЈА ДА ОДИМЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕ, ТАА ТОГАШ ИМАШЕ 5ИПОЛ МЕСЕЦИ.6тиот и 7миот месец ги помина во болница,поради операциите и компликации,ете затоа немав дојдено. И покрај примени 5 ампули имуноглобулин кој е најскап лек на пазарот таа повторно немаше антитела за да се бори. ДЕТЕТО МИ УМРЕ ПОРАДИ ТРУЛИОТ СИСТЕМ И ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ЗДРАВСТВО. ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ДОКТОРИ И ДИПЛОМИТЕ ГИ ЗЕМААТ СО МИТО И ПОЧАСТЕНА ВЕЧЕРА. АКО НЕМА СУД И ЗДРАВСТВО, ЕДНО ЗНАМ ДЕКА ИМА. ИМА ГОСПОД И ТОЈ ЌЕ ВИ СУДИ. СЕКОЈ КРИК НА РОДИТЕЛ И ДЕТСКИ ПЛАЧ ЌЕ ВИ SВОНИ ВО УШИТЕ И ЌЕ ВЕ МАЧИ ДО ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ!
Непознати сторители ја оштетиле внатрешноста на црква во долнореканското село Требиште и имало обид да се предизвика пожар во објектот, информираат од полицијата.
Според СВР Тетово, вчера утрото околу 9 часот, Н.Р. (60) од Скопје пријавил дека со употреба на сила било влезено во црквата „Свети Ахилиј Ларински“. Тој забележал дека се причинети повеќе оштетувања, а имало обид да се предизвика пожар во внатрешноста на објектот.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
“2001 – На 21 август во 03:40 часот по полноќ е минирана и уништена до темел црквата Свети Атанасиј во Лешочкиот манастир, Тетовско”, потсетија од ЛЕНКА, од каде објавија фотографии од минираната црква.
“Ова воено злосторство се случува по една недела од потпишувањето на т.н. мировен Охридски рамковен договор.
Злосторство врз културното наследство еднакво на ИСИС.”, додаваат од ЛЕНКА.
Манастирска црква во Лешок беше минирана и целосно уништена на 21 август 2001 година од страна на албанските терористички структури на ОНА. Со ова уривање на манастирската црква уште еднаш се потврдило дека историјата на селото Лешок се повторува.
Црквата била разрушена до темел со минирање. Останат бил само нартексот од западниот дел и скоро целиот западен ѕид од наосот. Двете куполи на нартексот биле останати, при што на јужната купола биле видливи конструктивни пукнатини.
Од експлозијата било се уништено, освен неколку фрески н кои што останале на неурнатите ѕидови. Но црквата „Св. Атанасиј“ била реконструирана со истиот камен што бил користен во нејзината првична изградба. Камењата биле сочувани и нумерирани со помош на македонскиот Институт за заштита на културното наследство, кој направил детална студија за проектот.
Неговото преосветување е извршено во 2007 година, кога Македонската православна црква прославуваше 40 години од својата автокефалност.
ЛИНК од објавата на Фејсбук.
Денеска црквата е целосно возобновена и повторно зрачи со убавина.
Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и град, и денеска го погоди Прилеп и прилепскиот регион.
За половина час во градското подрачје наврна толку многу дожд што предизвика поплави по улиците. Сообраќајот низ градските булевари се одвива отежнато, а граѓаните сведочат дека има заглавени возила на некои места.
Од УХМР најавуваат врнежите да продолжат и во текот на ноќта, но и во наредните денови. Стабилизирање на времето се очекува од четврток.
Баравте место каде да си поминете убаво, да уживате во вкусна храна, одличен амбиент, но и во одлична музичка понуда? Епа сега конечно има каде!
Ресторан “Кавали” го нуди токму тоа, а кој бил знае и ќе ви потврди дека за прв пат во Прилеп на едно место го има сето ова.
Ресторанот се наоѓа веднаш до фурната “Плетварец” и изминатиот период прави растур во Прилеп за добар помин во викендите.
Така беше и овој викенд кога гостите имаа можност да уживаат во одлична музичка понуда.
На менито ги има сите посни и мрсни специјалитети, а скрата им е нешто совршено. Кујната си ја знае работата како никаде на друго место, се со цел да се задоволат апетитите на сите гости и повторно да им се вратат за скоро време.
Ресторанот “Кавали” ја има една од најубавите летни тераси во Прилеп, а наскоро ќе добие и паркинг простор за 30 возила.
Цените се прифатливи за сечиј џеб, а тоа ќе го забележите во мени понудата на ресторанот.
Младиот сопственик има за цел да понуди нешто поразлично и нешто примамливо, пред се за младите во градот под Марковите Кули. Се очекуваат настапи на голем број музички имиња за кои дополнително ќе ве информираме.
Покрај богатата музичка понуда за викендите, ресторан “Кавали” ви нуди можност за организирање на разни семејни и деловни свечености (свадби, крштевки, родендени, деловни средби…), со мени по ваша желба и повторно по најниски цени во градот.
Не чекајте! Резервирајте навреме на телефонскиот број: 075/308-054 и поминете една прекрасна вечер со вашето семејство, или вашите најблиски.
Уживајте во гурмански приготвените деликатеси, пружете си мал одмор од секојдневните обврски, во еден одличен гурмански амбиент и секако, пренесете го искуството на вашите најблиски.